logo

Приказна за волшебникот и овците

Сред една голема шума, живеел еден волшебник кој имал големо стадо овци. Тој секој ден за ручек, си јадеше по една овца од стадото. Заради тоа овците  беа многу уплашени и постојано му бегаа низ шумата, па тој мораше да поминува многу време, барајќи ги низ шумата и враќајќи ги назад во стадото. Секогаш кога тој ќе посакал да убие некоја овца за ручек, тие ќе почустувале, очајно се бореле и спротивставувале, па нивните крици ги плашеле и предупредувале другите овци.

Тогаш волшебникот решил да смени тактика и почнал да разговара индивидуално со секоја овца и на секоја од нив и предложил нешто различно. На пример на една и рекол: „Ти не си овца, ти си личност како мене, немаш од што да се плашиш, бидејќи јас само убивам и јадам овци, а ти си единствениот човек во ова стадо, а тоа значи ти си мој најдобар пријател“. На друга пак и кажал:  „Зошто бегаш од мене како другите овци, ти си лав и немаш од што да се плашиш, јас само убивам само овци, а ти си мој пријател“. На трета овца и кажал: „Види, ти не си овца, ти си волк. Волк кого го почитувам. Како и досега, ќе продолжам да убивам по една овца од стадото секој ден, а волкот, најдобриот пријател на волшебникот, нема причина да се плаши.“

На тој начин, тој зборуваше со секоја овца и ѝ сугерираше дека тој/таа не е овца, туку сосема друго животно, различно од сите други овци во стадото. По овие разговори, однесувањето на овците комплетно се промени – тие мирно паселе, а никогаш повеќе не побегнале во шумата. А секој пат кога волшебникот ќе ја убиел некоја  овца, тие си мислеа: „Па, тој убива само овци, јас сум – лав, волк, човек… најдобар пријател на волшебникот, немам зошто да се плашам“.

Така овците, кои тој ги убиваше, не пружаа отпор. Тој само одеше од еден до друг и велеше: „О, мој најдобар пријателе, долго време не сме се виделе. Дојди во мојот двор. Ми треба твојот совет за стадото овци“.  А “избраната” овца гордо одеше во дворот на волшебникот каде навистина разговараше за тоа што се случува во стадото. Жртвата со задоволство се ќе му раскажела, а потоа волшебникот ќе ја убиел.

И бидејќи смртта настапувала веднаш, овците немале време ништо да разберат. Волшебникот си бил многу задоволен. Тој ја подигнал самодовербата на секоја овца, и како резултат на тоа тие повеќе не размислувале за неизбежната смрт, биле помалку нервозни, си уживаа во животот и мирно си ја пасеа тревата, и токму поради тоа нивното месо било многу повкусно.

Така многу години, волшебникот лесно управувал со големо стадо. Најинтересно е што самите овци почнале да му помагаат. Ако некоја овца била претерано претпазлива и почнувала да сваќа што се случува, тогаш другите овци … (бидејќи тие се, лавови, луѓе,  волци…) ,и како такви се најдобри пријатели на волшебникот,  го известувале за чудното однесување на таа овца. Следниот ден волшебникот ја јадел претпазливата овца со големо задоволство.

 

Приказната за волшебникот и овците била омилена приказна на Гурџиеф (George Gurdjieff), кој често ја раскажувал на своите ученици.

 

Секоја случајност со вашиот живот или земја е не намерна!

 

Layer 1