Зошто треба да дојдете на активен одмор со нас ?
Јога активен одмор или ретрит може да делува лекувачки за вашето ментално и физичко здравје. Посекако преку вашето учество Вие може да добиете поттик, да направите позитивна промена во вашиот живот но и да добиете енергија за да се справите со вашите емотивни и ментални проблеми, со кои можеби се соочувате перидов. А, ако вашето физичко тело било повредено или оперирано, јога активниот одмор ќе ви помогне да се зајакнете и да ја вратите формата и виталноста од пред вашата повреда.
Затоа сметаме дека ЈОГА активниот одмор е Вистински одмор за вас!
Healthy YOGA прави програма за активен одмор, која е исполнета со многу содржини, и збогатена со древни и современи методи за надминување на стресот и траумите.
Во програмата употребуваме методи и техники со кои ќе научите како да го подобрите својот личен или професионален живот.
Концептот Велнес (Wellness) е многу повеќе од само гледање на физичкото здравје, вежбање или пак исхрана. Велнес значи целосна интеграција на својата физичка, ментална и духовна благосостојба а ние токму тоа го практикуваме на нашите активни одмори или ретрити.
Што значи зборот ретрит?
– Зборот ретрит доаѓа од англиските збор „retreat“ што во превод значи „тивко или повлечено место каде што може да доживеете внатрешен мир и опуштање“ и тоа токму што тоа што се случува таму.
Зошто е добро да одам на јога камп или на ретрит?
– Јогата навлегува длабоко во нашите животи, особено сега кога темпото на живот е брзо и се соочуваме со многу стресови во секојдневието. Сепак, многумина се жалат дека не можат редовно да посетуваат часови јога, поради недостаток на време и многу обврски.
Посетата на јога камп овозможува да ги научите основите на јогата од најдобрите и најинспиративните инструктори. Таму можете да најдете време да поразговарате со инструкторите и да побарате мислење за подобрување на вашата состојба и вашето тело. Со учество на јога часовите вие ќе ги осетите границите на вашето тело и ќе научите вежби со кои ќе ја зголемите својата еластичност и физичка спремност.
Каде се одржуваат ретритите и камповите?
– Ретритите се одржуваат најчесто во природа. Знаете зошто? Бидејќи животната енергија или „праната“ најмногу ја има во природа (на планина, во шума, на море или езеро). Самата посета на овие места е одлична, но на ретритите се практикуваат и техники на дишење, со што дополнително овозможуваме нова свежа енергија да влезе во нас со што се балансираме и полниме со енергија. Ова е најуспешниот и најбрзиот начин како да се дојде до нова енергија. Динамичниот живот во кој живееме денес, за жал, негативно влијае врз нашата природна витална енергија, а со тоа и врз нашето здравје и долговечноста.
Што е Дигитален детокс?
– Одењето на јога ретрит или камп не ве спречува да ги користите вашите дигитални уреди (мобилен, компјутер, таблет), но за вас е одлична можност да направите повлекување од дигиталната зависност и да го детоксифицитате вашиот ум. Ретритот е совршен изговор да се исклучите од технологијата и да се вклучите во животот. При повлекувањето, можете да поминете извесно време со себе, без постојана потреба да ги проверувате известувањата или да трошите многу време на социјални мрежи. На ретритот го подмладувате вашето тело и си ја посветувате цела недела само за себе со цел подобрување на вашиот ум и тело.
Што можам за себе да добијам од активниот одмор ?
– Бидејќи на ретритите ќе имате време да се повлечете во себе, ќе можете да направите интроспекција на својот живот, на односите со другите луѓе, работата и со тоа да извршите само-анализа на вашиот живот. На еден ваков настан многу полесно ќе може да донесете одлука за себе или за својот живот, но и за патот по кој сакате да продолжите да чекорите. Таму тоа е полесно бидејќи вашиот ум и вашите емоции преку редовното вежбање јога и медитациите ќе бидат во баланс и со тоа вашите одлуки ќе бидат длабоки и значајни за вас.
Дали на активниот одмор ќе го смирам умот и мислите ?
– Умот е како машина која непрестајно врти. Кога машината работи премногу, таа се презагрева. Истото важи и за вашиот ум. Премногу мисли прават да умот се прегрее кое во крајна линија доведува до вознемиреност, несоница, константен умор, агресија, депресија или друго. Медитацијата е редовна практика и е дел од програмата на нашите јога ретрити и велнес кампови. Таа ги смирува мислите и ја урамнотежува левата и десната хемисфера на мозокот. Кога имате контрола над мисловниот процес во вашиот ум, лесно може да добиете одговор на било кое прашање или проблем кое ве мачи. Медитацијата ви помага да ги искористите сите ваши мисли и да ги канализирате за да добиете подобар фокус во животот.
Дали ќе се смирам емотивно ?
– Јога кампот или Велнес ретритот е совршено место за лекување на вашите физички, ментални и емоционални болести. Јога вежбите кои таму се практикуваат се повеќе од добри за подобрување на целокупната ваша состојба и здравје. Препуштајќи се себеси на вежбањето и на природата, е добар начин за да го пронајдете коренот или причината на вашите проблеми. Јогата може да ги намали симтомите на депресија или стрес и при тоа влијае врз зголемување на вашата самодоверба и верба во светот околу вас.
Дали на ретритот ќе ги совладам моите стравови?
– Повеќето од нас носат во себе различни стравови. Тие можат да бидат поврзани за работата, парите, партнерите, смртта итн. јога ретритите и камповите се совршено место за соочување со вашите стравови. Таму се постигнува внатрешен баланс и мир преку редовното практикување на јога вежби и медитација, увид во внатрешните содржини, контакт со потсвеста, а преку сè тоа можете да се поврзете со вашето духовно јас или со повисоката Свесност која лежи во секој еден од вас, со чија помош можете да се соочите со сите ваши стравови.
Каква храна се јаде на активните одмори ?
– Јогата се поврзува со сатвичка или вегетаријанска/веганска храна, што е одличен детоксификатор за вашето тело. Храната ги намалува негативните јони во вашето тело и го отстранува секој несакан елемент. Храната помага во лекувањето на разни здравствени заболувања. Нашето здравје е во голема мера поврзано со храната што се консумира. На ретритите се јаде најчесто вегитаријанска храна со изобилство на зеленчук и овошје со цел целосна детоксификација на вашето тело. А во здраво тело, може да лежи само здрав дух. На ваше барање а во договор со организаторот, храната може да се прилагоди за вашите потреби.
Дали ќе има креативни визуелизации и медитации?
– На јога ретритите се практикуваат креативните визуелизации и водените медитации преку кои работиме на визуелизијата својот живот од поинаква перспектива. Со овие техники вашите вештини за анализирање ќе се зајакнат, вашата креативност ќе се зголеми, вашата радост ќе порасне. На таков начин полесно ќе може да ги најдете позитивните аспекти на својот живот и да направите подобри идни избор за себе и за својата околина. Најважно од се може да поставите нова колосек и перспектива за вашиот живот.
Кои придобивки за себе ќе ги добиете по завршувањето на активниот одмор?
– Ефективност: Длабоко чувство на релаксација и одмор, што помага да се зголеми ефикасноста и продуктивноста во животот.
– Среќа: Зголемување на свесноста за личното здравје и благосостојбата
– Фокус: Усвојување на техники за смирување и центрирање на умот и личниот фокус а во исто време воспоставување на активна и будна состојба на умот
– Способност да се исклучите: Усвојување на вештини за одделување на стресот и напнатоста од вас самите. Способност да спиете подобро ноќе.
– Одржливо однесување: Ќе научите како самостојно да ги користите техниките а со тоа добивате систем на одржливо однесување кое може да ви стане камен темелник на почетокот на вистинска грижата за себе.
– Радост: Ќе го разбудите скриениот потенцијал во вас самите, потенцијал кој лежи во вашето внатрешно “Дете” и кој генерира радост, ентузијазам и среќа