HealthyME – Проект за подигање на свесноста за менталното здравје кај младите
#HealthyME Со големо задоволство сакаме да ве известиме дека започна реализацијата на проектот со наслов HealthyME или “Здрав ЈАС е наменет за поддршка и подобрување на менталната благосостојба кај младите, преку решавање проблеми и подобрување на комуникацијата” кој СУНА Хелти Лајф започна да го спроведува во две основни училишта во општина Кисела Вода
Во првата фаза на проектот се сретнаа наставници од две основни училишта од општина Кисела Вода ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ и ООУ Круме Кепески кои добија тренинг за препознавање на предизвиците за менталното здравје меѓу учениците и решавање на конфликти. Семинарот го одржавме од 13 до 15 Септември во хотел Мизо, Охрид.
За време на сесиите имаше прашања, одговори, задалчи , презентации и евалуација на сработеното.
Проектот е финансиран од Европска Унија: „Техничка помош за подобрување на поволната средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ со EuropeAid/140131/DH/SER/MK и се имплементира преку CPM Consulting International. Овој проект е дел од пограмата за поддршка на Механизмот за цивилна отпорност на ЕУ (CRM) ИПА/2019/413-168/EUCRM