Моментално празен: 0ден
Блог
Исхраната влијае врз работната продуктивност

Кај многумина е вкоренет ставот дека деловните луѓе се хранат неквалитено. Постојано слушаме дека за таквата состојба не се виновни самите тие, туку работниот ден не може да се организира поинаку, освен на штета на работата. Како да постои верување дека повредни и покорисни се оние кои за време на работниот ден не трошат време за јадење. Дури ако на работната маса се забележи чоколада, јогурт или овошје, несвесно се добива впечаток дека на тој вработен најважно му е постојано нешто да грицка и јаде.
Но, кога машината останува без потребна енергија, таа запира со работа. Е па исто и човекот. Повеќето деловни луѓе бараат од себе и го принудуваат својот организам на беспрекорна и креативна работа, но забораваат да внесуваат здрава, балансирана храна; енергија (сонце, воздух) и релаксација (одмор и дружење со пријатни луѓе). За жал по долгиот и напорен работен ден, луѓето кои целосно се посветени на својата работа најчесто се премногу изморени за да јадат или пак јадат неквалитетно и обилно со часови и без мерка.
Врз животниот век на деловните луѓе не влијае само колку храна конзумираат, туку и што јадат – сметаат британските научници, кои докажуваат дека квалитетот, а не квантитетот на внесните калории влијае на долговечноста кај човекот.
Според нивните истражувања се потврдува дека за долговечноста многу поважно е да се намали внесувањето на протеини или масти, отколку на шеќери.
Слободно можеме да претпоставиме дека повеќето деловни луѓе имаат лоши прехранбени навики и како последица од тоа се јавува хроничен замор, пад на имунолошкиот систем, проблеми со органите за варење, кардиоваскуларни потешкотии, проблеми со притисокот и што уште не.
Деловните луѓе може да си помогнат и да ја организираат исхраната на три начина:
- со еден оброк кој ќе го донесат на работното место,
- со исхрана во некој близок ресторан кој готви здрава храна (Healthy Food)
- со исхрана која е подготвена дома
Идеално би било да се постигне комбинација од наведениве три модели со задолжителен појадок пред заминувањето на работа.
Деловните луѓе треба да избегнуваат внесување на јаглехидрати кои влијаат врз падот на концентрацијата, кои предизвикуваат поспаност или го поттикнуваат апетитот. Такви се белиот шеќер, пивото, белиот леб, кексите.
Предност треба да им се даде на производите кои даваат квалитетна енергија без преголеми осцилации на гликозата во крвта. Тука спаѓаат зелениот зеленчук, легуминозите, свежото овошје, сојата, лебот и печивата од цели зрна.
Тајната на квалитетната исхрана е во доброто планирање.
За ручек може да конзумирате:
- тестенини со сос од домати
- ориз со мешан зеленчук
- компири и салати
- млечни производи од обрано млеко со печиво од цели зрна.
- На ова може да додадете и јадења од печурки, јајца и сирење.
Конзумирањето на течности во текот на целиот ден е подеднакво важно како и јадењето. Затоа пиењето вода, сокови или чај е мошне значајно. Јадењето во ресторан најчесто е поврзано се една чаша вино, кое закрепнува и опушта. Виното изобилува со минерали и антиоксиданси, па затоа малите количини за време на ручекот се добродојдени за организмот. Се разбира, треба да се избегнуваат жестоките пијалоци, како и големите количини на пиво или вино, мрсни јадења за чие варење се потребни неколку часа.
Вложувањето во секојдневната лична исхрана е влог во подобри работни резултати, поубав изглед и добро расположение.
Вложувањето во зголемување на нивото на енергија можете да го постиотгнете со редовни лесни прошетки на околните планини.
Животниот стил кај деловните луѓе е во директна врска со нивните работни резултати.
Започнете со здрави животни навики и приклучи се на нашите први активности во 2024
- Јануарски онлајн Спиритуални работилници кои започнуваат на 7 Јануари 2024
- Јога вежби за физичко и ментално здравје кои започнуваат на 1 Февруари 2024
Љубов и светлина
Билјана Пешева
за авторот: Билјана е основач на брендот Healthy Life Skills & Healthy Yoga каде држи семинари, ретрити, активни одмори, обуки и часови за намалување на стресот и напнатоста кај модерниот човек употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и групите. Тексот е авторски и не е одзволено копирање на делови од истиот без предходна дозвола.