Адолесценцијата е клучен период за развивање социјални и емоционални вештини важни за добра менталната благосостојба. Да се биде еден млад човек ментално здрав потребно е да практикува: здрав модел на спиење; редовно вежбање; да развива вештини за справување и решавање на роблеми, да ги подобри комуникациските способности и да научи како да се управува со емоции. Но, освен тоа за младите голема подржувачка средина е семејството, училиштето и пошироката заедница.
Прочитај повеќеЛесна, свежа храна полна со растителни влакна и протеини,влијае врз тоа како се чувствате.
Да се биде физички активен на долг рок ви обезбедува одлично физичко и ментално здравје.
Добар квалитетен сон дирекно влије врз вашиот циркадиски ритам, вашите чувства и мисли
Вратете го својот мир, спокој и бваланс со помош на водени медитации кои го смируваат умот и емоциите.
Унапредете ги вашите комуникациски вештини кои ќе ви помогнат да се поврзете со вашите врсници и стекнете самодоверба .
Научете како да ги препознавате своите и туѓите емоции за да умешно се справите со лутината и агресијата.
Наставниците се столбот на ова општество. Тие се пример за децата, тие се лидери. Преку нивната посветеност младите добиваат лична моќ и образование. Поради наставниците, земјите како нашата се способни дополнително да се развиваат социјално и економски. Но, во училницата каде што наставниците секојдневно се во контакт со децата, ситуацијата е сосема поинаква.
Прочитај повеќеВрсничкото насилство е агресивно однесување кое е намерно и вклучува нарушување на личната моќ или сила. Тоа е повторувачка активност која влијае врз психичкото , физичкото и емотивното здравје на младите.
Прочитај повеќеКако што младите влегуваат во адолесценцијата, се зголемува нивната желба за креирање безбедни релации со други возрасни луѓе како што се наставниците, освен со нивните родители. Смисленото вклучување на младите во активности кои ќе се реализираат заеднички со наставниците може да донесе низа позитивни исходи меѓу нив зголемено чувство на припадност, компетентност, доверба и дијалог.
„Оваа страница е изготвена со поддршка од програмата Механизам за граѓанска отпорност што се финансира од Европската Унија. Содржината е исклучива одговорност на СУНА Хелти Лајф и не мора задолжително да ги одразува ставовите на Европската Унија“