Придобивките од градењето на добар тим се подобрена и зголемена комуникација, развој на вештини за планирање, мотивација и соработка меѓу вработените. Преку активности во кои се поттикнува ослободување на "детето" кој секој еден го носи во себе, вработените меѓу себе можат да се видат во поинакво светло и да се поврзат на различен начин . Во нашиот случај освен забавни, нудиме и тим билдинзи со холистички пристап преку кои кај вработените се враќа природната рамнотежа која се одразува на работа и дома.
Види ја нашата понудаУспорувачки, смирувачки и енергизирачи обуки и тим билдинзи наменети за професионалци, бизнис лидери и динамични личности
Длабоко чувство на релаксација и внатрешен баланс, што помага да се зголеми ефикасноста и продуктивноста на работа
Свесно насочување на вниманието кон она што се случува во сегашниот момент, каде фокусот е врз активирање на способностите и потенијалите кај вработените за справување со предизвици.
Усвојување на техники за смирување и фокусирање на умот за поголема ефикасност и продуктивност
Учесниците ќе научат мајднфул техники кои самостојно ќе можат да ги користат на работа или дома а кои се камен темелник на водење на здрав животен стил
Сите луѓе на светот, свесно или несвесно трагаат по внатрешен мир и баланс. За да го достигнат тој мир, треба да избегнуваат да се проектираат во личностите со кои доминантно комуницираат и да очекуваат дека другата страна е тука, да ги задоволи нашите или своите потреби. Овие проекции влијаат врз личниот и професионален план и комуникација и нормално ставаат голем товар врз грбот на личноста која ја носи оваа “проекција”- најчесто тоа се нашите партнери, шефови, колеги, деца итн....
Види ПовеќеПовеќето од нас работат во брза и динамична средина, која носи во себе огромен стрес и напнатост. Како резултат на тоа, прекумерната работа, исцрпеноста на ментален, емотивен и физички план, може да се случи да сте без воља воља и ентузијазам на работа и уште поважно да не умеете да се одморите навечер бидејќи не знаете како да се исклучите од случувањата низ кои поминувате на личен или професионален план.
Види Повеќе