Моментално празен: 0ден
Блог
Обуки и тим билдинзи за Вашата компанија

Придобивките од градењето на добар тим се подобрена и зголемена комуникација, развој на вештини за планирање, мотивација и соработка меѓу вработените. Преку активности во кои се поттикнува ослободување на “детето” кој секој еден го носи во себе, вработените меѓу себе можат да се видат во поинакво светло и да се поврзат на различен начин . Во нашиот случај освен забавни, нудиме и тим билдинзи со холистички пристап преку кои кај вработените се враќа природната рамнотежа која се одразува на работа и дома.
Погледнете ја палеттата на обуки и тим билдинзи кои Ви ја нудиме за реализација, заедно со мојот тим.
1.Унапредување на комуникациските вештини
Менаџерите и вработените на сите нивоа мора да имаат развиено вештини за комуникација за да се постигнат ефективни работни релации. Преку самооценка, активности за играње улоги и симулации, оаа обука ги развива потеницијалите на вработените на еден динамичен начин, кој ќе допринесе кон градење на тимска култура. Преку развиените комуникациски вештини, учесниците ќе можат да се справат со сите видови на ситуации на работното место со флексибилен, оригинален и самоуверен пристап и за градење на колаборативни односи засновани врз доверба и почит.
2. Управување со стрес и притисокот на работно место
Оваа обука ги истражува различните стратегии за справување со стресот. Учесниците ќе научат како да работат со другите членови на тимот за да создадат поттикнувачка работна средина. Преку практични вежби и техники за управување со стресот секој учесник ќе усвои различни начини за спроавување со стресот.
3. Решавање на конфликти и игри на моќ
Конфликтите на работно место се неизбежни во секоја органзиација. Затоа е неопходно вработените на сите нивоа да поминат обука за решавање на конфликти. Оваа програма вклучува сесии за разбирање на различни видови на конфликт на работното место, фазите на конфликтот и можната динамика на конфликтот. Учесниците учат како да водат позитивни и конструктивни интеракции со нивните колеги и клиенти и како да ја трансформираат конфликтната ситуација.
4. Управување со време
Учесниците на оваа обука ќе ги усвојат вештините за планирање и поставување на приоритети, како и вештините за ефикасно делегирање на задачи. Со овие вештини вратените ќе управувтае фикасно и продуктивнос о своето време и времето на органзиацијата.
5. Подобрување на формалната и неформалната комуникација
Вештините за јавно говорење, презентации и за други формални начини на интеракција честопати се дел од работните обврски на вработените. Формалната комуникација претставува само мал процент од вербалната комуникација што се одвива во рамките на една организација, додека неформалната комуникација може да се одвива на состаноци, меѓу соработниците и на настани во компанијата. Неформалните комуникациски вештини се клучи за секој вработен. Оваа обука ќе ви помогне да ги разберете основните принципи на слушање, убедување и преговарање.
6. М.У.Д.Р.О. Поставување на Вашите цели
Оваа обука ќе ве научи како да ја претворите секоја идеја во акционен план. Не само што ќе добиете преглед како М.У.Д.Р.О. се поставуваат цели, туку ќе добиете и план за нивно претворање во секојдневни рутини. Без разлика дали станува збор за трчање маратон, пат низ Југот на Европа со автомобил, развој на односи исполнето со љубов и радот или градење успешен интернет бизнис, секое од главните достигнувања започнува со М.У.Д.Р.О. поставување на една цел.
7. Менаџмент вештини
Менаџментот е една од вештините која сè повеќе добива на важност и многу работодавци ја набројуваат како предуслов/предност при вработување. Менаџментот е вештина, клучна за успехот, функционалноста, ефективноста и ефикасноста на една компанија или организација. Стекнатите знаења ќе ви помогнат да ги идентификувате сопствените квалитети и способности потребни за ефикасно раководење.
8. Вештини за преговарање
Успехот во деловниот живот зависи од умешноста правилно да се преговара.
Преговарањето зависи од способноста да се комуницира и токму на тоа ќе работиме на оваа обука. Учесниците преку практични примери и интерактивни вежби ќе усвојат нови техники и вештини за успешно преговарање и подобро позиционирање во животот.
9. Вештини за продажба
Ова обука опфаќа се што треба да знаете за продажбата од подготовка и планирање, градење релации со клиенти, техники за справување со приговори, до затварање на догвоорот по поволна цена. Така ќе го зголемите вашиот потенцијал за продажба.
10. Водење на ефективни состаноци
Оваа обука нуди корисни и применливи стратегии, каде учесниците ќе научат како да планираат и како да одржат продуктивни состаноци. Тие ќе научат користење на разни алатки за подобро управување на своето време и времето кое го поминуваат на состаноците.
11. Презентациски вештини
Оваа обука е наменета за стекнување на вештини за одржување на успешни презентации. Начинот на кој се презентираме себе си и своите идеи е од огромно значење за успехот на фирмата. Освен тоа на обуката учесниците ќе се запознаат и ќе ги научат современите презентациски апликации и алатки кои ќе им овозможат интерактивност и структура на темата.
12. Воспоставување квалитетни релации со клиенти и партнери во продажбата
Оваа обука ги истражува различните стратегии за воспоставување на квалитетни релации со клиентите и за воспоставување на силни партнерства со други организации. Учесниците ќе го усвојат светскиот концепт CRM (Customer Relationships Management) и стратегиите кој овој концепт ги има во однос на продажбата и клиентите.
13. Тим билдинг “Усвојување на вештини за личен и професионален добробит (Wellness approach)”
Овој модул овозможува развој на практични вештини кои имаат за цел да им помогнат на луѓето да се поврзат со сопствените капацитети за да се справат ефикасно со прашања поврзани со здравјето, стресот, исцрпеноста, ритуалите, депресија, вознемиреноста, несаканите емоционални реакции и ограничувања. Wellness концептот е нова парадигма со која сакаме да им помогнеме на луѓето да воспостават контрола врз предизвиците со кој се соочуваат во животот и на работното место.
14. Вештини за донесување на одлуки
На оваа обука, учесниците ќе се запознаат со процесот на донесување на одлуки и факторите кои влијаат при одлучувањето. Тие ќе се стекнат со вештини за избор на вистинска одлука кои ќе му овозможат на тимот да биде поефективен во работниот процес.
15. Вештини за решавање на проблеми
Решавањето проблеми е ментален процес кој вклучува способност да се анализира и да се изнајде решение кој дава најдобар резултат. На оваа обука учесниците ќе усвојат различни методи за креативно и иновативно решавање на проблемите.
16.Креативност и иновација
На оваа обука учесниците ќе стекнат нови знаења од областа на иновативност и креативност кои ќе им помогнат успешно да ги развијат своите капацитети. Тие ќе научат како да препознаат и изберат активност која им го поттикнува иновативното и креативното размислување.
17.Емоционална интелигенција
За успешно работење на една компанија е неопходно нејзините вработени да бидат способни да ги контролираат и да управуваат со своите и со туѓите емоци. Преку оваа обука учесниците ќе научат како со помош на емоционалната интелигенција, да ги надминат проблемите во комуникацијата на работно место и да создадат пријатна работна средина.
18.Тим билдинг “Био синхронизација на тимови”
Понудената БЕСТ методологија е систем на био енергетска синхринзација на тимовите во органзиацијата преку која се воспоставува рамнотежа на телото, умот, меморијата и менталните енергетски полиња и подобрување на протокот на целокупната био енергија низ целото тело. Таа е техника на создавање на внатрешен баланс, развивање на менталнен фокус и креирање синергија во рамите на различните организациски единици кое води кон заедничко решавање на проблемите и развивање на нови пристапи и идеи.
19. Лидерство – Откривање на Лидерот во нас
Успехот на една организација зависи од квалитетот на лидерството на сите нивоа во неа. Оваа обука е фокусирана на развој и подобрувањата на индивидуалните лидерски вештини и техники кои се неопходни за управувањето со луѓе и организации.
Повелете, контактирајте не за повеќе информации и детали за содржината на секоја една обука.