Еве како можеш да го смениш начинот на размислување
Грдата вистина е дека…
Ако ти не донесеш одлука да направиш промена
Јас не можам да ти помогнам
И исто така знам колку понекогаш може да биде тешка оваа одлука.
Многумина од нас имаат тенденција да бараат потврда од другите кога се сомневаме во себе. Но, се додека не ја разбереме сопствената вредност и создадеме можности за себе, ништо нема да се промени.
Вистината е дека сè започнува од Тебе и од тоа колку си спремна да се вложиш.
А тоа зависи од твојот начин на размислување.
Значи, ако се чувствуваш заглавена,во својот живот, ако имаш чувство дека животот поминува покрај тебе, и ти не си дел од него, еве неколку идеи кои можеш да ги направиш за да го промениш твојот начин на размислување и нормално да ја преземеш контролата во својот живот во свои раце:
Префрли се од негативно во позитивно размислување. Позитивното размислување ќе ја намали твојата анксиозност и ќе ти помогне да ги постигнеш своите цели. Опкружи се со позитивни луѓе, но препознавај кога имаш негативни мисли, не ги потискај во себе. Погледни ги соочи се со нив и практикувај позитивен разговор за себе со нив.
Премини од фиксен начин на размислување кон начин на размислување кој ќе ти донесе промена и раст. Да размислуваш за свој развој и раст ќе ти помогне да ги гледаш предизвиците како можности, а не како пречки. Така ќе започнеш да веруваш на себе, и ќе знаеш дека кога ќе вложуваш труд и работа, можеш да постигнеш сè што ќе ти падне на ум.
Замени ги своите очекувања со благодарност. Секогаш кога очекуваме или бараме повеќе од себе и од другите, тоа предизвикува разочарување и фрустрација. Фокусирај се на изобилството во твојот живот и цени го, тоа ќе ти помогне да бидете поприсутни и да уживате во целото патување.
Конечно, побарај поддршка. Слушај подкасти, посетувај семинари, читај книги за самопомош или најди свој тренер – сето тоа е одлична опции. Работата со професионалец кој ги знае најдобрите стратегии ќе биде еден од најефикасните начини да се направи промена. Но, не очекувај тие да ја завршат работата наместо тебе. Мора да бидеш подготвена и сама да ја завршите работата.
Знаеш станува збор за твојот живот и твоето патување, не чекај затоа некој друг тоа да го направи за тебе
Сите имаме два живота и втриот започнува кога ќе сватиме дека имаме еден живот !
Љубов и светлина
Биби Пешева