logo

Ментално и Емотивно Исцелување – 6 неделен курс

Ментално и емотивно исцелување e шест неделен онлајн курс, наменет за длабоко  внатрешно  исцелување и ослободување од болката и тагата кои си  ја  правите со вашите мисли и емоции, кои ве болат и спречуваат да го живеете својот живот целосно и автентично.

Целта на овој курс е да се ослободите од емотивните и ментални болки и блокади  кои ве спречуваат  да се развивате и креирате слободна и автентична релација со себе и со луѓето околу  себе.

Без разлика дали сте се соочиле со болка, стрес или загуба на физичко, духовно, емотивно, ментално или енергетско ниво, вежбите и техниките кои ќе ги користиме на овој курс можат да ви помогнат да го намалите времето на сожалување или оджалување и да се ослободите од тежините кои ги имате на вашите плешки.

Ритуалите и техниките во овој курс се наменети за секој еден што доживеал загуба, било каква физичка, духовна, енергетска или емотивна.  

Процесот на тагување или одврзување е индивидуален, како во однос на интензитетот така и во однос на времетраењето.

Но кога се соочуваме со болка, понекогаш имаме многу мал избор.

Преку методите и алатките кој ќе ги користам на овој курс ќе ја опфатиме релацијата со вас самите (self-care) но и релациите со вашите најблиски, за да ги согледате и прифатите оние чувства кои се не-затворени во вас самите и кои стојат, ве кочат и ве сопираат во автентичното и радосно живеење на својот живот.

Во тој процес ќе ги користам техниките на психологот Филис Кристал но и техники од други реномирани психолози кои работат на полето на одврзување и ослободување од трауми и болки. 

Шест неделен онлајн курс во живо, всушност е наменет за длабоко внатрешно исцелување и ослободување од сето она што Ве спречува да го живеете животот целосно и автентично .

Ако сакате промени во својот живот,  да се развивате и да креирате слободна и автентична релација со себе и другите, приклучете се на овој курс каде  ќе научите како може да се ослободите од вашите негативни  емотивни и ментални блокади и болки.

За кого е наменет овој курс?

  • Ако се чувствувате осамено или напуштено;
  • Ако сте ја изгубиле љубовта на вашиот живот или љубовникот;
  • Ако сте се соочиле со смрт на некој свој близок;
  • Ако сте вдовица или вдовец;
  • Ако сте заљубени виртуелно и/или романтично со години, а тоа влијае врз вашиот живот и релации;
  • Ако сте останале без милениче или драг пријател;
  • Ако сте поминале неочекувано низ голема промена во вашиот живот – на пример развод кој не сте го посакувале, пријател кој ве предал;
  • Ако сте пронашле или сте изгубиле работа;
  • Ако сте се преселиле во нов дом или сте имале било каква загуба,

Методите и алатките кои ќе ги применуваме на овој курс навистина ќе ви помогнат да се справите со блокираните емоции кои стојат во вас.

Преку овој курс  Вие ќе може да креирате нови избори за себе, ќе ги зајакните своите лични животни вештини со што ќе си помогнете самите на себе, а со тоа ќе го подобрите својот живот и ќе продолжите да чекорите низ него со радост и внатрешен мир.

Какви придобивки ќе имате од овој курс?

  • Се ослободувате од енергетските (душевни) болки коишто ве ограничуваат да живеете слободно и оставате простор за да добиете или се поврзете со љубовта.
  • Се ослободувате до стравувањата (стравот) кои што превладуваат во вашиот живот, и се намалува грижа на совест и вина.
  • Како што се менувате Вие, ги менувате и оние околу вас. Вашите реакции ќе бидат различни на околината, а со тоа и реалноста ја доживувате различно
  • Вашите релации се подобруваат бидејќи се ослободувате од старите конфликтни модели на однесување.
  • Вашите приватни и професионални релации ќе станат непосредни, длабоки и значајни
  • Техниката и методологијата која што ќе ја работиме можете да ја користите ДОЖИВОТНО и тоа како алатка за решавање на кој било конфликт или ситуација во која што се наоѓате врзани

Што ќе добиете за себе ?

  • 6 дво-часовни работилници за личен раст и развој
  • 6 медитации и интроспекции
  • 6 техники за исцелување
  • Сертификат за завршена програма
  • Индивидуален пристап
  • Групна поддршка
  • ++БОНУС  за рана уплата до 20 Февруари добивате ваучер за едно месечно учество на Хелти ЈОГА онлајн часови за ваше физичко и ментално здравје

Кога ќе се одржува курсот ?

Курсот ќе се одржува во живо преку платформата Zoom секоја недела навечер, шест недели по ред, почнуваќи од  25 Февруари  2024

Учесниците ќе бидат дел од ексклузивната затворен ФБ Група преку која ќе се комуницира, разменува материјали и вежби.

Сесиите ќе траат 2-2.5 часа и ќе почнуваат во 20.00 час навечер.

Средбите ќе бидат во недела вечер ОНЛАЈН преку ZOOM на следните дати:

  • #1W  25 Февруари 2024  од 20.00-22.00
  • #1W   3 Март  2024  од 20.00-22.00
  • #1W  10 Март  2024  од 20.00-22.00
  • #1W  17 Март  2024  од 20.00-22.00
  • #1W  24 Март  2024  од 20.00-22.00
  • #1W 31 Март  2024   од 20.00-22.00

Курсот во живо го води м-р Билјана Пешева, долгогодишна практикантка и водителка на медитации, јога инструкторка во Healthy Yoga, тренер за возрасни и велнес коуч за Healthy Life Skils

Може да го уплатите курсот преку оваа веб страна со картичка или  електронски преку жиро сметката на СУНА ХЕЛТИ ЛАЈФ СКОПЈЕ  број  300000000379694

Информации на healthyyogaskopje@gmail.com

 

Layer 1