Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Најава за нов курс со техниките на Филис Кристал

  • 29 Окт, 2023
  • Com 0

Од рана возраст почнав да се интересирам и практикувам техники за осознавање на мислите и смирување на умот.  Од 2013 година водам јога часови, медитации и тренинзи за подобрување на личното, емотивно и ментално здравје, имам држено и се уште држам, обуки и тим билдинзи за подобрување на комуникацијата и релациите. И од сите овие години работа со себе, со индивидуалци, групи или фирми, навистина СИЛНО ВЕРУВАМ дека медитацијата има моќ да го излечи болка, траума, да ослободи стрес, и најважно да наполни со нова енергија или живот!

Со техниката на психологот Филис Кристал се сретнав во 1996 година, кога одев на напредна едукација за трансакциска анализа (тоа е правец во психотерапија која се занимава со комуникацијата меѓу луѓето, чиј основач е Др. Ерик Берн). Психологот кој беше до Хрватска не водеше низ сите симболи и медитации. Се уште живо се сеќавам на  искуствотвата тој магичен викенд,  како и силните импресии и одлуки кои ги донесов тогаш. Всушност во тој период во животот се двоумев дали да тргнам по  патот на психологијата или по патот на духовноста, тогаш тие два пата ми изгледаа не поврзани, контрадикторни и спротивни еден на друг. Техниката на Филис Кристал  ми покажа дека нема не поврзани работи, сé е поврзано и сé има значење. Така почна моето патување! Многу сум среќна што покасно во 2001 година имав прилика и во живо да одам на семинарот на Филис кој се одржа во Скопје. Таа почина во 2016 година на 103 годишна возраст.

Техниката на Филис Кристал ја водам повеќе од 10 години, на почетокот како работилници со еден симбол, во Скопје и низ други градови во Македонија. Работилниците беа навистина посетени и на нив имав повеќе од 300 учесници,  но времето на работа  беше кратко за да се постигне поголем напредок. Но, техниката е успешна, бидејќи, имам сретнато учесници, кои биле на тие работилници, доживеале силни импресии, и се вратиле неколку години покасно за да ја “доработат” својата тема.

Последните 3 години ја работам оваа техниката како 6 неделен курс кој го правам два пати годишно и веќе го имаат поминато повеќе до 80 лица. Прочитајте ги искуствата од учесниците на моите страни.

Со помош на алатките на психологот Филис Кристал и сеопфатниот – холистички пристап кој го применувам во мојата работа со групи, Ви ветувам дека ќе се ослободите од старите потиснати емоции  и ќе може да започнете живот полн со баланс, нова енергија и визија за иднина.

Ве уверувам дека она што ќе го добиете на курсот “Mентално и емотивно балансирање” , за Вас, исто како и за мене,  ќе биде уникатно и единствено искуство.

Не се двоумете, приклучете се на ова ново патување кон себе! Почнуваме на 12 Ноември

Кликнете на линкот и дознајте се за овој курс 

Љубов и светлина

Билјана Пешева ❤️

Тагови:
#awarness#biljanapeseva#Createnewselfimage#emotionalfreedom#emotions#hathayoga#healingconversations#healthylifeskills#healthyliving#healthyyoga#meditaion#meditation#onlinepersonaldevelopment#onlineprogram#phyliscrystalbiljanapesheva
Споделете на:
HealthyME - Проект за подигање на свесноста за менталното здравје кај младите
108 за среќа - Пред новогодишна работилница и коктел забава

Последни постови

Thumb
Од судбина до избор – Храброста да
11 Сеп, 2025
Thumb
Време е за ново образование во Македонија:
30 Авг, 2025
Thumb
Илинден – ден кога ја кренавме главата…
02 Авг, 2025

Категории

  • Активен одмор (32)
  • Блог (174)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се