Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Здрава духовност: Предности од спиритуално себе-истражување

  • 28 Јан, 2024
  • Com 0

Спиритуалноста опфаќа верувања и практики, кои се длабоко лични и субјективни. Таа претставува неизоставен дел од нашето човечко постоење, почнувајќи уште од древните времиња, давајќи цел, значење и поврзаност со нешто многу поголемо нас самите.  Но, и во овој денешен, брз и материјалијален свет, вклучувањето на спиритуалноста во секојдневието, може да донесе многу предности со кои се подобрува менталното здравје, благосостојбата и квалитет на живот.

Целта на “Јануарските спиритуални работилници”,  беше да учесниците стапат во контакт со својата личната спиритуалност, која се наоѓа позади сите мисли, емоции, физички ограничувања, настани, стресови или искуства. Па, така, 45 активни учесници цел месец на почетокот на оваа 2024 година, работеа онлајн, и учеа како да се поврзат и потпрат на внатрешен извор на сигурност, мудрост и среќа, користејќи светски познати методи и техники.

Значење на духовноста во секојдневниот живот

Спиритуалноста не е ограничена само на религиозните верувања; таа е над религиозните институции или догми.  Спиритуалноста е патување на самооткривање и разбирање за длабоката смисла и цел на животот. Учесниците на “Јануарските спиритуални работилници” го знаеа тоа и тие преку медитациите се поврзаа со своите внатрешни искуства. Овој контакт на секој еден од нив им донесе мир, задоволство и уникатен поглед на животот кој го живеат.

Како што кажа една учесничка:

”Најмногу ми се допадна динамикта на медитациите. Сите почнуваа со иста основа што ги правеше да бидат една целина и секоја наредна медитација допринесуваше во квалитет и интуитивноста на претходната, со што се продлабочуваше личното искуство и доживување, како и себе откривање”.

Зошто е важно да ја активирате вашата спиритуалност

  1. Добивате внатрешен мир: Спиритуалноста им помага на луѓето да го негуваат внатрешниот мир преку поттикнување на свеста, саморазмислување и прифаќање. Да се биде во контакт со својата спиритуална страна, помага да се справите со стресот, нервозата и негативните емоции.
  2. Добивате поголема отпорност и механизам за справување со стрес и трауми: Спиритуалноста е навистина цврста основа за развивање на отпорност, особено ако ги користите спиритуалните пракси како што се: молитвата, медитацијата и себе анализирање, ќе добиете сила и утеха во тешките времиња.
  3. Дава цел и насока: Спиритуалноста дава јасност за вашата цел и насока. Преку себе истражувањето, добивате подобро разбирање за вашите страсти, таленти и тоа што навистина ви е важно. Оваа јасност овозможува да направите свесни избори кои се во согласност со вашето автентично јас, кое пак води до автентичен и посветен живот.
  4. Ја подобрува емпатијата, поврзаноста и сочувството: Спиритуалноста го зајакнува чувството на поврзаност и сочувство кон другите. Таа дава увид дека сите битија на овој свет се меѓусебно зависни и поврзани.

Активирање на својата лична спиритуалност навистина дава длабочина во секојдневното живеење, поголема поврзаност и цел во животот.

45 учесници на “Јануарските спиритуални работилници” токму тоа го посведочија и искусија!

До наредните “Спиритуални работилници” практикувајте молитва, медитација и себе набљудување.

Љубов и светлина

Билјана Пешева

за авторот: Билјана  е основач на брендот Healthy Life Skills  & Healthy Yoga  каде држи семинари, ретрити, активни одмори, обуки и часови за намалување на стресот и напнатоста кај модерниот човек употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и групите. “Спиритуални работилници” се авторски 4 неделен курс кој се одржа во Јануари 2024 

 

Тагови:
#awarness#biljanapeseva#Createnewselfimage#emotional#emotionalfreedom#energy#freechallenge#healingconversations#healthylifeskills#healthyyoga#meditaion#mentalhealtawarness#mentalhealth#mindbiljanapesheva
Споделете на:
"Mental - Detox" Викенд предизвик со Билјана Пешева
Семејни консталации како животна исцелителна и терапевтска метода

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се