logo

Што е свесно дишење ?

Постои еден стар текст наречен „Кајагатасати Сута (‘Kayagatasati Sutta)“, или „Сутра за контемплирање на телото“. Во текстот, Буда предложил вежба за ослободување од напнатоста и тоа за секој засебен дел од телото и во телото како целина.

Ја искористил сликата на земјоделец кој се качувал на таванот за да симне вреќа со грав. Земјоделецот го дупнал едниот крај од вреќата и со тоа овозможил целиот грав, едно по едно гравче, да излезе од вреќата. Така земјоделецот со својот добар вид, можел да ги види зрната на грав и да види кои од нив се мувлосани или расипани, и кои се добри.  Врз основа на овој пример, Буда препорачал, да исто како овој земјоделец, научиме да обрнуваме внимание на секое едно гравче во нашиот живот.

Па така,

За почеток, легнете во удобна положба и скенирајте го целото ваше тело, а потоа фокусирајте се на различните делови од телото. Започнете со главата, или влакната на главата, а завршете со прстите на нозете.  Можете да повтoрувате внатре во вас:

„Дишам, свесен сум за мојот мозок.

Издишувам, се насмевнувам на мојот мозок.“🌹

Така, продолжете со остатокот од телото.

Исто како земјоделецот со неговите гравчиња, скенирајте го телото со внимателност. Дури и петнаесет минути се доволно време да полека  го скенирате вашето тело со свесно внимание.

Кога Вашиот ум ќе го препознае секој дел од телото и ќе го прегрне со енергија, нежност и свесност, тој дел од телото конечно ќе може да се опушти и да се ослободи од својата напнатост.

Ако за време на скенирањето дојдете до дел од вашето тело кој е болен или заслабен во својата функција, останете фокусирани на тој дел подолго време. Ако поминувате повеќе време на она место кое ве боли, користејќи ја вашата енергијата на свесно внимание, можете да се насмеете на вашата болка и да ослободите дел од внатрешната напнатост.

Ако знаете како да си помогнете, ќе може да ја  ослободите напнатоста од телото, ќе ги активирате исцелителните процеси и заздравувањето ќе се одвива многу побрзо.

Ако станете свесни како Буда, ќе  успеете да се вратите кон себе, а кога сте целосно свесни за вашето тело, вие сте сега и овде во сегашниот миг, во нашиот вистински дом“.

 

Затоа, повторете во себе:

 

„Вдишувам, го смирувам своето тело

Издишувам, се насмевнувам

 

Вдишувам, јас сум во сегашниот момент

издишувам, знам дека е прекрасен момент

 

Вдишувам, знам дека дишам

издишувам, знам дека дишам

 

Вдишувам, мојот здив расте длабоко

Издишувам, здивот излегува бавно

 

Свесен сум за моето тело, дишам

Опуштајќи го телото, издишувам

 

Смирувајќи го моето тело, дишам

Грижејќи се за моето тело, издишувам

 

Насмевнувајќи се на моето тело, дишам

Олеснувајќи го моето тело, издишувам

 

Насмевнувајќи се на моето тело, дишам

Ослободувајќи ги тензиите во моето тело, издишувам

 

Чувствувајќи ја радоста (да сум жив), дишам

Чувствувајќи се среќен,  издишувам

 

Живеејќи во сегашниот момент, дишам

Уживајќи во сегашниот момент, издишувам

 

Свесен за мојата стабилна положба, дишам

Уживајќи во стабилноста, издишувам “

 

Дишете, и посветете целосно внимание на вдишувањето. Каде и да е во телото здивот, почувствувајте ја смиреноста која ја носи. Исто како и кога пиете ладна вода на топол ден, почувствувајте како здивот ги лади внатрешните органи на телото.

Кога практикувате медитација, ако телото е мирно, тогаш умот е мирен. Свесното дишење прави телото и умот да станат едно. При издишување, насмевнете се за да ги опуштите сите мускули на лицето. Така се опушта нервниот систем.

Ставете ако можете и една полу насмевка на вас како знак на смиреност, самата таа може да е поттик за да се појави мир и радост во вас.

И кога ќе стасате во сегашниот момент, ставате крај на врзаноста кон минатото и на грижите за иднината.

Животот ви се случува само во сегашноста.

Сознанието дека сте живи, дека можете да бидете во контакт со сите чуда  околу вас и во вас, е навистина чудо!

Оваа вежба може да се практикува секаде во секое време: во собата каде што медитирате или вежбате, во кујна, на отворено, во парк, без разлика дали одите или стоите мирно, лежите или седите, дури и кога работите.

Со користење на техниката свесно дишење, можеме да го трансформираме сегашниот момент во момент полн со чуда и убавина.

 

Љубов и светлина

Билјана Пешева

Layer 1