Моментално празен: 0ден
Си забележала ли?
Околу тебе или преку социјалните мрежи, сите се
Славни.
Брилијантни.
Моќни.
Скршени.
Невротични.
Депресивни.
Кревки.
Збунети.
Дали забележуваш?
Секоја личност е прекрасен сјаен блескав и тежок хаос!
Дали некогаш си сретнала човечко суштество кое не било тоа?
Скоро секоја парадигма на исцелување, личен развој, религија или духовност има една заедничка работа:
Отфрлање на реалноста, за тоа што значи да се биде Жив.
Секој фантазира за некакво совршенство.
Секогаш гледаме кон хоризонтот.
Сите трчаат некаде.
Сите сакаат да стигнат таму некаде.
Сепак никој
Никогаш никој не пристигнува.
За жал,
Божицата на реалноста и
нејзиното свето присуство.
Ја заборавивме
Ја демонизиравме.
Ја патологизиравме.
Ја избегнуваме
Се обидуваме да ја промениме и претвориме во нешто што никогаш не била и никогаш нема да биде.
Зошто е добро да се обожува божицата на реалноста (или читај да бидеш реален) ?
Па, Хаосот е прекрасен!
Секогаш бил и секогаш ќе биде.
И никој никогаш не е скршен од него.
Како би можел некој да се смени воопшто без него.
Животот постојано не раздвојува.
Се спојуваме и повторно се раздвојуваме.
Ние сме смртни суштества венчани со гравитацијата и времето.
Зашиени со кревка нежна кожа.
Со срце кое чувствува, со свесни и несвесни потреби
Заблуда е дека можеш да победиш и да го победиш животот.
Тоа е брутална вистина но ти ја кажувам искрено
Тоа е она што сега сегде низ светот, а и овде во земјава се продава.
Религија.
Духовност.
Производи .
Само-усовршување.
Работа на себе
Сето ова е како морков на стап, веднаш под твојот нос, со кој ја пропушташ славата на Божицата на реалноста,
Сите ја бараат, и никој не ја наоѓа.
Но, јас НЕ предлагам пасивно слабо прифаќање.
Велам запознај ја Вистината, Вистината за тоа што навистина значи Живот за тебе
Продолжи да се бориш. Продолжи да се лекуваш и исцелуваш .
Продолжи да создаваш. Продолжи да сонуваш.
Но, остани будна за твојата ранливост.
Твојата внатрешна ранливост е испреплетена во совршенство со тебе.
Отвори ги очите и навистина погледни се околу себе
Колку е величенствена и во исто време оштетена секоја една личност која ја среќаваш
И најважно за твојот раат во оваа 2023 година е да ја
прифатиш визијата за исцелување, во која е вклучена целата твоја ранливост!
И те прашувам сега:
која е твојата ранливост?
Пиши ми
Љубов и светлина
Биби Пешева ❤️