Моментално празен: 0ден
Блог
Внатрешното лекување е различно кај секој еден од нас – Онлајн курс
Во шест неделното патување кое се одвиваше во Ноември/Декември 2022 со наслов “Ментално и емотивно исцелување”, се фокусиравме на ослободувањето од болките, тагата, фрустрациите, внатрешните разочарувања. Голем дел од материјалот на овој курс беше поврзан со личните очекувања и врзаности кои несвесно ги носиме во себе.
Но, оние кои трагаат, постигнуваат!
Оние кои се спремни да работат на себе, не се слаби луѓе, или жени во нашиот случај!
На овој 6 неделен курс имав дури 26 храбри жени кои имаа голема желба, енергија, увид, емотивна смиреност за да навистина внатрешно се исцелат од оние работи кои им тежат. Некои од нив постигнаа и повеќе 😊
Знаете, во будизмот се вели дека врзаноста е причина за сите наши страдања. Но вака кажано многу е општо на пример приврзаноста која е форма на силна желба и врзаност, не секогаш е лоша. На пример да си приврзан за фамилијата и да сакаш да се грижиш за неа, не е лоша работа. Ок е да се грижиш, да помагаш да бидеш тука за твоите ког анајмногу им требаш.
Врзаноста всушност не е проблем, туку неспособноста да се одделиме од врзаноста е проблем.
На овој курс работевме на отпуштање на врзаноста кон старите ситуации, трауми, болки . Успеавме на личен план, да се поврземе со нешто по големо и по значајно, додека на колективен план успешно креиравме нови релации, пријателства и конекции кои ако правилно ги негуваме може да ни останат во срце цел живот.
Па така, мојата порака е посакувајте, стремете се, врзете се, конектирајте се со што и да сакате, и бидете способни да се одделите кога ќе биде потребно.
Животот се состои од серии на поврзување и одврзување, поврзувања и одврзувања.
Подигнете ги своите стандарди. Не си давајте оправдувања за не извршување на работите кои ви се важни, секогаш велете си дека можете да направите повеќе и подобро. Исто и со некоја ситуација која ве фрустрира, речете си – јас сум подобар од ова, дај да ја разберам на друг начин, дај да се соочам.
Користете ги вашите вредности и етика за да се справите со фрустрирачките ситуации и да го трансформирате својот живот кон победа.
Буда вели болката се случува, но страдањето е избор.
Ви посакувам да го бирате она што е најдобро за Вас и вашите блиски, сега и во сите идни болни искуства!
Љубов и светлина
Биби Пешева