Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Свесно дишење: Пронајди го мирот во хаосот околу тебе со помош на оваа приказна од Буда

  • 17 Апр, 2024
  • Com 0

Постои еден стар текст наречен „Кајагатасати Сута (‘Kayagatasati Sutta )“, или „Сутра за контемплирање на телото, во телото“. Во овој текст, Буда зборува за тоа како може да се ослободиме од напнатоста, и тоа во секој оделен дел од телото и целото тело како целина.

Тој ја искористил приказната за земјоделецот, кој се качувал на таванот со намера да симне вреќа со грав. Земјоделецот го дупнал едниот крај од вреќата, со што дозволил целиот грав, едно по едно гравче, да испаѓа од вреќата. Тој така можел со свои очи, да ги види зрната на грав и да ги оддели оние кои се мувлосани или расипани, од оние кои се добри. Буда во текстот препорачува да исто како овој земјоделец, и ние луѓето практикуваме како да обрнуваме внимание на секое едно “гравче” од и во нашиот живот.

Вежба

Легнете во удобна положба и скенирајте го целото ваше тело, потоа полека фокусирајте се на поединечните делови од вашето тело. Најпрво започнете со главата, или влакната на главата, а на крај завршете со прстите на нозете. Оделете дел по дел, и при тоа повтoрувајте во вас:

„Дишам, свесен сум за мојот мозок.

Издишувам, се насмевнувам од мојот мозок.“

И, така, продолжете со остатокот од вашето тело.

Обидете се да исто како земјоделецот со неговите гравчиња, да го скенирате свесно и со внимание дел по дел, целото ваше тело. Петнаесетина минути е доволно време, за да вашиот ум почне да го препознава опуштањето и започне да го исполнува со енергија телото. Така вашето тело ќе го отпушти стесот и напнатоста од себе.

При тоа, ако за време на скенирањето, дојдете до некој дел од вашето тело кој што е болен, останете со насочено внимание подолго на тој дел. Буда вели дека посветувајќи му свесно внимание на она што боли, вие ќе може да се насмевнете и така повтрно да ја ослободите болката,стресот,напнатоста од вас. А ослободувајќи се од напнатоста, вие ги активирате исцелителните процеси и самото заздравување во себе.

Свесноста да се вратиме во себе и да го прифатиме нашиот вистински “дом”- телото, со сите негови ограничувања, е крајна цел на здравиот пристап кон себе и кон духовноста.

Затоа предлагам да продолжите со праксава и повторувајте:

“Вдишувам, го смирувам своето тело

Издишувам, се насмевнувам.

Вдишувам, јас сум во сегашниот момент,

иzдишувам, знам дека е прекрасен момент.

Вдишувам, знам дека дишам,

издишувам, знам дека дишам.

Вдишувам, дишам длабоко,

Издишувам, бавно.

Свесен сум за моето тело, дишам,

Опуштајќи го телото, издишувам.

Смирувајќи го моето тело, дишам,

Грижејќи се за моето тело, издишувам.

Насмевнувајќи се на моето тело, дишам,

Отпуштајќи го моето тело, издишувам.

Насмевнувајќи се на моето тело, дишам,

Ослободувајќи ги тензиите во моето тело, издишувам.

Чувствувајќи ја радоста (дека сум жив), дишам,

Чувствувајќи се среќен,  издишувам.

Живеејќи во сегашниот момент, дишам,

Уживајќи во сегашниот момент, издишувам.

Свесен за мојата стабилна положба, дишам,

Уживајќи во стабилноста, издишувам .“

 

Дишете полека и посветете целосно внимание на тој процес. Со секој здив, почувствувајте ја смиреноста која што ја носи издишувањето. Исто како кога пиете ладна вода на топол ден, почувствувајте како здивот ги лади внатрешните органи на телото.

Кога практикувате медитација, ако телото е мирно, тогаш умот е мирен. Свесното дишење прави да телото и умот се спојат во едно. При издишувањето, насмевнете се за да ги опуштите сите мускули на вашето лице бидејќи така го отпуштате нервниот систем.

Често им велам на моите практиканти, да се насмевнат додека вежбаат. Сметам дека ниту вежбањето јога, ниту свесното дишење треба да е тешко и многу сериозно. Полунасмевката потсетува дека крајната цел на нашето практикување е удобност, мир и радост во себе.

Препуштајќи се на сегашниот миг, ние учиме како да ставиме крај кон врзаностите од минатото и на грижите за иднината. Знаеме дека сме живи ако сме во контакт со сите чуда кои ни се случуваат околу нас. Бидејќи Животот ни е достапен само сега, во сегашноста.

Вежбата која погоре ви ја опишав може да ја практикувате секаде во секое време: во сала, во кујна, во парк и тоа без разлика дали се движите, или стоите мирно, лежите или седите

Со воведување на оваа пракса на свесно дишење во вашето секојдневие, вие ќе може да го трансформирате сегашниот миг, во миг исполнет полн со чуда и убавина за вас.

Саи Баба вели животот е Игра, па  ајде да ја играме како што треба !

 

Љубов и светлина

Билјана Пешева

за авторот: Билјана  е основач на брендот Healthy Life Skills  & Healthy Yoga  каде држи семинари, ретрити, активни одмори, обуки и часови за намалување на стресот и напнатоста кај модерниот човек употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и групите.

Погледнете ги наредните активности и приклучете се!

  1. Хелти Јога часови – Онлајн 1 Maj 2024
  2. Хелти јога часови со присуство – во сала во населба Кисела Вода 1 Мај 2024
  3. ЈОГА одмор во Ќерет Албанија 23-26 Мај 2024 
Тагови:
#awarness#biljanapeseva#emotionalfreedom#emotions#hathayoga#healingconversations#healingyourmind#healthylifeskills#meditaion#mentalhealthbreathbrethworkBuddhaconcisenessmindfulnessБуда
Споделете на:
Најди го својот спокој: Jога во планина
Ментално и емотивно исцелување: Потиснатите емоции и цената која ја плаќаме

Последни постови

Thumb
Од судбина до избор – Храброста да
11 Сеп, 2025
Thumb
Време е за ново образование во Македонија:
30 Авг, 2025
Thumb
Илинден – ден кога ја кренавме главата…
02 Авг, 2025

Категории

  • Активен одмор (32)
  • Блог (174)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се