logo

Три правила за постигнувањена среќа во Новата 2024 година

Ни 108 причини за среќа не можат да ја опишат среќата која ја доживеав на прекрасната предновогодишна средба и работилница која се одржа на 8 Декември во “Среќа”
Ви благодарам на сите кои дојдовте но и на сите кои сте учествувале на било која активност оваа и изминатите години. Среќна сум што ве имам за свои пријатели.
Ви посакувам во оваа и во секоја наредна година да си ги пронајдете своите 108 причини за Среќа, а до тогаш , може да ги практикувате овие три мои правила:
  • 👉Кога ќе забележете нешто што е пријатно или ве воодушевува (што и да е тоа)… застанете, направете пауза и свесно впијте го тоа чувство во себе. Така ќе ја зголемите среќата и радоста во себе.
  • 👉Практикувајте љубезност кон другите луѓе па макар и со допир на нечие рамо. Бидете отворени во комуникацијата со другите (непознати) луѓе. Ние луѓето сме социјални битија. Секој копнее по искрен и автентичен контакт.
  • 👉Секој ден сетете се на три работи за кои сте благодарни. Можете дури да си праќате емаил на себе, секој ден со три работи, за кои сте си благодарни во тој ден. Малку е чудно но делува. 😁
Овие три практики нема да ви земат време, но ќе ви помогнат да освестите колку всушност сме среќни во својот живот. 😃
Љубов и светлина ❤ Билјана Пешева 
 

Layer 1