Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Поддршка за Менталното Здравје на Децата: Вредноста на Почитта во ОУ Круме Кепески – Кисела Вода

  • 16 Окт, 2024
  • Com 0

Во свет каде што децата се соочуваат со многу предизвици, учењето за почит и развојот на меѓусебното разбирање се клучни за нивното ментално здравје. Втората сесија од проектот HEALthyME, која ја реализиравме во ОУ Круме Кепески, беше фокусирана токму на оваа тема – вредноста на почитта.

Во почетокот на сесијата, им раскажавме на децата приказната за „Двајцата Волци,“ која носи силна порака за внатрешната борба што секој ја носи во себе. Приказната ги запозна децата со двата волка што живеат во секој од нас – едниот претставува негативни чувства како гнев и непочитување, додека другиот симболизира љубов, почит и добрина. Оваа метафора им помага да размислат за тоа како нивните постапки и мисли имаат директно влијание врз нивната добросостојба и врз луѓето околу нив. Поуката е јасна: волкот кого го храниме е оној што ќе победи во нашиот живот.

Како дел од оваа интерактивна сесија, децата учеа за моќта на свесното слушање. Тие работеа во парови, се фокусираа целосно на тоа што го зборува партнерот, без прекинување или планирање на својот одговор. Оваа вежба ги учи да бидат присутни во моментот, но и како да покажат почит преку вниманието кое го посветуваат на другите. Преку ова искуство, децата откриваат колку е важна добрата комуникација и како почитта може да го подобри нивното ментално здравје и да ги зближи со врсниците.

Се разбира, не поминавме без игри и многу забава! Децата споделуваа позитивни мисли и нивната креативност беше извонредна. Секој ученик, низ својот дневник, запиша моменти кога почувствувал почит или непочитување и размислуваше за тоа кој „волк“ го нахранил во тие ситуации. Оваа активност им помогна да ја разберат важноста на своите избори и како тие влијаат на нивните односи со другите.

Менталното здравје на децата е наш приоритет, и преку овие мајнфулнес практики и внимателно осмислени активности, работиме на нивната лична добросостојба и свесност. Заедно со наставничките во училиштето, одлучивме дека секоја следна сесија ќе биде со различна група деца, за што повеќе ученици да ја искусат оваа програма и да ги применат овие вредности во своето секојдневие.

Радоста на децата, нивниот интерес и желбата да учат нешто ново е најголемата потврда дека сме на вистинскиот пат. Мајнфулнес практиките им овозможуваат не само подобро да ги разберат своите мисли и емоции, туку и да научат да ги контролираат, со што го јакнат своето ментално здравје и ги градат вештините за мирна и конструктивна комуникација.

Се радуваме на новите теми кои ќе ги истражуваме заедно со нив и на можноста да продолжиме со овој значаен проект во поддршка на младите во нашето општество.

Овој проект е подржан од Mind & LIfe Institute

 

 

Споделете на:
Патување Кон Внатрешна Слобода: Јога Ретрит во Крушево
Тим билдинг за вашата компанија

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се