logo
logo logo logo
  • Јога и здравје
  • Активен одмор
  • Тим билдинг за компании
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • Кошничка
  • mk_MK
  • en_US

Научи како да го балансираш својот ум, тело и душа

Вистински одмор за вас

Јога & Велнес одмори сите возрасти

Сакајќи да направиме вистински одмор за вас, исполнет со содржини, збогатен со древни и современи методи за надминување на стресот, како и со вежби и техники преку кои ќе научите како да го подобрите својот личен или професионален живот, Ви предлагаме да се пријавите на еден од нашите активни велнес одмори. Концептот Велнес (Wellness) е многу повеќе од само гледање на физичкото здравје, вежбање или пак исхрана.

Велнес значи целосна интеграција на својата физичка, ментална и духовна благосостојба.

Види Повеќе
benifits_img

Методи на работа

за Mентална, Eмотивна, Физичка и Душевна Рамнотежа

Зајакнување на внатрешната рамнотежа
Употребуваме методи за проценка на личната и професионална благосостојба -Велнес и ве учиме на нови вештини за интеграција на својата физичка, ментална и духовна благосостојба.
Личен раст и развој
Користејќи ги сознанијата на модерната психологија работиме на подобрување на личната емотивна благосостојба, преку развивање на здрав начин на размислување и градење на здрави навики.
Тишина
Практикуваме сесии во кои правиме интроспекција, која заедно со техниките за дишење и медитациите, резултира со длабока детоксикација која овозможува на вашиот ум целосно да се опушти и да се приклучи на внатрешниот извор на креативност и радост.
Техники за дишење
Учиме техники на дишење преку кои ќе можете да го неутрализирате длабоко вкоренетиот стрес и го намалите заморот. Преку практикување на техники на дишење ќе ја подобрите личната благосостојба, ќе го зголемите оптимизмот, зајакнете менталниот фокус и ќе си ја подигнете имунолошката функција на организмот.
Холистички Пристап
Моделот кој го користиме вклучува развивање на лични социјални, емоционални, духовни, еколошки, професионални, интелектуални и физички капацитети. Сеопфатниот – холистички пристап ќе ви даде подршка на патот до остварување на своите цели.
Креативна визуелизација
Применуваме техники за опуштање и визуелизирање кои се специјално развиени за да ги практикуваат луѓе кои немаат предходно искуство во тоа, преку кои ќе научите да се релаксирате но да бидете будни истовремено, со што се постигнува чувството на проток и полнење со витална енергија.
Јога вежби
Практикуваме едноставни и ефикасни хата јога вежби за истегнување и опуштање на телото, наутро и навечер преку кои ќе си овозможите да го почуствувате и енергизирате своето тело, да ја подобрите неговата флексибилност и ги проширите внатрешните граници.
Групна работа
Применуваме научно дизајнирани алактки за проверка на личноста, каде ќе усвоите поголемо разбирање за интраперсоналната комуникација која влијае врз работата на вашиот ум и законите на умот, која ќе ви овозможи подобро да се запознаете себе си и другите.
ЕФТ (Техника за емотивно ослободување)
Ја применуваме светски позната техника за емоционално ослободување ЕФТ (тапкање) која е насочена кон откривање на дисбалансот на телесниот енергетски систем. Корегирајки го овој дисбаланс преку тапкање се неутрализираат негативните емоции кои се врежани во потсвеста
about_img
Вистински одмор за вас!

Зошто треба да дојдете со нас

Јога активен одмор или ретрит може да делува лекувачки за вашето ментално и физичко здравје. Посекако преку вашето  учество Вие може да добиете поттик, да направите позитивна промена во вашиот живот но и да добиете енергија за да се справите со вашите емотивни и ментални проблеми, со кои можеби се соочувате перидов.  А, ако вашето физичко тело било повредено или оперирано, јога активниот одмор ќе ви помогне да се зајакнете и да ја вратите формата и виталноста од пред вашата повреда. Но, зашто сметаме дека ЈОГА активниот одмор е Вистински одмор за вас?..

Прочитај повеќе

Реализирани активни одмори

Погледнете ги досегашните реализирани активни одмори и ретрити кои ги имаме организирано од 2016 година наваму

event_img
12/10/2022
Присутно срце - Јога активен одмор во Крушево, Октомври 2022
event_img
22/09/2022
Поврзување и автентична среќа -Јога активен одмор во Геракини
event_img
29/08/2022
Кога ќе стигнеш до врвот на планина, продолжи да се качуваш - Јога активен одмор во Пониква
Дознај повеќе

Што ги наоѓате нашите клиенти

Кога јазавршив втората едукација од тебе и кога првпат се видовме физички јас знам во двете групи имаше многу млади јас бев фасцинирана ..Тоа секогаш го доживувам кога ќе видам млад а разбуден човек .....јасно ми колку споредни улички ќе скрати од животот. А јас мислев дека си некоја професорка по психологија па затоа инспирираш толку млади хахаах . И во еден наврат кога спомена дека работиш во банка јас почнав да се смеам .Но имаш млад дух и младите го препознаваат тоа и многу ми е мило за секој разбуден и млад човек тоа е непроценливо. Те гушкам. Браво за сешто правиш🙏💙🕊

client
Верица О.

Добар микс на јога вежби, природа и интересни идеи

client
Билјана А.

Секогаш си отворена за нови искуства. Организирај почесто вакви ретрити. Биби со секој ретрирт си сѐ подобра и подобра, а и ние со тебе !

client
Марија М.

Силен впечаток ми оставија јогата со стап и јога нидрата.

client
Зоран С.

Био-синхронизацијата ми остави убав впечаток и прошетките во природа

client
Слободанка Т.

“Ми остави впечаток луѓето и целокупната енергија меѓу нив, потоа отвореноста за дружење и новите јога искуства кои ги доживеав”

client
Весна Л.

Најголем впечаток ми остави јогата во 7.30 наутро, бидејќи обично станувам во 12 час попладне 😊 Медитацијата на последното утро многу ми се допадна.

client
Maja M.

Билјана одлично го владее материјалот и добро ја познава психологијата на луѓето.

client
Анета И,

Баланс меѓу теорија и практика

client
Савица П.

Добро направена агенда

client
Магдалена К.

Сите техники беа добри

client
Миливое К

Исполнето време

client
Соња А.

Добра организација

client
Слаѓана А

Јога вежбите беа добри

client
Љупчо А

Најголем впечаток ми оставија планината и вечерните работилници но и јога сесиите беа добри.

client
Ема А.

Ми остави впечаток јога нидра и суфи медитацијата

client
Аница Н.

Многу ми се допадна вежбањето со стап. Ми се допадна многу раскажувањето на Билјана за патувањата во Индија и би сакала да присуствувам на работилница за подетални информации за Индија.

client
Тедора М.

“ Вежбите и медитациите во комбинација со ликот и гласот на Биљана Пешева се искуство кое ти го олеснува денот, месецот, годината... БРАВО Биљана за идејата да направиш онлајн вежби за јога и медитации во време кога на сите и те како ни е потребно! Царица си! Ти Благодарам што постоиш! "

client
Јасмина А

“ Прекрасно искуство за сите сетила . Фала многу Билјана "

client
Александра К.Б

“ Најдобрата за јога и медитација. “

client
Елена М.
logo
Зачленете се за нашите новости
    • Healthy Life Skills
    • За нас
    • Блог
    • Продавница
    • Настани
    • Политика за приватност

Copyright © 2023 - здрави животни вештини

Layer 1
Еј, Ве молиме најавете се

Најави се

Регистрација

Логирај Се

изгубена лозинка Логирај Се
Испрати