Моментално празен: 0ден
![](https://healthylifeskills.mk/wp-content/uploads/2024/01/tyler-nix-v3dhmb1moxm-unsplash-scaled.jpg)
Свештеник и психолог, основач на семејни консталации, Берт Хелингер.
Семејните констелации се сметаат за најефикасна психотераписка метода за решавање на животните дилеми, односно проблемите на човековата психа кои се од системска природа, на пример: партнерство, љубов, деца, здравје или работа. Семејни косталации се алтернативен пристап кој помага да го погледнете својот живот или проблеми од сосема друга перспектива.
Оваа техника првично била развиена во деведесетите години од минатиот век од германскиот психотерапевт Берт Хелингер.Тој работел речиси 50 години со фамилии, и тоа како семеен терапевт и длабоко верувал дека енергија, може да биде и позитивна и негативна и истата може да се пронајде во семејните релации и комуникации, и тоа повеќе генерации наназад.
Терапевтскиот и исцелителен пристап на Семејни констелации е дизајниран за се открие скриената динамика која постои во релациите со луѓето, без разлика дали се тоа членови од фамилија, колеги или пријатели, со цел да се разрешат сите скриени и нескриени фактори, кои влијаат врз нив.
Семејните консталации трагаат во корените на проблемот и го решаваат истиот на она ниво на кое настанал.
Професорот Берт Хелингер, за оние кои не го познаваат, почина на 93 години на 19. 09.2019. Германецот, кој беше некогаш свештеник, го напуштил целибатот и станал психотерапевт и писател, денес е познат во целиот свет по неговата уникатна терапевтската метода „Семејна констелации“, го остави овој прекрасен текст за сите вас убави луѓе:
“Животот ќе ве разочара за да престанете да имате илузии и ја видите реалноста во која живеете.
Животот уништува сé што е непотребно, за да остане само важното.
Животот нема да ве остави сами себе да се обвинувате без да ги прифатите работите такви какви што се.
Животот ќе го земе она што го имате, сé додека не престанете да се жалите и почнете да бидете благодарни.
Животот ви испраќа конфликтни луѓе за да ве излечат, за да престанете да гледате кон нив и почнете да размислувате што има внатре во вас.
Животот ќе ви направи да паѓате повторно и повторно, сé додека не одлучите да престанете да паѓате.
Животот ќе ве води на погрешен пат и ќе ве става на крстопат, сé додека не престанете да сакате да контролирате сé и да прифатите да се движите по прирдониот тек на настаните.
Животот ќе ви става непријатели на патот, сé додека не престанете да „реагирате“ на нив.
Животот ќе ве плаши онолку пати колку што треба, сé додека не го изгубите стравот и не ја вратите вербата во него.
Животот ќе ве раздели од луѓетото што ги сакате, сé додека не разберете дека ние не сме ова тело, туку бесмртна душа.
Животот ќе ви се подсмева многу пати, сé додека не престанете да ги гледате работите толку сериозно и не почнете да се смеете на себе.
Животот ќе ве скрши на онолку делови колку што е потребно за да светлината може да навлезе во пукнатините во вас.
Животот ќе ве соочи со “бунтовници” сé додека не престанете да ги контолирате.
Животот ја повторува истата порака, постојано и постојано ако треба, некогаш дури и со врисоци и шамари, сé додека конечно не ја слушнете пораката која ви ја кажува.
Животот некогаш испраќа дури и молњи и бури, за да ве разбуди.
Животот ве понижува и знае да удира и ве тепа, повтрно и повторном сé додека не одлучите да го закопате вашето Его.
Животот го негира богатството , имотот и моќта сé додека не престанете да го посакувате и сé додека не започнете несебично да помагате и служите.
Животот ви ги крати крилјата и корените, сé додека ниту крилја ниту корени ви се потребни, за да може слободно и лесно да лета вашето битие.
Животот ги негира чудата, сé додека не разберете дека сé што ви се случува е чудо.
Животот ви го крати времето кога брзате, да научите како да живеете.
Животот ве исмева сé додека не станете “ништо”, за да потоа станете сè.
Животот не ви го дава она што го сакате, туку она што треба да го развивате.
Животот ве повредува и измачува, сé додека не се откажете од вашите каприци и “тантруми” (бес) и научите како да уживате во свесното дишење.
Животот пред вас, крие богатства сé додека не научите да излезете во живот и почнете да ги барате.
Животот го негира Бог, сé додека не го видите него во секого и во сè.
Животот ве буди, ве цеди, крши, разочарува. Но, верувајте ми, тоа го прави за да го извади најдоброто… сé додека не остане само ЉУБОВТА во вас. “
_______________