Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Активен одмор

Јога активен одмор во Керет 2026 – кога одморот станува простор за будење

  • 24 Јун, 2026
  • Com 0

Автор: Билјана (Биби) Пешева — инструктор по јога, wellness coach и тренер за возрасни со над 10 години искуство, организатор на преку 22 јога активни одмори во Македонија, Грција и Албанија.

Зошто јога одморот не е обичен одмор

Од 2016 година организирам јога активни одмори, два до три пати годишно — досега повеќе од 22 retreats со над 400 учесници во Македонија, Грција и Албанија.

Низ годините, работејќи со луѓе, сфатив нешто многу важно. Повеќето од нас живеат во еден затворен круг. Работа, обврски, одговорности, рутини, и повторно работа, повторно обврски…

А често и одењето на одмор станува само уште еден дел од тој круг.

Одиме на убаво место, се одмараме неколку дена и повторно се враќаме во истиот живот. Без нешто суштински да се промени.

Тогаш почнав да се прашувам:

Што е тоа што навистина ни го менува животот?

Со текот на времето сфатив дека не е само местото. Не е ниту хотелот. Не е ниту морето.

Содржината е таа што го менува животот.

Содржината ги менува нашите навики. Содржината отвора нови перспективи. Содржината создава нови искуства. Содржината нè поврзува со делови од себе што одамна сме ги заборавиле.


Што вклучува Healthy Yoga програмата

Затоа кога почнав да организирам јога активни одмори, не сакав тие да бидат само уште еден одмор.

Иако до тогаш имав посетено безброј јога семинари, садхани и духовни програми со учители од Индија и од Македонија, ми беше важно луѓето кои доаѓаат на овие одмори да го почувствуваат не само благодетот од јогата, туку и благодетот од отворањето. Од будењето на внатрешното дете. Од играта. Од контактот. Од вистинската средба со себе и со другите.

Затоа моите Хелти јога активни одмори се комбинација од:

  • Јога и движење — дневни практики за сите нивоа
  • Медитација и свесност — техники за присутност и внатрешна тишина
  • Игра и спонтаност — простор за детската лесност во нас
  • Работа на себе — лична рефлексија и трансформација
  • Разговори и работилници — структурирани простори за учење
  • Контакт и поврзување — автентични врски меѓу луѓето

Зошто колку повеќе години имаме, толку помалку нови луѓе навистина запознаваме — и уште поретко се запознаваме автентично.

Healthy Yoga одморите станаа место каде тоа се случува. И секојпат ме воодушевува колку природно и магично се создаваат тие врски.

Учесниците стануваат дел од програмата

Низ годините сфатив уште нешто. На овие одмори доаѓаат прекрасни, паметни, креативни луѓе — луѓе кои имаат многу да му понудат на светот или веќе му нудат.

Затоа кога има можност, ги вклучувам и нив во програмата:

  • Некој споделува професионално знаење.
  • Некој демонстрира вештина.
  • Некој инспирира со својата животна приказна.

Тоа се покажа како едно од најубавите искуства на овие одмори — јога активниот одмор станува простор каде сите учиме едни од други.


Резултати и евалуации: Керет, Албанија — мај 2026

На крајот од секој јога активен одмор учесниците пополнуваат анонимна евалуација. Во Ќерет 2026 (24–31 мај, Албанија) учествуваа 30 луѓе

Ова се главните заклучоци:

Времетраење

Најголем дел од учесниците сметаат дека „7 дена е тамам.” Неколкумина напишаа дека им било прекратко и дека би сакале програмата да трае уште подолго.

Баланс помеѓу јога, работилници и одмор

Најчестиот одговор беше: „Добар баланс, имаше сè.” Дел од учесниците предложија повеќе медитација, повеќе лесна јога и повеќе јога со бендови — одлична насока за идните програми.

Што им беше најзначајно?

Одговорите беа разновидни, но најчесто се повторуваа:

  • Јога часовите
  • Вечерните работилници
  • Point of View работилницата (редовно меѓу топ-3 во евалуациите)
  • Дружењето и групната енергија
  • Можноста да се биде со себе
  • Мирот и дистанцата од секојдневието

Организација

Хотелот, храната, условите за работа и целокупната организација добија највисоки оценки. Речиси сите учесници одговориле дека повторно би дошле на ваков настан.


Што кажаа учесниците

Овој дел секогаш ме допира најмногу. Неколку од пораките што ги добив:

  • „Благодарна што те сретнав на својот пат.”
  • „Огромна енергија. Ти благодарам за сè.”
  • „Извонреден инструктор, предавач и лидер.”
  • „Енергија во движење. Полна си со идеи.”
  • „Имаш благородна мисла. Ширина. Неуморна.”

Иако овие зборови се упатени кон мене, јас ги доживувам како потврда дека заедно создаваме нешто вредно — бидејќи секој учесник е дел од атмосферата, од групата и од искуството.


Благодарност

Им благодарам на сите 30 учесници кои беа дел од Керет 2026.

Ова беше дваесет и нешто по ред retreat — искрено, одамна престанав да ги бројам. Но секој е различен. Секоја група носи нова енергија, нови приказни, нови пријателства, нови сознанија.

Ви благодарам за довербата. Ви благодарам за отвореноста. Ви благодарам што заедно создаваме простор каде можеме да бидеме повеќе свои.

До следното гледање во Септември…

Останете љубопитни. Останете отворени. Останете живи.

Љубов и светлина, 

Билјана (Биби) Пешева Автор · Тренер за возрасни · Wellness Coach · Инструктор по јога · Фасилитатор на семејни констелации healthylifeskills.mk


Сакаш да бидеш дел од следниот Healthy Yoga одмор во Септември 2026? Погледни ги сите настани →

 

 

.

 

Тагови:
#biljanapeseva#healthylifeskills#healthyyoga#wellness#активенодмор#БилјанаПешева#Благосостојба#внатрешнодете#групнаРабота#ЕмоционалноЗдравје#здравЖивотенСтил#јога#јогаАктивенОдмор#јогаАлбанија#јогаодмор#јогаретрит#Керет#личенразвој#медитација#работанасебе#свесноЖивеењеmindfulness
Споделете на:
Како сликата за себе влијае врз нашиот живот, самодоверба и внатрешен мир
Зошто работиме со односот со мајката — и зошто токму во август

Последни постови

Thumb
5 причини зошто треба да заминете на
30 Јун, 2026
Thumb
Зошто работиме со односот со мајката —
29 Јун, 2026
Thumb
Јога активен одмор во Керет 2026 –
24 Јун, 2026

Категории

  • Активен одмор (35)
  • Блог (192)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (65)
  • Курсеви (12)
  • Личен развој (93)
  • Настани (51)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2026 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се