Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Ослободување од личната кармичка приказна

  • 05 Фев, 2023
  • Com 0

Пред повеќе векови, луѓето немале многу облека и мајките морале навистина да бидат добри домаќинки и со она малку што го имале, да направат облека за своите деца. Па тогаш кога облеката целосно ќе се износела, речиси до скинување, внимателно била прегледувана, секој дел, и оној дел од неа кој не бил “потрошен” или имало “живот” во него, го сечеле на парчиња. Овие мали делчиња собрани од различни стари облеки или платна, можеле покасно да ги сошијат во нешто, што сега се нарекува крпеница или “пачворк -patchwork”.

Во соновите облеката обично претставува став или однесување на некоја личност, па спиритуално и симболично гледано, секој човек носи во себе, (во нај длабоко несвесно) еден ваков пачворк, платно, кое е составено од многу мали неправилно поврзани делови од старите ‘животи’ и  личности кои сме ги имале во минатите животи.

Деловите од платното можеме да ги поврземе со нашите минати тенденции, навики, реакции, во кој се уште има “живот” и енергија, додека конецот со кои се поврзуваат и шијат тие делови од платното, се условите каде што живееме, фамилијата, пријателите, искуствата што ги имаме и кои магнетно не привлекуваат и ни се случуваат.

Но животот кој го живееме сега и овде преку искуствата кои ги поминуваме, ни овозможува да го обработиме она што е потребно, за да ја ослободиме енергијата, која спиритуално гледано доаѓа од минатите животи. Кога ќе ја исполниме задачата, конецот се скинува и парчето платно се отпушта и паѓа. Гледано на едно повисоко духовно ниво, сите ние сме вистински дијамант,  кој е потребно да се избруси за да блесне на едно повисоко духовно нив

Оттука, им благодарам на групата храбри жени кои се приклучија на Јануарските спиритуални работилници и четри недели работеа онлајн со мене. Тие се беа доволно храбри  и љубопитни за да  дирекно работат на себе и своето спиритуално Јас, преку концептот карма и колективно несвесно.

Преку методот со кој работевме, испративме порака на потсвесниот ум дека врската или платното од минатиот живот е искористена и и се ослободивме од него.  Преку едукативниот дел кој течеше напоредно со медитациите,  учесниците увидоа дека законот на карма оди паралелно со законот на еволуција, односно таму каде што “заглавуваме” законот на еволуција, бутка напред за да се избрусиме и станеме сјаен дијамант, сега и овде!

До наредното спиритуално патување

Љубов и светлина

Биби Пешева ❤️

“Популарното прифатено значење на зборот карма, е тоа дека е судбина и нема излез од неа. Но, тие што тоа го кажуваат тоа, забораваат дека, тоа не е испишано од нечија друга рака. Кармата е испишана од истата рака, која што може да ја пребрише” . Сатја Саи Баба

Тагови:
#awarness#biljanapeseva#healingconversations#healthylifeskills#healthyyoga#meditaion#meditation#mentalhealtawarness#onlinepersonaldevelopment#personaldevelopment#phyliscrystalkarmaonlineprogrammspiritual
Споделете на:
Што е свесно дишење ?
Свесност, Будност, Интимност како дел од твојата животна сила и твојата природа - заклучок од пет дневниот предизвик

Последни постови

Thumb
Wellness Afterwork & Релациските потреби: Науката и
03 Мар, 2026
Thumb
Како наследството од нашите предци влијае на
02 Мар, 2026
Thumb
Скулптурирање на односите – кога внатрешниот свет
16 Фев, 2026

Категории

  • Активен одмор (33)
  • Блог (186)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (64)
  • Курсеви (11)
  • Личен развој (91)
  • Настани (51)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2026 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се