Како да се наполниме со енергија?
Праната (Виталната енергија) е основна живототворна енергија која тече низ нас и не одржува во живот. Кога велиме дека некој дека има висок степен на витална енергија во нашата западна култура, најчесто се мисли дека тој човек има силен дух, голема страст кога нешто работи и има силна внатрешна моќ. Да го земеме примерот на нашиот организам кој е еден систем во кој сите органи (срце, мозок, желудник, итн) заеднички работат за да може да останеме живи. Сепак иако сите ние ја имаме истата содржина во себе, тенденцијата за живот не е иста кај сите нас! Некои луѓе изгледаат како да имаат поголем апетот за живот, нетрпеливи се, асертивни, динамични, превземаат ризик, и/или понестабилни се од другите луѓе. За овие луѓе велиме дека имаат висок степен на витална енергија во себе. Додека пак луѓето со ислучително низок степен на витална енергија најчесто ќе се обидат да избегнат тешки ситуации, бидејки нема да имаат енергија да се соочат со нив. Сепак ниска витална енергија понекогаш е потребна, бидејки ни обезбедува, одмор и трпение, особено кога се соочуваме со предизвици и тешкотии во животот.
Оттука сите луѓе на светот ја имаат во себе оваа енергија, но во различен интензитет! Тоа го имате осетено, така ? Некои го осеќаат тоа свесно а некои несвесно. Затоа знаеме да кажеме: “Леле колку ме “цеди” оној човек…”. или пак “Колку се осеќам исполнет кога сум со неа или него!”. Може да ја наречеме како сакате но таа е една иста енергија која се манифестира во нас како физичка, ментална, интелектуална, сексуална и/или духовна енергија.
Но, светот во кој живееме негативно влијае врз нашата природна витална енергија, врз нашето здравје и долговечноста. Инако имаме се што ќе посакаме во нашите домови за да ни биде полесен животот, ние се повеќе и повеќе се чувствуваме уморни. Дополнително на тоа нашето слободно време го трошиме на компјутер, на лап топ, на телефон, пред ТВ а пак после сето тоа се повеќе и повеќе сме уморни. Зошто е тоа така? Најверојатно затоа што овие уреди не ни ја надополнуваат енергијата, тука ни ја одземаат! Колку повеке сме опкружени со електромагнетни полиња од сите уреди околу нас толку помалку ќе имаме енергија. Денес речиси сите работни места вклучуваат компјутери и присуство на мобилен телефони па со сето тоа околу вас, нормално е што се чувствувате уморно. Всушност тоа не е нормално!
На физичко ниво во нашиот мозок се наоѓа хупоталамусот кој е одговорен за нашето дишење, оксидацијата-размената на кислородот помеѓу белите дробови и крвта, и циркулација на крвта низ нашето тело. Колку повеке кислород во крвта имаме, степенот на нашата витална енергија е повисок. Колку повеке сме на места каде што има чист воздух и кислород повеќе овозможуваме апсорбција на оваа енергија во нашето тело и чувството на умор, тапост, мрзливост и напнатост или стрес исчезнува а нашата витална енергија се подига.
Животна енергија или прана најмногу ја има во природата и тоа особено на планина или во шума. Со посета на вакви места ние си овозможуваме нова свежа енергија, да влезе во нас преку процесот на дишење со што се почувствуваме одморени, балансирани и полни со енергија. Ова е најуспешниот и најбрзиот начин како да дојдете до нова енергија во вас.
Сепак, постојат повеке начини како можете да ја подигнете вашата витална енергија (прана) во вашето тело без разлика дали сте во природа или не. Еве неколку идеи како да си помогнете на себе за да го подигнете нивото на витална енергија во вашето тело:
– Проветрувајте го редовно просторот каде што живеете, за да нова свежа енергија влезе во него;
– Чувајте и негувајте цвекиња дома. Тие помагаат во отстранување на токсините од воздухот и го зголемуаат нивото на кислородот во куќата
– Избегнувајте да гледате насилни филмови
– Практикувајте редовно јога вежби и медитација заради одржување на внатрешниот баланс и полнење со енергија или прана
– Направите добро дело без да барате за возврат ништо
– Најмалку еден оброк дневно јадете го во тишина
– Јадете зелени салати, супи и зеленчук секој ден.
– Избегнувајте преработена и замрзната храна бидејки во неа нема прана
– Ако готвите со љубов вашата храна ке има повеке прана
– Изложете се на сонце, на месечина или на свеж воздух бидејки тоа го зголемува нивото на прана во вашето тело
– Вежбање или било каков спорт на отворено ни дава повеќе прана.
– Пешачењето го успорува нашиот ум и зголемува апсорпцијата на праната
– Да се биде во природа е добро, но најдобри се шуми и планини каде што има многу прана
– По грмотевици воздухот е полн со ознон што содржи многу прана
– Вежбајте техники кои ќе ви го зголемат нивото на прана во вашето тело ќе ви потикне леснотија, внатрешен мир и мирна свест која ке му биде од корист на секој апсект во вашиот живот.