Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

„HEALthyME – Ментално Благосостојба на Младите во Училиштата во Македонија“

  • 03 Окт, 2024
  • Com 0

Проектот HEALthyME – Ментално Благосостојба на Младите во Училиштата во Македонија има за цел да го подобри менталното здравје на учениците и наставниците во основните училишта преку воведување на мајнфулнес практики и други техники за самосвест. Проектот е дизајниран да помогне младите да развијат вештини за емоционална регулација, да ги подобрат нивните комуникациски вештини и да научат како да се справуваат со стресот и предизвиците во секојдневниот живот.

На 30-ти септември 2024 година, одржавме неверојатна сесија во ОУ „Круме Кепески“ со 24 прекрасни деца на возраст од 10 до 13 години. Децата беа полни со енергија и со радост се вклучија во активностите. Сесијата ја започнав со приказната „Ефект на бранови“, која им го покажа значењето на добрината – како мал чин на добрина може да создаде огромен позитивен ефект.

Децата многу сакаа да соработуваат и навистина уживаа во игрите. Потоа имавме игра со конец, каде што покажавме дека сите сме поврзани и нашите мисли и дела имаат влијание едни на други. Играта беше прекрасно искуство за сите – децата буквално го почувствуваа значењето на заедништвото.

Потоа, ги охрабрив децата да се изразат преку рефлективно цртање. Секој од нив напиша една добра мисла и потоа си ги разменија мислите со своите другарчиња, читајќи ги на глас. Беше навистина инспиративно да се слушнат нивните зборови полни со добрина и позитивност.

Сесијата ја завршивме со внимателно дишење, каде децата учеа како да се смират и да шират добрина кон себе и кон другите. Тоа беше првпат за многумина да се сретнат со мајндфулнес, но навистина уживаа во искуството.

Mind & Life Institute, како донатор на овој проект, е организација која се фокусира на интегрирање на науката и контемплативните практики како начин за подобрување на благосостојбата и решавање на проблеми поврзани со менталното здравје. Нивната поддршка е од огромна важност бидејќи тие веруваат во моќта на mindfulness и контемплативните практики да внесат позитивни промени во животот на младите.

Зошто е важно да се применат mindfulness практиките кај младите?

Во денешното време, младите се соочуваат со многу предизвици, од  школото, до социјалните и емоционалните проблеми. Mindfulness практиките им овозможуваат на младите да развијат самосвест, да ги разберат своите емоции и да се справуваат со стресот на еден здрав и конструктивен начин. Преку овие техники, тие учат да останат присутни во моментот, да ги регулираат своите реакции и да создаваат баланс помеѓу своите мисли и чувства.

Што добиваат младите од mindfulness практиките:

  1. Подобра самосвест и емоционална регулација: Младите ќе научат да ги препознаваат и разбираат своите емоции, што ќе им помогне да реагираат поумерено во стресни ситуации.
  2. Намалување на стресот: Преку редовни практики за внимателно дишење и медитација, учениците ќе можат да го намалат стресот и анксиозноста.
  3. Подобрување на концентрацијата: Mindfulness ги учи децата како да се фокусираат на моментот и да го подобрат своето внимание, што е корисно за училишните обврски.
  4. Зголемена емпатија и добрина: Преку практики на љубовна добрина (loving-kindness meditation), младите учат да развиваат емпатија и добрина кон себе и кон другите.
  5. Подобрување на општото ментално здравје: Mindfulness има долгорочни позитивни ефекти врз менталното здравје, намалувајќи ги симптомите на депресија и анксиозност кај младите.

Преку HEALthyME, учениците во Македонија ќе добијат можност да научат техники кои не само што ќе им помогнат да се справат со предизвиците на училиште, туку и да станат посамосвесни и посреќни во секојдневниот живот. Голема благодарност до директорката и наставниците  што ни помогнаа во реализацијата на оваа сесија и што покажаа огромна поддршка за проектот. Без нив, оваа активност немаше да биде толку успешна.

Се радуваме на следната сесија и на сите прекрасни моменти што нè очекуваат со овие млади умови!

Билјана Пешева

Суна Хелти Лајф

Тагови:
#biljanapeseva#hathayoga#healingconversations#healthy#healthylifeskills#healthyliving#mentalhealtawarness#mindHealthyMEinstitutelifemindfulnessYOUTHмајнфулнес
Споделете на:
Патување кон внатрешниот мир преку Семејни Констелации
Патување Кон Внатрешна Слобода: Јога Ретрит во Крушево

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се