Моментално празен: 0ден

Дали сакате да истовремено се поврзете со природата и со себе? Дали се гледате себе си како вежбате во природа ? Ако одговорот е се уште не, еве неколку причини, зошто е важно да вежбате јога на планина со Healthy Yoga:
Се поврзувате со природата: Во планина сте опкружени со природа и чист воздух. Преку јога вежбите кои ќе ги изведуваме на отворено, вие ќе се поврзете со суровата, природни елементи околу вас. Ќе ја почувствувате земјата, ќе го слушате ветрот и ќе го осетите сонцето кое ќе ја грее вашата душа, додека ги изведувате јога позициите.
Го пронаоѓате внатрешниот мир: Мирот и спокојот кој го има во планините, создава совршена основа за внатрешно дасе смирите. Колку повеќе сте подалеку од собраќајниот метеж и вревата од вашиот секојдневен живот, толку повеќе вие го смирувате умот, ги избиструвате мислите и вистински да се фокусирате на сегашниот миг.
Претставува предизвик: Да вежбате јога на планина, може да претставува за вас, како физички така и прихички предизвик. На пример, нерамен терен , мушички, бубачки, изведување на тешки јога позиции кои бараат рамнотежа, луѓе кои поминуваат и ве гледаат…. и што уште не. Успевајќи да ги совладате сите овие предзвици вие ќе се чувстувате како вистински среќен човек.
Дишењето на свежиот планински воздух, уживањето во топлината на сонцето и слушањето на звуците на планината навистина може да ви го подигнат духот и да ги надополнат вашите “батерии”.
Затоа, ако сакате да ја подигнете вашата ЈОГА практика на повисоко ниво (буквално и фигуративно), размислете да дојдете на ЈОГА часот на врвот на ВОДНО на 10 Април во 10.30 наутро.
Часот е отворен за сите заинтересирани, без разлика дали имате искуство или не.
Земете со вас јога мат, нешто за пиење, нешто за грицкање и повелете ! Кликнете ТУКА И дознајте повеке
Намасте!
#MountainYoga #FindYourZen #NatureConnection