Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Стави запирка и добиј нов избор за себе

  • 14 Апр, 2023
  • Com 0

Секое утро го шетам кучето. Тргнувам во паркот по “мојата” патека, ги поминувам дрвата, ги среќавам познатите лица (најчесто оние како мене, што шетаат кучиња рано наутро). И секој ден така, истата патека, истите дрва, истите птици. Но, иако ова го правам секој ден, што мислите, дали ги свесно ги забележувам работите околу мене? Дали всушност, ние луѓето успеваме да ги видиме сите оние убави мали нешта во својот живот, додека рутински и по навика го живееме својот живот?

Ние луѓето сме суштества од навика. Сакаме да ги повторуваме работите. Несвесното повторување ни дава чувство на сигурност и припадност. Но, тука има една замкам која може да се одгатне во оваа мудра порака, цитирана од многу големи учители:

Внимавај на твоите мисли – Мислата станува збор

Внимавај на твоите зборови – зборот станува дело

Внимавај на твоите дела – делата стануваат навика

Внимавај на твоите навики – тие стануваат твој карактер

Внимавај на твојот карактер – тој станува  твоја судбина

Кога некој повторува ист образец на однесување, значи дека има воспоставено навика во својот живот. А, ако живееме по навика, тогаш како може да креираме промена во својот живот и ги разбудиме своите потенцијали?

Ерик Берн таткото на трансакциска анализа вели дека од сите живи битија човекот е нај покорно суштество. Од почетокот на своето раѓање,човекот прави она што ќе му се каже. На пример некои животни може да се дресираат за да на крај бидат покорни, додека повеќето други животни воопшто не можат да се дресираат, но човекот, човекот е друга категорија! Тој е скротен уште од почетокот на својот живот. Тој се програмира уште од самото свое раѓање, преку разните “точки” кои ги изведува за мама, тато, за учителот, за религијата, за политичарот, за државата. Борејќи се за љубовта на своите родители тој морал да научи како да се адаптира и прилагоди, за да ја добие за себе љубовта, вредноста, прифатеноста, заштитата која му недостигала. И, тоа се нарекува рано програмирање. Тука во тој дел креиран во текот на нашето детство, се кријат сите наши стравови, сомнежи и енергетски блокади.

Кога ќе размислите подобро, целата наша судбина е заснована на нашите стравови, а тие пак ги водат нашите мисли, постапки и навики. Еден будистички учител го прашале како би го дефинирал човекот, тој кажал:  Изгубен во мисли!  И навистина, ние луѓето најголемиот период од денот сме изгубени во мисли. Затоа е потребно да ги освестиме своите програми, своите мисли, навики и постапки. Или да се разбудиме! А кога ако не во Пролет!

И тука доаѓаме до поимот мајндфулнес, кој како концепт го работев  на три дневниот предизвик ПРОЛЕТНО БУДЕЊЕ, кое се одржа од 7 до 9 Април 2023 година. Мајндфулнес значи СВЕСНА ПРИСУТНОСТ. Присутност во својот живот, во своите навики, во своите мисли, во своите постапки, присутност во која од петте состојби на умот сме заглавени.

Кога сме свесно присутни, создаваме запирка, пауза, меѓу мислите и добиваме мал простор за себе во нас самите. Создаваме простор за да направиме избор на мислите и делата кои ги правиме.

На овој прекрасен онлајн настан, кој беше посетен од повеќе од 200 учесници, три дена зборувавме за тоа како може да се направи простор во себе, со цел да го разбудиме својот личен, ментален, емотивен и физички потенцијал.  Зборувавме за придобивките на емотивното ослободување од негативните емоции и ја вежбавме техниката тапкање, зборувавме за пете фази на умот кои се пречка во процесот на нашето внатрешно будење и зборувавме за свесната присутност и љубовта како суштествен дел во нашиот живот и цел кон која сите треба да се насочиме.

Секој ден имавме и мајдфулнес медитација а последниот ден и вежбавме јога за подобро физичко и ментално здравје. Па, до наредниот предизвик, вежбајте Хелти јога  и следете ги новите програми и курсеви кои ќе ги објавувам во наредниот период.

Љубов и светлина

Биби Пешева

 

______________________

УСЛОВИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ
Текстовите и останатите материјали што ги објавува healthylifeskills.mk се авторски. Крадењето авторски содржини е казниво со закон. Бесплатно преземање е дозволено исклучиво на 20 отсто од содржината со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на healthylifeskills.mk

Тагови:
#awarness#biljanapeseva#cuttingthetiesthatbind#emotionalfreedom#emotions#energy#freechallenge#healing#healingconversations#healingyourmind#healingyoursoul#healthylifeskills#healthyliving#healthyyoga#meditaion#mentalhealth#onlinepersonaldevelopment#personaldevelopmentbiljanapeshevachallenge
Споделете на:
Свесност, Будност, Интимност како дел од твојата животна сила и твојата природа - заклучок од пет дневниот предизвик
Приказна за волшебникот и овците

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се