Освен за изборот на услуги, курсеви или производи кои ги нудиме, ние сме целосно посветени и се грижиме за Вашето право да бидете информирани во однос на обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и ги користите нашите услуги како и за Вашето право на заштита на лични податоци.
Ве информираме дека СУНА Хелти Лајф ги презема сите расположливи технички и организациски мерки, сè со цел да обезбедиме заштита на личните податоци кои Вие ги споделувате доброволно со нас.
Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност и целосно да се запознаете со содржината на истата пред да ја дадете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци.
За цел полесно дефинирање на поимите во оваа политика за приватност ќе се водиме според тоа како истите се дефинирани и во самиот Законот за заштита на лични податоци.
“Личен податок” е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележа специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет на тоа физичко лице:
“Обработка на личните податоци” е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување приспособување или промена, повлекување, консумирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни. усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување;
“Ограничување на обработката на личните податоци” е означување на личните податоци кои се чуваат, а со цел ограничување на нивната обработка во иднина:
„Контролор” e физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување:
“Обработувач на збирка на лични податоци” e физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на Јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот,
“Корисник” е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не, мегутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка;
“Трето лице” е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект на лични податоци, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците:
“Согласност” на субјектот на лични податоци е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјавена волја на субjектот на личите податоци, преки изјава, или јасно предвидено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.
“Директен маркетинг” е секој вид на комуникација остварена на било кој начин според најновите технолошки достигнувања, а со цел испраќање на рекламна, маркетиншка или пропагандна содржина која е насочена директно до одреден субјект на личните податоци, како и обработка на лични податоци која вклучува и профилирање до оној степен до кој истото е поврзано со овој вид на комуникација;
Контролор на личните податоци е:
СУНА Хелти Лајф – Скопје
Здружение за развој на човечките, демократски и екомонски вредности ”СУНА ХЕЛТИ ЛАЈФ- Скопје”
e-mail healthyyogaskopje@gmail.com, Ул.Христо Татарчев 47/3/47, Скопје
Веб-страница www.healthylifeskills.mk
Вашата согласност е основ за обработка на Вашите лични податоци кои ги споделувате со “СУНА Хелти Лајф”, односно Вие ни давате согласност за обработка на Вашите лични податоци во делот: Моја сметка, зачлени се, Регистрација, најава, Контактна е програма и на останатите делови на веб-страницата, а со цел процесирање на извршени нарачки, маркетинг активности доколку истото е одобрено страна на корисникот, техничка оптимизација и мониторирање на веб-страницата, како и да одговориме на поставените прашања во за контакт
Освен Вашата согласност за обработка на личните податоци, кога станува збор за враќање или замена на услугите кои ги нудиме, освен за обработка на Вашите лични податоци е и обврската која ја имаме согласно закон.
“СУНА Хелти Лајф” ги собира следните категории на лични податоци:
Вашите податоци се споделуваат со трети страни екстензии како Google, MallChimp, Facebook и соодветно на тоа подлежат на политиките за приватност на самите провајдери:
Вашите податоците се зачувуваат на сервер кој има firewall, SSL енкрипција и регуларно се скенира за malware и се зад се исполнување на целта за која што се дадени.
Односно се дури корисникот не достави барање за бришење на податоците или истите не се во согласност со законските одредени роков за чување на даден тип на податоци предвидени според интерните политики за чување на лични податоци на СУНА Хелти Лајф
Кога купувате на нашата веб-страница, безбедноста на податоците е секогаш се обидуваме да е на највисоко ниво. Трансaкциите се процесираат преку платежниот процесинг систем на Комерцијална Банка АД Скопје и во моментот кога го извршувате плаќањето и ги внесувате податоците истите се комуницираат користејки HTTPS безбедносен протокол со користење на Secure Socket Layer (SSL) Технологија. Во ниту еден момент податоците за кредитната/дебитната картичка не ни се достапни на нас или во нашиот систем туку сте се процесираат исклучиво од страна на Комерцијална Банка АД Скопје.
Малолетни лица не смеат да даваат лични податоци без одобрение од нивните родители или старатели и се обврзуваме дека нема намерно да собираме или користиме податоци од малолетни лица. Ги превземаме сите заштитни мерки за заштита на личните податоци на купувачите со цел да се минимизира ризикот од неовластен пристап и злоупотреба на истите.
Веб-страницата www.healthylifeskills.mk користи колачиња
“Колаче” е датотека што содржи идентификатор што се испраќа од веб-сервер до веб прелистувач и се чува од прелистувачот. Идентификаторот потоа се испраќа назад до серверот секој пат кога прелистувачот ја бара страница од серверот.
Колачињата може да бидат “постојани” колачиња или колачиња за сесија: постојани колачиња кои ќе се чуваат од страна на веб прелистувач и ќе останат валидни до поставениот датум на истекување, освен ако корисникот не ги избрише пред датумот на истекување, колаче за сесија, од друга страна, ќе истече на крајот на корисничката сесија, кога веб-прелистувачот е затворен
Колачињата може да не содржат информации што лично го идентификуваат корисникот, но личните податоци што ги чуваме за Вас може да бидат поврзани со информациите зачувани и добиени од колачиња.
Во однос на колачињата кои СУНА Хелти Лајф ги користи ве информираме дека овој сајт користи текстуални датотеки наречени “колачиња“. Без нив сајтот нема да функционира правилно и многу од опциите нема да можете да ги видите. „Колачињата“ се мали текстуални датотеки кои се запишуваат во вашиот компјутер или мобилен уред при посета на некоја веб страна. Колачињата чуваат информации за вашите поставки во веб прелистувачот, како на пример: јазик, големина на фонт како и самиот факт дека веќе сте посетиле одредени страници. На тој начин при повторна посета на истата страница не мора повторно да ги поставувате. Некои од колачињата се неопходни за функционирање на страниците, а некои служат и за собирање статистички податоци.
Со помош на ваквите фајлови се следи движењето на посетителите на страната по неа, и на тој начин се собираат податоци како да се оптимизира и унапреди функционалноста на страната. Овие фајлови не се поврзуваат со ваши лични податоци.
Сите информации кои се запишуваат во колачињата, СУНА Хелти Лајф ќе ги користи исклучиво за потребите на web услугата или за статистички потреби и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. Доколку Вашите лични податоци треба да бидат запишани во колачињата, тоа ќе биде со ваша претходна согласност. Повеќе информации за тоа што се “колачиња “ и какви типови има можете да најдете на овој линк:
https://en.wikipedia.org/wiki/HTTP_cookie
Како субјект на заштита на лични податоци Вие имате право да бидете информирани за обработката на Вашите личните податоци; право на пристап до Вашите личните податоци, право на исправка на Вашите личните податоци, право бришење на Вашите личните податоци, право на ограничување на обработката на Вашите личните податоци, право на приговор во однос на обработката на Вашите лични податоци, како и право на повлекување на согласноста дадена на СУНА Хелти Лајф за обработка на Вашите лични податоци.
Во однос на остварување на Вашите права може во секое време да не контактирате преку нашиот офицер за заштита на лични податоци, како и преку e-mail адресата или контакт формата на СУНА Хелти Лајф
Доколку сметате дека Суна Хелти лајф на било кој начин не ги обработува вашите лични подаоци согласно законот за зашита на лични податоци имате право да се обратите до:
Агенција за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија
Бул. Гоце Делчев” бр. 18 Скопје, www.dzip.mk
Вашето купување на производ или услуга од нашата страна може или не може да ви обезбеди какво било враќање на вашите средства.
Во случај на барање за поврат на средства од страна на корисникот, средствата може или не може да ви бидат вратени на банкарската сметка од која било извршено плаќањето.
Важи за сите информации на оваа страница и за сите понудени услуги, производи и курсеви.
Ниту една услуга, курс или производ понудени од СУНА ХЕЛТИ Лајф не се наменети, на кој било начин (упатен, експлицитен, имплицитен) да ја заменат потребата од конвенционална медицинска нега дадена од вашиот лекар.
Комплементарно-алтернативниот пристап кој го пракикуваме е наменет да ги надополни конвенционалните медицински методи.
Комплементарната и конвенционалната медицината (исцелување и лекување) се две различни дисциплини.
Секогаш треба да побарате медицински совет од квалификуван лекар или практичар во случај на сериозна болест. Сите објавени информации, услуги и обуки се нудат со добра волја и мисла. Суна Хелти Лајф не може да прифати одговорност за каква било болест што произлегува од посетителот, клиентот или учесникот.
Ве советуваме да не прекинувате, додавате, или менувате било каков лек или конвенционален третман, без упатства, согласност и упатства од вашиот лекар. Ве советуваме да побарате грижа од лекар за какви било физички, ментални или емоционални проблеми.
Сите услуги од Суна Хелти Лајф се нудат со добра волја и нивното користење е лична одговорност и дискреционо право. Не треба да го заземат местото на психотерапијата или психијатриската нега.
Вие ја имате целата одговорност да се исцелувате и да се лекувате од било што. Услугите, производите и курсевите понудени овде се наменети да се користат како алатки, водичи и поддршка за вас во вашиот процес на само-заздравување, личен, духовен и професионален развој.
Во однос на сите курсеви/обуки/тренинзи/работилници понудени од СУНА Хелти Лајф не може да ви гарантира дека ќе го доживеете посакуваниот успех или промена. Успехот на секоја личност се заснова на многу фактори, вклучувајќи ја нивната поранешна пракса, нивната способност, нивната посветеност, желба, мотивација и времето што можат и ќе го посветат на постигнување на нивниот успех. Затоа не даваме гаранција дека воопшто ќе постигнете резултат од идеите од нашите курсеви/обуки/тренинзи/работилници.
Политиката за приватност на Суна Хелти Лајф може да се менува и дополнува соодветно на потребите кои ќе се појават од активностите и услугите кои се нудат.
Го задржуваме правото за промена на нашата политика за приватност во било кое време.
За истото ќе ве известиме преку е-маил (ако сте регистрирани на нашата листа) и/или со ажурирање на датата на нашата политика, овде на оваа страна.
Последна промена на: 01.12.2022 година