Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Идејата која стои позади проектот “Здрав Јас”

  • 23 Ное, 2023
  • Com 0

Бројот на млади луѓе со ментални нарушувања значително порасна во последниве години, а пандемијата COVID-19 само ја влоши ситуацијата, покажуваат истражувањата направени од OECD за 2021 година. Според податоците на СЗО за истата година, секој седми млад човек на возраст од 10 години -19 години страда од ментално растројство, што претставува 13% од глобалниот процент на болести во оваа возрасна група. Промовирањето на менталното и сексуалното здравје, спортот, физичката активност и здравиот живот, но и унапредувањето на соработката меѓу училиштата, здруженијата, здравствените работници и спортските организации  се наведени во целите што произлегуваат од Стратегијата на ЕУ за млади.

 

Емоционалните проблеми исто така се чести кај адолесцентите. Анксиозноста (која вклучува паника или прекумерна грижа) се почести кај постарите отколку кај помладите адолесценти. Се проценува дека 3,6% од 10-14-годишните и 4,6% од 15-19-годишниците доживуваат анксиозно растројство. Исто така се проценува дека депресијата се јавува кај 1,1% од адолесцентите на возраст од 10-14 години и 2,8% од 15-19-годишниците според податоците на СЗО. Анксиозноста и депресивните растројства можат длабоко да влијаат на присуството на училиште и на училишната работа. Социјалното повлекување може да ја влоши изолацијата и осаменоста. Депресијата може да доведе до самоубиство.

 

 

Адолесценцијата е клучен период за развивање социјални и емоционални навики важни за добра менталната благосостојба. Да се биде еден млад човек ментално здрав потребно е да применува: здрав модел на спиење; редовно вежбање; да развива вештини за справување и решавање на проблеми, да ги подобри комуникациските способности и да научи како да се управува со емоциите. Но освен тоа за младите подржувачка средина е и семејството, училиштето но и пошироката заедница.

 

Образовниот систем во основните училишта во Северна Македонија е дефиниран и регулиран со Законот за основното образование и со концептот за деветгодишно основно образование. Мисијата на овој потсистем е да ги воспитува, едуцира и води младите деца. Од друга страна системот од каде што се едуцираа сегашните наставници беше систем кој не беше многу емпатичен и не ги разбираше вистинските предизвици со кои се соочуваат младите денес во сегашноста. Сега, во процесот на образование, се покажа како неопходност да наставниците разберат дека  нивната работа во образованието не е само да пренесуваат знаење, туку и да го развијат својот капацитет за да бидат поддршка на менталното здравје на децата.

 

Затоа, проектот HealthyME! се фокусира на градење капацитети на младите и наставниците со цел  поддршка на менталната благосостојба на младите и на развивање на меѓусебна доверба при решавање на проблеми.  HealthyME! на некој начин преставува мост меѓу училиштата и здравствените работници, на темата ментално здравје бидејќи помага при размената на знаење и вештини и се осврнува на реалните потреби на младите ученици. Овој проект навистина придонесува за подобрување на благосостојбата на младите и нивна инклузија во општеството.

 

Здрав МЕ! финансиски е поддржан од проектот на ЕУ: „Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, со идентификациски број: EuropeAid/140131/DH/SER/MK имплементиран од CPM Consulting International

Споделете на:
108 за среќа - Пред новогодишна работилница и коктел забава
Препознавање на врсничко насилство и справување со конфликти

Последни постови

Thumb
Клуб „Патот на Душата“: Простор каде се
22 Мај, 2025
Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (167)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се