Јога ретрит во Амуљани како ново искуство
Секој човек си има свој начин на полнење на своите духовни, ментални или физички “батерии”. Некои сакаат само одмор, некои планини, други пак сакаат плажи, кафани или пак нови познанства. За среќа постои комбинација на сето тоа. Тоа се јога активните одмори или т.н ретрити.
Јога ретрит е место каде што секој еден може да се повлече во себе, практикувајќи групни активности. Парадоксално, но баш е така! Целта е да успеете да се одалечите од вашиот секојдневен живот и да се опкружите со убавина, природа, добри луѓе и здрави активности. Јога ретритот е место каде што сме во контакт со природата и нејзините лековити својства. Место каде што секој излегува од својата зона на конфор и при тоа самиот решава дали ќе го искористи одморот како место за лична работа на себе и трансформација или место за повлекување и себе-набљудување.
Во тој дух, овој месец Мај го организирав мојот 17-ти (седумнаесети) јога ретрит, кој беше посетен од триесет учесници на возраст од 20 до 86 години. Учесниците имаа разни очекувања (разбирливо поради својата возраст, животна фаза и енергија), и очекуваа: вежбање, море, раздвижување, будење од зимскиот сон, дружење со нови луѓе и/или одмор.
Според евалуционите листи учесниците ги реализираа своите очекувања но, овој јога ретрит им даде уште една дополнителна вредност, а тоа е воспоставување на внатрешна рамнотежа.
Па така на прашањето, кога помислувате на вашиот живот-кои емоции ви се најблиски сега, на крајот на овој ретрит, учесниците се изјаснија за заборовите: релаксираност, смиреност, предизвик, мирнотија, радост,среќа, ентузијазам, итн…
На енергетско поле сите добивме “all inclusive” искуство!
Оние кои дојдоа за вежбање, имаа утрински и вечерни сесии јога, другите кои беа за медитација и релаксација имаа долги прошетки по прекрасните плажи во Амуљани и прекрасни медитации покрај море, трети пак сакаа дружење и нови познанства и навистина добија нови пријателства, радости и смеа во околните таверни, четврти пак сакаа одмор и изолација и си добија опуштање и релаксација на плажа и на медитација. Имаше за секој еден по нешто!
Сепак едно нешто е заедничко за сите учесници, а тоа е искуството да се дојде на Хелти јога ретрит. Секој еден што присуствувал на макар еден настан, знае дека ниту еден друг класичен одмор не може да го замени искуството, контактот или енергијата која се доживува на едно вакво патување.
Затоа Ве поканувам и Вас да ни се придружите на наредниот Јога ретрит кој ќе се одржува во втората половина на Септември 2023 година. Резервирајте си ги вашите слободни денови и придружете ми се!
Љубов и светлина ❤️
Билјана Пешева
А за ова пет дневно патување во Амуљани, учесниците во евалуацијата, кажаа:
“Се ми се допадна, Феноменално беше! Секоја чест за нашата драга учителка Биби”
“Се изненадив од себе, дека успеав да се прилагодам на луѓето во групата. Билјана е амбициозна, упорна и благодарна сум што ми помогна да се осознаам себе си и што успеав да си одговорам на некои прашања”.
“Ми се допадна твојата проточност и подготвеност да се прилагодиш на сите предизвици и ситуации. Си најдов смиреност и подршка во тебе.”