logo

Научи како да ја зголемиш својата самодоверба !

Овој програм е наменет за сите оние кои се чувстуваат несигурни и сакаат да работат на својот личен раст и развој, за да почнат да ги менуваат работите во себе и околу себе !

21 активни студенти

Време е за се ставиш себе си на прво место во својот живот!

Овој курс е  наменет за сите оние кои сакаат да работат на својот личен раст и развој, и оние кои се чувстуваат несигурни  во себе, а сакаат да го променат тоа, да почнат да ги менуваат работите во себе и околу себе и од несигурна да блеснат во сигурна личност!

Верувајте, не постои подобро време од сега, да започнете да управувате со својата среќа, со својот личен живот и  конечно да станете независни од другите луѓе и мислења.

Доста беше со сите несигурности во вашот живот, со избегнување на донесување на одлуки, доста е со само-критика и затварање во себе.

Преку оваа програма  ќе усвоите нови вештини, ставови и знаења, за:

  • зголемување на самодовербата
  • зајакнување на личниот идентитет и љубовта кон себе
  • постигнување на мир и внатрешен баланс
  • воспоставување на контакт со  својата внатрешна мудрост
  • разбирање на личните, пријателските и фамилијарните односи
  • подобрување на љубовните релации со партнерот
  • ќе постигнете внатрешно ослободување од луѓето, ситуациите и настаните кои ве спречуваат да растете во животот
  • ќе добиете нови алатки за зголемување на вашата надворешна и внатрешна самодоверба

Грижата за себе никогаш не доаѓа од твојата себичност, таа доаѓа од несебичната љубов, која ја имаш во себе и која си заборавил/а дека постои.

Сакаш да станеш самоуверен и сигурен ?

Вовед

1
Добредојдовте !
2:38
2
Добредојдовте во програмата за лична самодоверба и среќа
3
Приказна за конецот на Арианда
09:34
4
Медитација – Храм на тишината
08:50

Верувањата за себе

1
Коренот на твојата несигурност
2
Приказна за славејот
03:12
3
Медитација мојата животна позиција
05:39
4
Верувањата за себе – коренот на вашата несигурност
02:25

Внатрешниот говор

1
Говорот на твојот Ум
2
Приказна за лутината
01:37
3
Медитација – Саботер, внатрешен глас
09:56

Твојот внатрешен баланс

1
Твојот баланс, извор на твојата самодоверба
2
Медитација средба со мајката
15:03
3
Медитација средба со таткото
14:10

Средба со внатрешното дете

1
Внатрешното дете – извор на енергија и ентузијазам
2
Нашето дете – извор на нашата самодоверба!
04:53
3
Mедитација со внатрешното дете
08:01

Љубовта како извор на среќа и самодоверба

1
Љубовта извор на нашата самодоверба
02:32
2
Мојот идеален партнер извор на среќа и самодоверба
3
Медитација на љубовта
09:50
4
ТЕД talks на Англиски “Разлика помеѓу здрава и нездрава релација”
12:04

Кругот на блискоста и припадноста

1
Пријателите – извор на вашата самодоверба
03:34
2
На кого му припаѓаш?

Силна и позитивна слика за себе

1
Направи своја лична анализа на себе
01:58
2
Подготовка за личен успех и среќа – Лична SWOT анализа

Лична мапа на моќ и самодоверба

1
Ти како извор на својата самодоверба
01:49
2
Дефинирај ја својата лична мапа

Практични совети како до поголема самодоверба

1
Говорот на телото како извор на твојата самодоверба
04:54
2
Практични и едноставни алатки за зголемување на самодовербата

Мојот живот извор на мојата самодоверба

1
Твојот живот е твој извор на самодоверба и поздрав за крај
02:02
2
Завршни совети
3
Добивте Ваучер -15%
Целосната содржина на овој курс може да ја погледнете во секцијата содржина (curriculum) која се наоѓа на почетокот на оваа страна. Курсот се состои од 11 обработени лекции со вежби за лично истражување како и аудио и видео лекции и медитации.
Оваа програма е наменета за подигнување на Вашите лични потенцијали, па оттука изборот е Ваш дали ова патување кон себе, ќе го третирате со важност и посветеност. Имајте на ум дека од секоја лекција може да научите и добиете нешто ново за себе. Најважно од сѐ, ние возрасните учиме само од лично искуство, а не од слушање, прераскажување или од гледање, па оттука одговорноста е на вас дали активно ќе се вклучите во вежбите, задачите и медитациите ! Во лекциите има, текст (e-book), видеа, и аудио снимки, прашања и вежби кои треба да ги поминете сами. Поминете ги по ред и запишувајте ги одговорите на прашањата и вежбите во некоја своја тетратка или во компјутер/мобилен. Дајте си време и не трчајте низ лекциите. Некаде може ќе ви биде интересно, но некаде ќе наидете на внатрешен отпор, сепак, продолжете и завршете ја целата програма до крај !
Како учесник на овој курс Вие може да ми напишете е-маил или да закажете термин за да се слушнеме на телефон. Можете во секое време да ми кажете за вашето искуство, вашите дилеми или нејаснотии околу вежбите и темите на овој курс.

Курсот може да го следите во било кое време, и од било каде, со Ваше сопствено темпо. (Нема потреба повеќе да се вклучувате во точно одредено време и ден, Вие сте господар на своето време, Вие одлучувате колку време и кога ќе се посветите на материјалот и лекциите од овој курс).

Be the first to add a review.

Please, login to leave a review
Купи
30-Day Money-Back Guarantee

Вклучува

Целосен (животен) пристап
Научи како да ја зголемиш својата самодоверба !
Цена
0мкд. 3,500мкд.
Layer 1