Научи како да се смириш кога ќе ти “пукне” филмот
Сите имаме свoja точкa на “пукање”! Сите имаме “жолта” минута! Во автомобил, на работа, со децата, кога трчаш да влезеш во автобус, кога некој те игнорира…
Секогаш кога чувствувате дека ви се подига “притисокот” или се вжештувате, кога имате чувство дека ќе “пукнете”, застанете и прифатете дека тоа е тоа! Застанете и свесно насочете го вниманието на дишењето. Потоа отпуштете ја потребата да се држите за ситуацијата. Одврзете се од она што го очекувате во моментот. Сè се менува. Целата перцепција за ситуацијата се менува.
Вие се менувате.
Но, ако тоа не ви успее еве едно едноставно решение кое можете да го примените дури и во кола:
Наместо да се нервирате, затворете ја десната ноздрва со десниот показалец, левата дланка поставете ја во чин мудра (левиот показалец, палец и среден прст ги допираш), а потоа започнете да дишете бавно и длабоко, вдишувајте броејќи до четри, издишувајте броејќи до осум, преку левата ноздрва. Дишејќи преку левата ноздрва внесувате смирувачка, женска месечева енергија, наместо оживувачка, машка сончева енергија која што природно влегува од десната ноздрва.
Направете 7 циклуси на вдишување и издишување преку левата ноздрва.
Можеби ќе се чувствувате смешно ако го правите ова на пример во автомобил, но верувајте ми, додека другите возачи се нервираат за застојот или гужвата, вие ќе бидете во многу поповолна позиција. Дури и ако го правите ова само една минута, може да го смените начинот на кој се чувствувате.
Љубов и светлина
Биби Пешева