Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Препознавање на врсничко насилство и справување со конфликти

  • 23 Ное, 2023
  • Com 0

Наставниците се столбот на ова општество. Тие се пример за децата, тие се лидери. Преку нивната посветеност младите добиваат лична моќ и образование. Поради наставниците, земјите како нашата се способни дополнително да се развиваат социјално и економски. Но, во училницата каде што наставниците секојдневно се во контакт со децата, ситуацијата е сосема поинаква, таму времето е многу важно.  Таму тие се соочуваат со предизвикот ефективно да го распределат своето наставно време. Да се направи баланс помеѓу планираната наставна програма, оценувањето на учениците и дополнителните активности може многу да го оптовари наставникот. Дополнително на тоа денес во училиштата насилството и булингот ги погодуваат и децата и наставниците и тоа дополнително одзема многу време и конфликти кои можат да траат цел живот.  За жал, не сите наставници се едуцирани и добро обучени за да можат да се справат со предизвици кои се случуваат во училницата и во училишниот двор. Затоа СУНА Хелти Лајф на почетокот на учебната 2023/2024 година го започна проектот HealthyME со првата активност а тоа тренинг за обука на наставници за справување и препознавање на врсничко насилство и решавање на конфликти.Па така од 13 до 15 септември 2023 година во хотел Мизо, Охрид се одржа дводневна обука за дваесет наставници од две основни училишта од општина Кисела Вода (ОУ Кирил Пејчиновиќ и ОУ Круме Кепески). Наставниците активно учествуваа на обуката, која цел беше да се стекнат со знаење засновано на вештини и да научат како може да  препознае, адресира и спречи насилството и конфликтот меѓу учениците. Целта на оваа активност беше да ги зајакне капацитетите на наставниците за надзор и грижа за физичката и емоционалната благосостојба на учениците за да може да станат  нивна  поддршка.  Обуката ја водеше тематскиот експерт г-дин Зоран Стојковски .

Насилството во училиштата е глобален феномен, кој влијае на многу институции низ Северна Македонијаи но и во светот, воопшто. Насилството е универзален феномен кој е карактеристичен за општествените односи и може да се појави во различни услови. Бидејќи училиштето е општествена институција во која децата учат социјално да комуницираат и да се поврзуваат, насилството е составен дел а наставниците имаат примарна улога како посредник во решавањето конфликти и препознавање на булинг и насилство меѓу нив. Насилството и булингот е честа појава во училиштата и се забележува кај деца на возраст од 10 и повеќе години, како што заклучија наставниците на крајот на оваа обука. Врсничкото насилство за кое се зборуваше на оваа обука вклучува малтретирање: физичко, психичко или социјално насилство, но не само на во училиштата туку и во други места каде што се собираат децата, како и на интернет.

Долготрајните негативни влијанија на училишното насилство и булинг се многу јасни: Жртвите на училишно малтретирање се изложени на зголемен ризик од ниска самодоверба, депресија и анксиозност, како и пониски резултати во училиштето. Покрај негативните влијанија врз здравјето и благосостојбата на децата, насилството од врсниците може да ја попречи способноста на децата да учат и академски да напредуваат.

Сметаме дека со овој проект им даваме шанса на наставниците и децата да станат свесни за проблемите со менталното здравје како и да научат како можат да го препознаат и се справат со насилството меѓу учениците. Вистински веруваме дека преку подигнувањето на компентенциите на наставниците и нивните капацитети, суштински ќе помогнеме да се обезбеди на сите деца да добијат висококвалитетна поддршка за ментално здравје што ќе им помош и подршка во нивниот понатамошен животот.

 

Здрав МЕ! финансиски е поддржан од проектот на ЕУ: „Техничка помош за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“, со идентификациски број: EuropeAid/140131/DH/SER/MK имплементиран од CPM Consulting International

Споделете на:
Идејата која стои позади проектот “Здрав Јас”
Препознавање и справување со врсничко насилство

Последни постови

Thumb
Клуб „Патот на Душата“: Простор каде се
22 Мај, 2025
Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (167)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се