Откриј како ќе станеш најдобра верзија до себе – 6 неделен курс со техниките на Филис Кристал
Верувам дека жените се клучот на трансформација, за да овој свет, полн со раздор, зајадливост и омраза го направат да биде подобар!
Исто верувам дека ако секој еден започне од себе, може да се ослободи од приказните и уверувањата кои му се вртат во глава.
Зборувам за приказните од типот:
- Не сум доволно добра.
- Никогаш нема да успеам.
- Се е моја вина…
- Виновни се моите родители …
и сите други “глупештии” што си кажуваме сами на себе и во кои несвесно веруваме.
За среќа шест неделниот курс ““Ментално и емотивно балансирање” кој го креирав користејќи ги техниките на психологот Филис Кристал, нуди алатки и методи кои овозможуваат лесно да се ослободите од погрешните верувања и го вратите внатрешниот мир и спокој. Преку курсот, но и преку сите други програми, активни одмори, јога часови, обуки, тренинзи, кои ги држам последните десет години, сакам да ви покажам дека има излез од погрешните верувања за себе и светото околу вас.
Мојата работа е насочена кон подобрување на личната ментална, емотивна и физичка благосостојба кај секој еден на кого му треба потик, подршка и насока и ова е тоа на што посветено работам поседните 10 години, зошто сакам да ви покажам дека животот е добар, вреди да се живее и вреди да се сакаш себеси!
Животот тоа сме ние!
Еднаш кога ќе станете свесни дека вие сте носител на се добро во вапиот живот, вие ќе станете светилник за луѓето околу вас, вашето семејство, вашите пријатели, соработници, клиенти, па дури и странците на улица. Вие ќе станете суперсила која блеска, непобедлива енергија која сите може да ја почувствуваат.
И да, тоа е една од моите цели – сакам да ви покажам дека треба да станете најдобрата верзија од себе, некој во кој другите ќе се огледаат и стремат како инспирација и пример.
Само така ова наше парче земја Македонија, ќе стане подобро место за живот. Со трансформација на сите нас. Затоа секој еден од нас треба да продолжи да работи на себе и да се подобрува. Така се чувствува ефектот на пеперутка 🦋
Затоа на шест неделниот курс “”Ментално и емотивно балансирање” креиран со техниките на психологот Филис Кристал, освен голем број на нови вљубеници во себе-трансформацијата, редовно го посетуваат и учесници кои веќе го посетиле и поминале низ истиот. Последниот циклус од овој курс се одржа во Ноември и Декември 2023 и беше псетен од триесет учесници кои ги посетуваа сесиите онлајн.
На сликите подолу се дел од учесниците кои дојдоа на доделувањето на сертификатите и разментата на енергија во живо.
На сите Вас, длабоко и од срце се заблагодарувам за довербата и отвореноста 💖
До наредниот курс (Март 2024)
Happy & Healthy New 2024 Year
п.с Стани најдобра верзија од себе и приклучи се на нашите следни активности во месец Јануари 2024
- Почнуваме со здрави навики – Врв на Водно на 1 Јануари
- Јануарски онлајн Спиритуални работилници и медитации кои започнуваат на 7 Јануари
за авторот: Билјана е основач на брендот Healthy Life Skills & Healthy Yoga каде држи семинари, ретрити, активни одмори, обуки и часови за намалување на стресот и напнатоста кај модерниот човек употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и групите. Тексот е авторски и не е одзволено копирање на делови од истиот без предходна дозвола.