Ги бројам годините
Ги бројам годиниве
и сваќам дека времето за живеење се скратува.
Некако се чувствувам ккао детенце кое ја изело првата половина од чоколадото, со уживање
Но сега сваќа дека останува уште пола,
па почнува уште повеќе да ужива во остатокот на благото.
Искрено, повеќе немам време за бескрајни муабети
каде што за времето, храната или моралот
се зборува со саати,
а при тоа суштински ништо не кажува.
Немам време за личности на кои времето им застанало
и кои и покрај својата возраст сè уште не пораснале,
ниту сакаат да пораснат.
Времето ми е прекратко и преслатко
Ја сакам суштината, длабочината, искреноста
душата ми брза
како да знае дека веќе немам толку многу чоколатца во пакувањето.
Сакам да живеам покрај Вас добри луѓе, полни со човечност,
со вредности и добрина,
луѓе кои знаат да се смеат на своите грешки
и кои ги превземаат своите одговорности
и плус не се “дујат” како пауни за своите материјални победи.
Човечкото достоинство се брани со вистина и чесност,
И тоа е она што го прави животот вреден за живеење.
Сакам да се опкружам со вас добри луѓе, Вие кои знаете да допирате срца,
Кои животот Ви нанел тешки удари
и пак ја имате задржано нежноста во вашата душа.
Да, брзам, стално ми велат брзам, но сакам
да живеам исполнето, инспирирано и мудро.
И искрено, немам намера да фрлам ништо од остатокот од чоколатцата.
Бидејќи знам дека секое едно е вкусно и слатко,
Дури послатко од она што сум јадела до сега.
Целта ми е да стасам на крајот задоволна,
во мир со себе, моите најблиски,
и мојата совест.
Имаме два животи
вториот започнува кога сфаќаме дека имаме само еден.
па драги мои Ви посакувам да
започнете да го живеете Вашиот живот оваа 2023 година!
Нека добрината, љубезноста и мудроста
бидат дел до нашите комуникации и релации.
Среќна Нова 2023 година
Љубов и светлина
Биби Пешева ❤️
30.12.2022
п.с Се гледаме на Јануарските спиритуални разговори, работилници и медитации. Почнуваме на 8 Јануари онлајн. Се уште имаш време да се приклучиш во групата !