Моментално празен: 0ден
Блог
Што ако станеш пример по кој другите се огледуваат ?
Што ако станеш пример по кој ќе се огледуват другите ?
Што ако со сигурност знаеш дека ќе ја постигнеш големината за која што си предодредена?
Што ако успееш да развиеш непоколеблива верба во тоа дека си најдобрата верзија од себе?
Ова се многу важни прашања што треба да си ги поставиш и одговориш, сега пред почетокот на Новата 2023 година.
Иако, најчесто начинот на кој несвесно мислиме за себе не води низ животот на поинаков начин.
Начинот на кој размислуваме, најчесто нè остава со чувство на заглавеност и несреќа.
Вчера се сретнав со пријателки со кои не сме се виделе речиси цела година. И една од нив ми кажа: „Секој ден, се будам, ги будам децата, ги молам да станат, ги брзам да одат на училиште, потоа ги брзам да се облечат и нешто каснат пред одење, да внимаваат да не доцнат… па јас трчам на работа, па брзам да не закаснам…. и тоа го правам секој е**м ден! Каков живот е ова???“.
Да, ова се случува поради т.н “програм” кој несвесно го имаме впиено во себе и кој го следиме исто како да возиме кола во лер.
Постои константен конфликт внатре во нас, помеѓу нашите желби и цели, и старите вкоренети верувања.
И бидејќи овие конфликти влијаат врз начинот на нашето размислување, се преоптаваруваме со мисли, внатрешни критики, за да на крај, се што ни се случува, немаме чувство дека е нешто “посебно”.
И продолжуваме да одиме по таа лизгавата патека.
Почнуваме да се чувствуваме огорчени за светот околу нас, на нашите најблиски и на крајот на нашиата работа, бидејќи кога сме со семејството, мислиме дека треба да работиме, а кога работиме, чувствуваме дека го пропуштаме семејното време.
И, оoo ете, вина и грижа на совест! Баш кога се одмараме. Тие мисли се појавуваат.
Кога одмараме се чувствуваме лошо.
За да напредуваме во животот и работата, треба да го репрограмираме нашиот ум.
Избришете ги сите стари верувања и заменете ги со нови.
Само тогаш е можно да посегнеш по големината кој лежи во тебе!
Затоа ги дизајнирав овие курсеви кои може да ви помогнат да го репрограмирате својот ум и добиете поголема самодоверба.
Во курсот ЗГОЛЕМИ ЈА СВОЈАТА САМОДОВЕРБА работиме на старите вкоренети уверувања, животните ставови, ја будиме и зајакнуваме самодовербата и силата која лежи во тебе.
Во курсот НАУЧИ КАКО ДА ПОСТАВИШ ЦЕЛ работиме на тоа како да поставите реални животни цели кои можат да ве однесат во вашата посакувана иднина
А во курсот ДВИЖИ СЕ СО ЛЕСНОТИЈА работиме на подобрување на општата психо-физичка состојба, преку вежби коиги зајакнуваат мускулите кои го држат ‘рбетниот столб исправен и стабилен.
Пријавете се и искористете ги Декемвриските попусти !
Љубов и светлина
Биби Пешева