Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Слобода не е да знаеш каде одиш, туку да знаеш дека секогаш си на твојот пат

  • 19 Дек, 2022
  • Com 0

Секоја година си пишувам (ново)годишни цели. Но минатата година не ги запишав. Си кажав знам што сакам и одам по тој пат.

И како што бидува, животот не тече праволиниски. Некогаш некои понуди доаѓаат неочекувано, некои настани вадат од колосек, а некои планирани работи не се случуваат поради “Х” причини и од многутте (ново) годишни желби и цели, малку остануваат “живи” и “активни”.

Затоа (освен што треба да ги запишеш), многу е важно да знаеш, дали прифаќајќи ги, избегнувајќи или проширувајќи ги приликите или настаните кој се појавуваат ненадејно на твојот пат, се уште си на својот пат или си забегал(а).

Така и јас, во оваа година која што е во изминување, прифатив еден предлог кој предизвика “куршлус” на мојата (стара) веб страна. Брзајќи да го вратам она што беше мое, изгубив нерви, време и пари, за да покасно, се преслушам и увидам каде тргнав во погрешна насока.

Преку тој настан и случките кои ми се редеа во наредните неколку месеци, научив неколку лекции кои  како наравоучение сакам да ги споделам со сите вас.

Прво сватив дека се на овој свет си има свој природен тек. Не може да се избрзаат некои работи. Приликата ја прифатив иако не ми беше планирана. Значи нема прескокнување, се има свој природен тек.

Потоа треба активно да слушаме.

Зборовите се неминовни. Тие се само дел до настаните. Но, она што треба да се прави е активно да слушаме и гледаме со очи, мисли, ум и срце. Треба да ја слушаме нашата интуиција. Интуицијата доаѓа од начинот на кој го слушаме соговорникот или настанот кој ни се случува. На пример да ја послушав мојата интуиција сигурно немаше да го прифатам предлогот. Но, секоја грешка е предизвик во кој учиме како да пораснеме.

Потоа,треба да се прифати она што е неизбежно .

Прифакањето не значи одобрување. Она што доаѓа од надвор кон нас не можеме да го контролираме. Можеме себе да се контролираме. Обидот да извршиме притисок на нештото што  да ни се случило, за да ја вратиме ситуацијата назад, не секогаш дава резултати. На пример обидувајќи се да го вратам она што е мое назад завршив со лични закани и пишувања лоши работи за мене по социјалните мрежи. Значи прифати го она што е неизбежно, и од тука имаш  стартна позиција за движење на работите.

Потоа, остани посветен на тоа што го правиш,

Да знаеш кој е твојот пат, да веруваш во себе и на својот инстикт, да се посветиш на своите цели и на идејата која планираш да ја оствариш, за една, две или повеќе години е доблест. Без разлика дали твојата цел или идеја е тивка, нежна, мала, голема, краткорочна или долгорочна. Ти  си тој или таа, што треба да се посвети на неа.  И нормално ако скршнеш од патот да не треба да се обесхрабруваш, нели?

Еден пријател со своето семејство неодамна се отсели од Македонија, на свои 40 и кусур години и кога го прашав “Ти сакаше да се отселиш, нели? Колку време сакаше да се отселиш?” Тој ми одговори: “Јас сакав но, не сакав само, јас работев на тоа цели 2 години”.  Оваа реченица ми е пример за посветеност. Две години, бараш начини, патишта, пријатели, контакти и доаѓаш до својата цел.  Па, што прави победник во ситуација како што ми се случи мене? Ги ангажира своите ресоурси. А најголеми ресоурси се луѓето кои ве сакаат и почитуваат и без кој немаше да ја завршам новата веб страна за толку кратко време (Александра, Мартин, Ивана, Winand, Искра – благодарам од срце <3)!

И последно можеби најважно по мене,

Проширување

Најдобро се расте кога се оди чекор по чекор, мали чекори кои остваруваат големи цели. Но по пат ако нешто не е како што сакаме или очекуваме, или животот ни фрла нешто друго, добро е да го прошириме искуството. Можеби како јас и мојот случај, ќе добиете друг тек на приказната. Нови функционалности, подобрен изглед, нови можности за развој, нови пријатели.

Проширувањето е цел а не е правило!

Е, токму ова беше темата на работилницата која што се одржа пред традиционалниот новогодишен коктел кој оваа година го одржавме на 17 Декември во прекрасниот Гарден Спа.

Темата беше: Со кои предизвици сме се соочиле оваа година и што сме научиле од тоа?

Моите се: Активно да слушам (со очи, срце, ум и интуиција), да го прифатам незибежното, да останам доследна на тоа што го работам и да се проширувам во знаење и растење.

Ви посакувам да ги проширите вашите желби цели и идеи во наредната година и да си ги запишувате и лекциите и целите на хартија 😊 за да може во текот на годината ги прочитате и се потсетите на она Ви е потребно во моментот.

Слобода не е да знаеш каде одиш, туку да знаеш дека секогаш си на твојот пат.

Љубов и светлина

Биби Пешева

Тагови:
#awarness#biljanapeseva#freechallenge#hathayoga#healingconversations#healingyourmind#healthy#healthyhabits#healthylifeskills#healthyyoga#macedonia#newyear#personaldevelopment#power#resolution#women#yoga2023biljanapeshevagroupnew
Споделете на:
Еве како можеш да го смениш начинот на размислување
За вистинскиот херој во Вас

Последни постови

Thumb
Клуб „Патот на Душата“: Простор каде се
22 Мај, 2025
Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (167)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се