logo

Свесност, Будност, Интимност како дел од твојата животна сила и твојата природа – заклучок од пет дневниот предизвик

Уште како млада се сретнав со трансакциска анализа (ТА), кој ме плени поради својата едноставност и успешност во справување со конфликтите и комуникацијата. Јас не сум иста, пред и по ТА. Исто така многу рано тргнав по духовниот пат практикувајќи хата, бакти и карма јога, и кој ми донесе друг тип на знаење и чувство за себе и светот околу мене, за што сум неизмерно благодарна.

Моето животно искуство ми покажа дека патот на духовната работа на себе и патот на психолошка работа на себе се една иста работа. Но луѓето ги гледаат како различни перспективи.

Па, тргнувајќи од овој мој увид, на овој предизвик се обидов да направам паралела на учењето на Ерик Берн, таткото на трансакциска анализа (за тие што не знаат тоа е правец во психологија која се занимава со комуникацијата помеѓу луѓето) и древниот ведски психолошки поглед на човекот, напишан во Ведите (1.500-1.000 години п.н.е) преку моделот Панча Коша (Pancha Cosha) или моделот на петте обвивки.

Предизвикот беше следен во живо од преку 150 лица на кои неизмерно им благодарам за присуството на сите денови и активноста во дискусиите.

Па, така, кога Ерик Берн (1961) ги поставил основите на трансакциска анализа (ТА) пред повеќе од 70 години, тој ја опишал личноста преку Его состојбите: Родител, Возрасен и Дете. Но, тој исто така пишува за природниот развој на човекот нарекувајќи го Physis, кое го претставил како растечка сила која ја тера личноста да сака да расте и да постане подобра, да напредува, да биде/делува кон подобро, исто како растечката сила на Природата, која помага да организмите се развиваат во повисоки форми. Покасно Корнел (2010) ја опишува Physis како позитивна животна, природна, сила која бара подобро здравје.

Ако тргнеме од дефицијата на Ерик Берн за Physis, каде таа е сила која ги носи луѓето кон развој и подобро делување, се поставува прашањето кон што води животната сила (Physis), кон што не води прогресот и желбата да сме добри, среќни, хармонични. Што е тоа што го прави нашиот живот вреден за живеење?

Крајната цел на човековиот прогрес според Берн е да се достигне автономија која се манифестира преку ослободување или обновување на трите капацитети (на его состојбата Возрасен): свесност, спонтаност и интимност, и покасно додадени одговорност и интегритет кај човекот.

Свесност – подразбира животот тука и сега (не во минатото или во иднина). Тоа значи да се доживеат работите неоптеретено од минатите искуства, а со тоа да се биде целосно свесен за себе, другите и ситуацијата во која се наоѓаме и врз основа на тоа бидеме во можност да ги предвидиме идните случувања и интеракции. Свеста ни дозволува да го доживееме светот директно и да бидеме свесни за реалноста во која сме во моментов.

Спонтаност – значи да може да изберете, да имате слобода да ги манифестирате чувствата и его состојбите (родител, возрасни, деца), на начин што е најсоодветен за моменталната ситуација. Спонтаноста значи отворено и без цензура изразување на чувствата, желбите и потребите.

Интимност или способност да примате и давате љубов, искреност и отвореност без цензура, без манипулации и игра. Тоа е недопрено и невино искуство на овде и сега, каде луѓето ги гледаме од позиција на зачуденост и љубопитност, а не од лична потреба.

Со други зборови, автономноста доаѓа кога ние сме целосно свесни и делуваме во сегашната ситуација и околина, како спротивност на реакцијата преку начинот на условено однесување; кога можеме да направиме осмислен избор на најсоодветно однесување во рангот на опции; кога сме вистински отворени, искрени и автентични еден со друг, кога земаме целосна одговорност за нашите акции, и веруваме дека единствено ние сме одговорни за себеси и никој друг; и кога сме во состојба да откриеме значење во нашите животни искуства па да живееме искрено и во согласност со нашите принципи.

Сепак, автономноста покасно други автори ја сублимираат во две варијабли: контакт со себе и контакт со другите.

Контактот со себе вклучува  пристап кон внатрешниот дијалог (говорот во главата), преземање акција, земање на став базиран на нашите размисли; додека контакт со другите се однесува на однесувањето формирано додека сме биле во интеракција со другите, како охрабрување, попуштање, отворен ум, предрасуди итн.

Капацитетот првобитно користен да се опише автономијата може да треба да се преиспита и вистинската автономија може да дојде кога ќе се движиме помеѓу контактот со себе и контактот со другите.

Од друга страна мудреците на древната традиција на Јогата потсетуваат дека сите ние сме жители на два света.

Внатрешен свет оној кој е мисли емоции и осети и надворешен универзум кој е универзумот во кој взаемно делуваме.

Нашата способност како човечки битија зависи од нашата способност вешто да живееме во овие два света.

Древните јогиски концепти и објаснувањето за суштината на човекот се напишани 1.000-1.500 години п.н.е во Ведите, каде се вели дека  во секоја клетка на човековото тело пулсира Атман(от). Тој е опишан како  животен или Божествен принцип на човекот. Внатрешното јадро, Атман или Себство, е тоа што му дава живот на телото, умот и интелектот, со други зборови, тоа е животодавниот принцип во нас кој овозможува нашето тело да делува и перципира, нашиот ум да осеќа и мисли, и нашиот интелект да резонира. Без него, човекот, нема да може да функционира.

Овој увид е опишан во Упанишадите, преку оваа приказна:

“Донеси ми плод од банџан дрвото.“

“Еве татко.„

“Отвори го … Што гледаш?„

“Овие мали семиња.“

“Сега отвори едно од нив… Што гледаш?“

“Ништо татко.“

“Синко…Таму има суптилна есенција која не можеш да ја видиш, но преку таа есенција, суштина  вистинското големо банџан дрво постои… Тоа е Вистината. Тоа е Себството. И ти си тоа.“

(Tat Tvam Asi, на оригинален санскрит)

(Chhandogya Upanishad, превод. Paramahamsa Yogananda)

Карактеристики на Aтманот се: Будност, Свесност, Не врзаност, Присутност, Мудрост, Љубопитност, Љубов, Радост

Берн, вели дека крајна цел на човековиот раст и зголемување на свесноста е автономијата чии што карактеристики се; Свесност, Будност, Интимност, Интегритет, Одговорност.

Па сега земајќи ги во предвид овие споредби, излегува како да Physis извира од Атман(от), Себството или Душата 🙂 и зарем не е тоа едно исто!

Tргнувајќи од таа претпоставка и користејќи ја алатката медитација го организирав ова 5 дневно внатрешно патување, со цел зголемување на свесноста за своето ментално и емотивно здравје и тоа преку Ведскиот концепт т.н  Панча Коша опишан во Таитирија Упанишада или Моделот на петте обвивки на човекот, кои го обвиткуваат внатрешното јадро, кое се вика Атман или Себство.

Менталното и емотивното здравје ја вклучува нашата емоционална, психолошка и социјална благосостојба. Тоа влијае на тоа како размислуваме, чувствуваме и дејствуваме. Исто така, помага да се одреди како се справуваме со стресот, како се поврзуваме со другите и како правиме здрави избори. Менталното здравје е важно во секоја фаза од животот, од детството и адолесценцијата до зрелоста и затоа е важно да се зборува за сите аспекти кои може да се подобрат и кои влијаат врз неговото подобрување, а моделот Панча Коша ги вклучува сите аспекти во тоа.

Човечката личност е комбинација на физички, ментални, емотивни и духовни димензии комбинирани со мисли, чувства, социјални прилагодувања и однесувања, самоперцепции, вредности и ставови. Може да се каже дека човекот во својата суштина е комплексно битие. Но во ведскиот психолошки поглед на човечката личност,  човекот се гледа преку карактеристиките кои една обвивска (коша) ги носи со себе.

На предизвикот ги обработувавме обвивките, секој ден по една, и начините како може да ги зајакнат истите, се со цел  зголемување на свесноста за себе и своето ментално, емотивно и физичко здравје. Односно зборувавме за што треба да се превземе, за да се зајакнеме внатрешно и дојдеме до нашата божествена (атман) природа.

Предизвикот го следеа преку 150 лица, кои активно учествуваа во дискусиите и презентациите.

Им благодарам на сите од срце

До наредниот предизвик, останете во Љубов и Светлина

Биби Пешева ❤️

 

 

______________________

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува healthylifeskills.mk се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на healthylifeskills.mk

Layer 1