logo

За вистинскиот херој во Вас

“Колку повеќе старееш, толку поосамен стануваш и ти треба подлабока љубов” рекол учителот на Леонард Коен.

Kако што се движиме низ нашиот живот, почнуваме се повеќе и повеќе да се глорифицираме себе си и нашите лични животни приказни  и така започнуваме да се одалечуваме од длабоката значајна љубов.

Сигурно сте слушнале, нели: “Еeee….јас кога бев…”, ..”Во мое време..”, “Што ми се има случено на мене, на никој не се случило ..”, “ Што сé имам  јас поминато еехеее..” инт.

Овој така наречен херој во тебе, баш и не му било забавно во животот. Можеби бил понижен,  посрамуван, можеби поминал низ трауми или бруки… па, ако можеме да се откажеме од него, од  идентификацијата и глорификацијата со него, можеби ќе можеме да си го најдеме нашето вистинско место во овој универзум полн со добрина и љубов,  која е многу поголема и подлабока, од онаа што до сега сме ја познавале.

Знам дека говорниците, коучовите и сите мотивациски тренери велат дека за да станеш херој треба да се соочиш со своите стравови, да се трансформираш,  (и уз пат) да стекнеш и 25 илјади следбеници на Инстаграм 😊  Но, тоа не е патувањето на овој херој за кој јас ви зборувам.

Херојот или хероината за кој јас овде Ви зборувам може да го направи својот брак функционален. Оваа хероина може да изгради нова релација со своето тинајџерско дете.  Херојот ги одбива подароците кои ги добива како мито, тој/таа може да ја голтне гордоста и да каже: “Не знам – Се повекувам- Дај рака”, или “Подобар си од мене, браво!”.

По мене, ако сакате да станете херој во вашите животи не треба да го злоупотребувате своето срце за да добиете кратки задоволства или материјални победи.

Всушност херој е оној кој го победува оној дел до себе кој вели дека треба да биде  по-добар, по-успешен, по-веќе од она што е!  Треба да го победи гласот во себе кој суптилно на уво му шепка: Не си доболно добар по-труди се повеќе.. “Мора нешто да не е во ред со тебе, види  како на другиот му успева”.

За мене е херој оној кој може да го прекине баш тој аспект од животното патување и започне ново,  со ново пронајдено чувство дека не треба да се поистоветува со оној дел во себе кој треба да победи, треба да се подобри, треба да знае.

Бидејќи баш таму започнува вашата приказна на длабока љубов и духовен живот.

Прифатете го смирението во сè. Животот не е подготвен да ве извлече, ниту вашите борби се ваша вина. Секој пораз е само ангел, кој ве влече за ракав, и Ви кажува дека не мора постојано да ја удирате главата од ѕид.

Одврзете се од тој аспект, и оставете го таму да остане заробен во неговите осамени амбиции!

Продолжете да чекорите спокојни за да животот со својата љубов и пространост Ве прегрне со двете раце.

Љубов и светлина

Биби Пешева

 

Layer 1