logo

Приказна за Буда и неговата сенка

Буда на ноќта на неговото просветлување се сретнал со богот Мара, што метафорички значи се сретнал со својата сенка (слабост или страв). И покрај сите обиди на Мара да го победи Буда, тој го победил, и утрото се просветлил или “разбудил” како што велат неговите следбеници.

Она што е важно за сите нас во оваа приказна е што треба да знаеме дека Мара и понатаму се појавувал во животот на Буда, независно што тој бил Разбуден.

Па, така една вечер додека Буда говорел пред многу следбеници, Мара ненадејно се појавил, и  учениците на Буда почнале панично да се движат и да збборуваат меѓу себе “Мара е тука”, “Леле, што ќе правиме сега” ..

Буда го погледнал Мара и му рекол “Мара те гледам. Дојди, седни до мене, ќе пиеме чaj”.

Те гледам…

Кажете и на вашата сенка исто како Буда: Дојди Мара, седни да разговараме и пиеме чај.

Видете ја својата сенка, својот  страв, љубомора, завист, лутина…што и да е тоа.

Во мигот кога ја погледнувате својата сенка, вие создавате пауза каде може да почнете да истражувате во себе, да се соочите со своите слабости.

Бидејќи и Вие во себе имате своја Сенка.

Навистина многу поучна приказна за нас, обичните смртници!

Направете пауза во мигот кога ќе се осетите, лути, љубоморни, злобни…

Кога може Буда, зошто не и Вие

 

Љубов и светлина

Биби Пешева

Layer 1