logo
logo logo logo
  • Јога и здравје
  • Активен одмор
  • Тим билдинг за компании
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • Кошничка
  • mk_MK
  • en_US

Нови вештини за здрав живот

Билјана Пешева

Основач

Таа е позната по својот уникатен личен и професионален пристап во водењето на своите програми и тоа повеќе од десет години, во земјата и странство.

Дознај повеќе за неа
benifits_img

СУНА Хелти Лајф - Скопје

На 1 март 2000 година група млади ентузијасти, кои веруваа во човековите вредности се обединија и формираа здужение кои ќе работи на будење на човечките и општествени вредности и потенцијали. Двесетина години покасно.....се уште постоиме и го правиме тоа!

Мисија

Да создадеме општество во кое ќе се разбудат позитивните човечки потенцијали кај учесниците на нашите програми и активности

Визија

Да го подобриме личниот и професионалниот живот на учесниците а преку тоа да влијаеме врз подобрување на состојбата во нашето општество

Активности

Едукативни семинари, обуки, тренинзи, ретрити, програми за личен раст и развој, курсеви за подобрување на психо-физичкото здравје, тим билдинзи и друго

Методологија

Користиме современи и древни методи и техники за подобрување на личната и професионална благосостојба

Пристап

Користиме системски интегриран (холистички) пристап во работата со индивидуалци и групи

Стратегија

Развој на вештини, компетенции и знаења кај индивидуалците и групите учесници

Што ги наоѓате нашите клиенти

Билјана има совршен спој на емпатија, тренерски вештини и автентичност. Ме водеше во тежок емотивен период и ми обезбеди безбеден простор за размислување и растење преку водени техники и разговори за медитација. Таа е автентична на начин што дава повратни информации и сознанија со кои можев да се поврзам и секоја сесија со Билјана ми оставаше чувство на леснотија, позитивна енергија и надеж.За краток временски период постигнав огромен напредок и решив едно многу важно поглавје во мојот емотивен живот, со нејзината поддршка. Ти благодарам Биби, за сета твоја поддршка и неизмерно сум благодарна што имав можност да те имам како мој тренер!“

client
Ива Т. 2022

Кога јазавршив втората едукација од тебе и кога првпат се видовме физички јас знам во двете групи имаше многу млади јас бев фасцинирана ..Тоа секогаш го доживувам кога ќе видам млад а разбуден човек .....јасно ми колку споредни улички ќе скрати од животот. А јас мислев дека си некоја професорка по психологија па затоа инспирираш толку млади хахаах . И во еден наврат кога спомена дека работиш во банка јас почнав да се смеам .Но имаш млад дух и младите го препознаваат тоа и многу ми е мило за секој разбуден и млад човек тоа е непроценливо. Те гушкам. Браво за сешто правиш🙏💙🕊

client
Верица О.

"На секој еден од нас кој егзистира во ова општество му треба еден ваков коучинг за да направи детокс на телото умот и душата и да го разбуди и смени својот мајндсет, за да може да вибрира на повисоко ниво на свесност. Во времево во кое живееме со повисока фрекфенција можеме да се заштитиме од пандемијата на страв. Така ќе можеме да живееме здраво и стабилно и да се оствариме себе си. Топло ја препорачувам прогрмата СВЕСНО ЗДРАВЈЕ заради сето тоа."

client
Зорица И.

“Можеш да се ослободиш од сомнежот во себе. Се освестуваш за себе и се што се случува околу тебе. Тоа ќе го постигнеш со редовната медитација која е една од придобивките на програмата СВЕСНО ЗДРАВЈЕ. Самата поврзаност и комуникација во групата ти ги отвара твоите видици и размислувања. На овој начин си верувш на самиот себе. Им веруваш и на сите битни и важни одлуки што ги донесуваш во животот.”

client
Гордана Т.К.

“Програмата СВЕСНО ЗДРАВЈЕ е одлична комбинација од теорија и пракса, е едноставна примената а длабока во ефект. Таа е како алатка за среќа и раст и развој што ќе му остане на секој учесник засекогаш.”

client
Ирена И.

„Ова што беше извенадување за мене во продрамата СВЕСНО ЗДРАВЈЕ е дека одредени личности во мојот живот имале многу поголемо влијание врз мене отколку што сум била свесна за тоа, и дека самата себе потсвесно се саботирам. Сватив дека и здравствените проблеми се резултат на саботажите кои си ги правам себеси.

client
Милица Т.

Работев со реконективен исцелувач од Хрватска и кога се консултиравме во врска со мене ми кажа дека треба да работам со некој што ги знае медитациите за оделување на Филис Кристал. Тој ме советуваше да работам со некој од Хрватска и додека се договарав за цена со луѓе кои работат во соседните земји Законот на привлечност преку ФБ ми ја донесе Билјана Пешева која веќе ја имаше подготвено цела програма со медитации по овој метод. Медитациите ги поминав одлично и многу ми помогнаа .Кога го поминав целиот циклус се почуствував препородена ослободена од невидливите врски од блиските личности и ослободена од некој страв што го имав во мене. Методот на Филис Кристал ми помогна да се ослободам од надворешните облици на контрола како што се доминантни личности, навики, зависности или било што е надвор од нас во што бараме сигурност. Слободата што ќе ја стекнеме ни овозможува да се препуштиме на внатрешниот извод на мудрост во нас самите. И полесно и похрабро да ги остваруваме самостојно целите во нашиот живот.

client
Зорица И.

Биби, постојано си иновативна и покрај тоа што три пати неделно сум присутна на часовите, никогаш не е исто, постојано, нова и нова енергија ми разбудуваш

client
Сузана П.

Значи ти Биби си извонредна личност Толку спокоен, мирен, а воедно и инспирирачки тон во твојот глас, ме прави да чекорам без да ја допирам земјата. Поради моите обврски, неможев да го ускладам терминот на почетокот на вчерашната програма и медитација. Но истата утрово ја направив и се изненадив колку сум напреднала со тебе Биби Дали некогаш некој направил медитација пешачејќи Биби?…. Јас тоа го направив утрово и се чувствувам инспиративно кон се што ми се случува. Медитација во одење низ патека прекриена со шаренило од есенски бои, чувствувајќи го секој чекор, секој здив, исполнета со многу смиреност на умот, некои посебни вибрации кои ме мотивираат и инспирираат со желба за уште повеќе успеси…. Плаштот ( кој беше како пончо) само што го ствив, беше многу тежок, црн, од некоја чоја која боцка, целиот во прашина, ми створи чувство на згрозување, тежина, болка и веднаш го пуштив да падне и го запалив…Само за миг, така движејќи се свесно, се разлетаа парчиња од пепел и исчезнаа…. Со новата свилена наметка во сите бои продолжувам да чекорам кон целосна ментална и емотивна благосостојба. Не, не е себичност кога се грижам за моето ментално и емотивно здравје. Тоа е огромен успех за кој ти благодарам тебе Биби Не барам идеали и не се споредувам со никого бидејќи тоа чувство ме прави роб, моите вредности ме прават слободна……… Учесник на "Ментален Детокс" Октомври 2021

client
Гордана Т

на курсот "Создади нова слика за себе" најмногу ми се допадна начинот на кој е водена програмата но и отвореноста на групата, бидејќи така си дозволив длабоко да прокопам во себе.

client
Весна С.

“ Најдобрата за јога и медитација. “

client
Елена М.
Контакт форма

Да останеме во контакт

Напишете што ве интересира и ќе ви одговориме најбрзо што може

  • +38978228027

  • healthylifeskills.online@gmail.com
  • Ул.Христо Татарчев бр,47. 1000 Скопје, Македонија
logo
Зачленете се за нашите новости
    • Healthy Life Skills
    • За нас
    • Блог
    • Продавница
    • Настани
    • Политика за приватност

Copyright © 2023 - здрави животни вештини

Layer 1
Еј, Ве молиме најавете се

Најави се

Регистрација

Логирај Се

изгубена лозинка Логирај Се
Испрати