Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Второто полувреме може да започне!

  • 30 Окт, 2022
  • Com 0

Пред многу години решив да, како што годините ќе се нижат, наместо да одам надоле со енергија, виталност и идеи,  Јас ќе  чекорам нагоре.

Тогаш донесов одлука!

А точката на пресврт ја ставив на 50-тата година.

Затоа за мене 50ка е почеток на нешто ново и возбудливо.

Тоа му доаѓа како да се случува пресврт и живот од таа точка  почнува да “работи” за тебе, наместо ти да работиш за него🎉

Но, дефинитивно чувствувам дека се повеќе сакам едноставност во животот, квалитетни луѓе околу мене и нормално повеќе слободно време за себе. Но (тие што ме познаваат лично знаат дека е баш така!) во исто време, навистина сакам да продолжам да  им помагам на сите оние на кои им треба мојата помош, која ја давам преку моите разговори, курсеви, програми, работилници, јога часови  или активни одмори.

Овие две работи: да помагам на луѓето и ги потикнувам во нивниот емотивен, ментален, физички или духовен развој и да си посветам време за себе, не се контрадикторни!

Напротив.

Ние сме воспитани да мислиме дека треба да се работи напорно, да се страда или мачи многу, за да на крај си “дозволиме” уживање, и дека тие две работи се оделни.

Oткако почнав да работам со групи на луѓе од 2013 година наваму, учесниците (претежно жени, но  има и храбари и емотивно свесни мажи),  ги учам и им кажувам дека СЕГА е најдобро време да започнат да уживаат во животот и тоа преку грижата за себе.  Сега и овде треба да се живее. Без разлика дали имаат 50, 30 или 70 години.

Им велам дека животот може да го уживаат без разлика дали се соло или се во пар, дали живеат со својата примарна фамилија, или сами. Им велам дека среќата се наоѓа во пронаоѓањето на повисока, значајна цел во својот живот, кон која ќе се стремат и која ќе им даде вистинска вредност и смисла на животот.  Им велам дека треба да работат на зголемување на  свесноста за себе и откривање што кријат во своите тајни одаи на потсвеста им велам уште многу други работи… но, едно нешто правам цело време.

Правам нешто, што еден човек што го запознав на моите патувања во Индија во 2001 година ми кажа: “Секогаш кога разговараш или работиш со некој човек или група, прави го тоа од СРЦЕ”

Тој ми кажа “ Kога даваш од срце, го допираш срцето нa другиот човек и така се разменува енергија , така ја допираш љубовта”

Така јас преку сите Вас ја допирам љубовта.

Затоа толку неуморно работам, творам и сум активна. Сакам да помагам, да служам и да работам на сите вас кои имате потреба од тоа.  И затоа за мене не е контрадикторно.

Да им помагам на луѓето во нивниот емотивен, ментален, физички или духовен развој и да си посветам време за мене е едно исто.

Преку сите вас јас се допирам себе си и моето битие.

За тоа неизмерно Ви благодарам!

А на битието во мене сакам да се заблагодарам што собра храброст да го живее животот онака како што сака.

Затоа 50ка за мене е точка на пресврт. Точка од каде се тргнува нагоре !  

И иако 50ка е само бројка, за мене е нов почеток!

Па, ако сте спремни да научите КАКО може да одите нагоре по скалите наречен ЖИВОТ, повелете на новиот курс “Ментално и емотивно исцелување” кој го водам во живо од 6 Ноември.

А бидејќи денес ми е роденден-  денес поклонувам од срце ❤️

Секој еден кој сака да учествува на 6 неделниот курс  кој чини 5.200 мкд може да го купи за 3.000 мкд !

Овој поклон важи само на 30 и 31 Октомври.

30-ти дека ми е роденден, а 31 дека е светски ден на штедењето 😊

Треба да уплатите преку овој линк  со картичка, или електоронски на жиро сметка на СУНА ХЕЛТИ ЛАЈФ СКОПЈЕ жиро 300000000379694 (на налогот да ја има денешната дата 30 Октомври и/или 31 Октомври) и добивате ПОКЛОН ПОПУСТ ОД МЕНЕ 

Love You   ❤️

Љубов и Светлина

Биби Пешева ❤️

Споделете на:
Присутно срце - Јога активен одмор во Крушево, Октомври 2022
Што ако станеш пример по кој другите се огледуваат ?

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се