Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Интимност и Блискост како дел од Емоционалната писменост

  • 07 Јун, 2023
  • Com 0

Зборот интимност често пати погрешно е разбран. Најчесто луѓето мислат дека станува збор за физичка блискост како што е гушкање, милување, бакнување или секс. Меѓутоа, размислете, ако не постои емоционална интимност помеѓу луѓето (односно емоционалната поврзаност !) и чувство на сигурност во контактот и релацијата, тогаш како може физичката интимност да оди подалеку.

Со цел вистински да се отвориме кон партнерот (или пријателите!) и да одиме длабоко во таа релација, прво треба да се чувствуваме безбедни за да можеме да ги споделиме сопствените стравови, грешки или болк, и за да на крај се прифатиме еден со друг, со сочувство и емпатија. Но за жал за многу луѓе физичката интимност е полесна од емоционалната интимност. За некои други тоа е обратно. Сепак, повеќето луѓе избегнуваат емоционална интимност или поврзаност, фокусирајќи се на физичката интимност, користејќи го сексот за да ја ублажат својата ранливост.

Но, за да бидеме емоционално интимни со партнерот, најпрво треба да бидеме интимни со себе, да ја чувствуваме сопствената ранливост, без пресуди и да развиеме здраво само-љубие. Доколку не сме задоволни со сопствената ранливост, не можеме целосно да ја примиме ранливоста од партнерот, и така нашата емоционална интимност ни се блокира. Без разлика колку е жежок сексот или колку голема физичка интимност имаме, ако не развиеме или немаме емоционална интимност и сигурност во релацијата, нема да може да се изразиме себе си и нашата релација може да тапка во место.

На личен план потребно ни е воспоставување на безбедни и здрави граници, со цел да се воспоставиме интимност на сите нивоа. Оваа безбедност е повеќе од чувството ” да се осеќам сигурно” а границите не значат отфрлање или избегнување.

Станува збор за грижа за себе !

Нашето тело ни дава постојано насоки за тоа што е безбедно а што не е. Колку повеќе сме во допир со нашето тело, толку повеќе можеме да ги примиме овие пораки, кои исто така нè поставуваат во контакт со нашата ранливост. Важно е да ги слушнете овие телесни чувства кои одат подлабоко од сексуалните чувства. Најчесто тие се заробени под слоевите на нашите предрасуди, емоции,искуства или болки.. Лесно е да ги рационализираме овие длабоки чувства, пресудувајќи си самите на себе, да не се се отвораме кога не се чувствуваме безбедно. Но, не го слушајте умот, подобро верувајте во своето тело и немојте да се критикувате или осудувате за тоа како се чувствувате.

Емоционалната интимност (Емоционалната писменост!) оди рака под рака со довербата, знаејќи дека можеме да бидеме целосно прифатени такви какви што сме со сета наша ранливост. Но, пред да можеме да прифатиме уште една личност (партнер или пријател) , и да се изразиме себеси, мораме да бидеме способни да бидеме емоционално писмени кон самите себе си и да научиме да се сакаме себеси гледајќи се во темно и светло светло, без да се лажеме себе си дека сме најдобри или да ги криеме слабостите од себе. Зошто ако не е така, ќе продолжиме да го бараме ” совршениот” партнер или “принцот на белиот коњ”, кој никогаш не доаѓа.

Понекогаш ние несвесно бараме “спасител” во партнерот, но тоа е проекција на она што го негираме или избегнуваме да дадеме на себеси: здраво самољубие, ранливост и внатрешна безбедност, задоволство да бидеме само со себе. Пред да можеме да развиеме подлабока доверба со партнерот, треба да бидеме во можност да си веруваме на себе и на интуицијата која доаѓа од сопственото тело.

 

~ Бернхард Гинтер

Тагови:
#biljanapeseva#blog#emotionalfreedom#emotions#energy#freechallenge#hathayoga#healing#healingconversations#healingyourmind#healthylifeskills#healthyliving#healthyyoga#personaldevelopment#wellnestrainingclosenessemotionintimacy
Споделете на:
Совети за здрав, хармоничен и долговечен живот
Научи како да се смириш кога ќе ти "пукне" филмот

Последни постови

Thumb
Клуб „Патот на Душата“: Простор каде се
22 Мај, 2025
Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (167)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се