Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Три благослови кои даваат ментално и емотивно исцелување

  • 19 Фев, 2024
  • Com 0

Една од вежбите кои редовно ги водам на моите курсеви го содржат прашањето: Доколку сте на крајот од својот живот и имате само малку преостанато време, што навистина би било вредно денес или што би било значајно за вас да направите, сега?  Не утре, не задутре.. туку сега!  Речиси сите одговори кој сум ги слушнала од учесниците водат кон Љубовта: да се поврзат, да се конектираат, да создадат срце-срце релација, да сакаат (да љубат и да бидат љубени), да простат…

Има една налепница за коли на која пишува: Животот е кршлив, а Љубовта е лепакот.  Па, во духот на оваа порака, зборувавме на три дневниот предизвик Ментално и Емотивно Исцелување, кој се одржа онлајн од 16 до 18 Февруари 2024, каде зборувавме за љубовта кон себе, за емпатијата, за отвореноста, искреноста и сето тоа тоа го поврзав со прекрасната приказна која доаѓа од Ката Упанишада за “Начикета и тајната на смртта”.

Начикета бил син на богат трговец. За да ја добие наклоноста од Боговите, татко му редовно нудел жртви на боговите. Но Начикета видел дека татко му наместо најдобрите крави ги нудел нај слабите. Тогаш тој јавно го повикал и посрамотил пред целата заедница. Татко му толку многу се налутил што му кажал “Те предавам на богот Јама” што во превод значи  “Оди во пеколот” или “Go to hell”.

Начикета буквално го сватил тоа и тргнал да го бара Богот Јама (или Богот на Смртта).

Седејќи под едно дрво, гладен и жеден, измачен стасал во предворјето на кралството на Богот на Смртта. Каде бил пречекан од неговите три помошници Помор, Глад и Војна. Тие му кажале дека смртта не е тука и дека тие можат да му помогнат но тој инсистирал да го сретне богот на Смртта. Конечно по три дена Богот Јама дошол и видел едно искрено дете кое посветено му се нуди на него. Тој се сожалил и наместо да го земе со него му понудил да му исполни три желби или благослови.

Првиот благослов, што го побарал Начикета бил ПРОСТУВАЊЕТО. Тој знаел дека за да биде вистински слободен мора да го тргне оклопот од лутина (кон својот татко) кој го ставил околу своето срце. Знаел дека многу е важно да се исцелува срцето, за да може да ги прифати ситуациите и луѓето покасно во својот живот со отворено срце.

Вториот благослов што го побарал бил да го пронајде (и задржи) својот ВНАТРЕШЕН ОГАН. Внатрешниот оган е онаа што не прави да бидеме живи од внатре. Да го знаеме својот внатрешен оган значи дека толку многу се познаваме себе си што што и да ни се случи како препрека нема да не поколеба да го правиме она за што нашето срце и душа копнеат. Малиот Начикета знаел дека ако го има внатрешниот оган, чистата енергија ќе тече и креира низ него, ќе има храброст, сила и посветеност, без разлика на внатрешните или надворешните влијанија.

Но кога го побарал третиот благослов Богот Јама се шокирал. Тој побарал да дознае што има после Смртта, да дознае КОЈА Е ТАЈНАТА на Животот и Смртта. Јама му кажал дека таа тајна не смее да ја открие на никој, но бидејќи му ветил три желби, ќе му помогне сам да си ја открие оваа тајна. Тогаш му подарил едно огледало и му кажал дека кога ќе успее да се погледне вистински во огледалото, тогаш ќе го открие одговорот на прашањето.

Приказната вели дека кога Начикета се погледнал во огледалото и влегол во себе истражување,  целата илузија  исчезнала, тој открил дека постоењето, свесноста и блаженството (Sat-Chit-Ananda) се извор и суштина на сите живи битија и тогаш се ослободил од тркалото на животот и смртта. Тогаш тој во мир му се поклонил на Богот Јама и како во магија пејсажот на кралствот на смрта се смени во оризово летно плодно поле во Индија и во ова последна секвенца Богот Јама му ја открил и последната тајна дека смртта и раѓањето не се оделни. Начикета го знаеше веќе тоа во своето срце и тргна кон неговиот дом да го прегрне неговиот татко и започне нов живот

Благословот кој секој еден од нас го доби преку оваа приказна го споделувам во форма на медитација, за да читајќи внатрешно го почуствувате:

Благословот на простување – Почуствувај во своето тело, почуствувај во своето срце дали имаш прерасуди за себе и прости си ги тие обвинувачки мисли кон себе …насочи го вниманието кон себе, стави ја интенцијата , можеш дури да ја ставиш раката на срцето и да си простиш на себе. Така нежно го омекнуваш своето срце

Потоа држејќи ја раката на срцето сети се што навистина ти е важно во твојот живот. Што ти е важно вистински и длабоко, за што живееш, што сакаш да осетиш, да изразиш, осети ја таа интенција држејќи ја раката на своето срце

Потоа исто како да гледаш во огледало, почуствувај ја присутноста во себе, свесноста која набљудува и е позади секоја твоја акција, мисла или дело. Таа свесност си ти, вистинскиот Ти, некои тоа го нарекуваат душа, други себство или свесност но тоа е секогаш Љубов, длабока безрезервна љубов.

И како го впиваш во себе ова сознание, свесно осети се себе си, своето постоење и   присуството и внатрешно доживеј ја таа свесност со која можеш и знаеш како да влијаеш врз својот живот.

Ви посакувам на сите со оваа медитација да почуствувате внатрешен мир и вистинска радост во себе.

Но, ако ви е потребно некој да ве води во тој процес придружете ми се на новото патување кое ќе го почнам на 25 Февруари преку 6 неделниот курс Ментално и Емотивно исцелување  

Благодарност на сите учесници на три дневниот предизвик на увидите сознанијата и присуството.

Снимките од овој предизвик ќе бидат достапни уште еден недела на следните линкови:

ДЕН 1  Ментал детокс предизвик 

ДЕН 2 Ментал детокс предизвик 

ДЕН 3 Ментал детокс предизвик 

Ќе завршам со една порака, цитирана од многу учители

Внимавај на твоите мисли – Мислата станува збор

Внимавај на твоите зборови – зборот станува дело

Внимавај на твоите дела – делата стануваат навика

Внимавај на твоите навики – тие стануваат твој карактер

Внимавај на твојот карактер – тој станува  твоја судбина

 

Љубов и светлина

Билјана Пешева

за авторот: Билјана  е основач на брендот Healthy Life Skills  & Healthy Yoga  каде држи семинари, ретрити, активни одмори, обуки и часови за намалување на стресот и напнатоста кај модерниот човек употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и групите. 

Тагови:
#awarness#biljanapeseva#cuttingthetiesthatbind#emotional#emotionalfreedom#emotions#freechallenge#hathayoga#healing#healingconversations#meditaion#mentalhealtawarness#onlinepersonaldevelopment#personaldevelopment#yogaasanabiljanapesheva
Споделете на:
Запознај ја Македонија за да ја сакаш повеќе - Јога и Велнес одмор во Октомври 2024 во Крушево
Најди го својот спокој: Jога во планина

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се