Моментално празен: 0ден
Тековни проекти
Ментално здравје за млади
Проектот „HEALthyME“ – има за цел да го подобри менталното здравје и вештините за решавање проблеми и комуникација кај мултикултурните ученици и наставници во две основни училишта од општина Шуто Оризари и Кисела Вода. Очекуваниот исход од проектот е: зголемено разбирање и препознавање на насилството, подобрена мултикултурна комуникација, разбирање и искуство со Мајндфулнес практиките со цел зголемемување на отпорноста кај учениците. За Донаторот Mind & Life Institute е многу важна благосостојбата на младите, примена на контемплативните пристапи и зголемување на потенцијалот за лична и општествена трансформација преку промоција на менталното здравје.
Велнес обуки и тим билдинзи за компании
Сеопфатно подобрување на професионална благосостојба
Придобивките од градењето на добар тим се подобрена и зголемена комуникација, развој на вештини за планирање, мотивација и соработка меѓу вработените. Сеопфатниот – холистички пристап на нашите тренинзи дава подршка на вработените на патот до остварување на своите професионални и лични цели.
Други проекти
Идејата позади која стои проектот “Здрав Јас”
Проектот Здрав Јас! кој се реализираше во 2023 година на некој начин преставуваше мост меѓу децата, наставниците, училиштата и здравствените работници, на тема ментално здравје. Овој проект се фокусираше на градење капацитети на младите и наставниците со цел поддршка на менталната благосостојба на младите и на развивање на меѓусебна доверба при решавање на проблеми. “Здрав Јас” финансиски беше поддржан од Европска Унија и тоа преку проектот „Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, имплементиран од CPM Consulting International
Реализирани активности
Тим билдинг за вашата компанија
- 13.11.2024
- Com 0
Сите знаеме дека се е важно во животот, но од суштествена важност е да вработените усвојат вештини за воспоставување на…
Поддршка за Менталното Здравје на Децата: Вредноста на Почитта во ОУ Круме Кепески – Кисела Вода
- 16.10.2024
- Com 0
Во свет каде што децата се соочуваат со многу предизвици, учењето за почит и развојот на меѓусебното разбирање се клучни…
„HEALthyME – Ментално Благосостојба на Младите во Училиштата во Македонија“
- 03.10.2024
- Com 0
Проектот HEALthyME – Ментално Благосостојба на Младите во Училиштата во Македонија има за цел да го подобри менталното здравје на…