Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Ментално и емотивно исцелување: Потиснатите емоции и цената која ја плаќаме

  • 17 Апр, 2024
  • Com 0

Зборот емоција доаѓа од латинскиот збор “emotere” што значи “енергија во движење”.  Емоциите кои се надоврзуваат на енергијата, делуваат како филтер низ кој ги проживуваме случувањата во својот живот. Иако ни се чини дека чувствата доаѓаат сами од себе, без наша воља, тоа не е точно. Моќта да ги контролираме сопствените емоции и однесувања се наоѓа во нас самите. Ние сме господари на нашите емоции а не нивен слуга. Токму тоа го согледавме и учевме на курсот “Ментално и емотивно исцелување” кој се одржа во Февруари и Март 2024 година .

Постојат пет основни емоции кои психологијата ги нарекува примарни и се потребни за преживување.

Страв, лутина, гнев, срам и тага. 

Овие емоции се универзални за човековиот род и биолошки важни за неговиот опстанок бидејќи предизвикуваат излачување на кортизол (хормон на стрес во мозокот). Најчесто функционираат под нивото на свеста и предизвикуваат сложени однесувања. Тие се одговорни за отпорот кој го чувствуваме кон потенцијално стресните ситуации. Доколку оставиме да не водат, да делуваат неконтролирано, голема е вероватноста дека ќе создадат претстава за најлошо можно сценарио, кое ќе не одалечи од целта. Кога сме во овие емоции чувствуваме како да тие не водат, немаме сила да се спротиставиме и многу тешко ја одржуваме контролата или мирот на своите реакции

Покрај овие пет емоции имаме две емоции за поврзување:

Љубов/доверба, радост/возбуда.

Овие емоции предизвикуваат излачување на окситоцин, серотонин, допамин, хормони кои го активираат системот на наградување во мозокот и произведуваат пријатни чувства, кои се  обидуваме постојано и повторно да ги доживееме. Со активирање на овој систем доринесуваме да развиваме здрави навики, но ако истите преминат во зависност, може да ни донесат дополнителни проблеми.(на пример зависност од коцка, интернет..итн)

Клучот во одврзувањето од негативните емоции и минатотото, е во умереноста.

Потиснување или негирање на било која емоција води кон природен дисбаланс на менталното, емотивно или физичко здравје.

Што значи потиснато чувство?

Кога некоја состојба ќе стане претешка и не можете да се носите со неа, не можете да ја решите, истата ја потиснуваме длабоко во себе и таа останува како потисната енергија која ја нарекуваме потисната емоција или траума. На пример: ако некој наш близок ненадејно, неочекувано почине, потребно е да тагуваме и плачеме. Но, ако не можете да се исплачете од разни причини, можно е да  почнете да чувствувате болка која покасно може да развие симптоми на хронична испцрепеност, алергија на полен, главоболки и слично. Обично и не поврзуваме брзо, но потиснатата тага, може да е главна причина за дизбалансот во нашето тело.

Овој вид на поврзување на причина и последица е основно правило за разбирање на здравјето на човекот и процесот на само-исцелување.

Шест неделниот курс “Ментално и емотивно исцелување” кој започна на 25 Февруари и траеше до 31 март 2024 година, собра група од четриесет учесници кои сакаа да работат на својот личен раст и развој на ослободување од своите потиснати емоции, и активирање на процесите на само-исцелување со цел  да креираат слободна и автентична релација со себе и со луѓето околу  себе.

Ритуалите и техниките кои ги користевме на овој курс беа наменети за секој еден што доживеал физичка, духовна, енергетска или емотивна загуба.  Работевме на прифаќањето на потиснатите емоции со цел подобрување на релацијата со себе (self-care) и релациите со најблиските и активирање на процесот на само исцелување.

Всушност преку овој курс учесниците доживеаа длабоко внатрешно исцелување и ослободување од сето она им пречи да го живеат својот живот целосно и автентично .

За нивното учество, присустност и личен ангажман бескрајно им благодарам!

Љубов и светлина
Билјана Пешева

за авторот: Билјана  е основач на брендот Healthy Life Skills  & Healthy Yoga каде држи семинари, ретрити, активни одмори, обуки и часови за намалување на стресот и напнатоста кај модерниот човек употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и групите. Шест неделниот курс “Ментално и емотивно исцелување” е нејзин авторски креиран курс, кој од 2021 година два пати годишно го реализира.

Тагови:
#biljanapeseva#Createnewselfimage#emotional#emotionalfreedom#emotions#freechallenge#hathayoga#healingconversations#healingyoursoul#meditaion#mentalhealtawarness#onlinepersonaldevelopment#onlineprogram#personaldevelopment#phyliscrystal#womenemotion
Споделете на:
Свесно дишење: Пронајди го мирот во хаосот околу тебе со помош на оваа приказна од Буда
Свето тројство за постигнување успех - разбери ја својата интелигенција!

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се