Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Патување кон внатрешниот мир преку Семејни Констелации

  • 03 Окт, 2024
  • Com 0

Вера, Љубов и Надеж во Долно Соње – Патување во Семејното и Колективното Несвесно

Драги пријатели и љубители на здравиот начин на живот,

Сакам да споделам со вас едно исклучително доживување кое го имавме пред неколку дена во прекрасната природа на село Долно Соње. По повод Денот на Вера, Љубов и Надеж, заедно со 17 учесници се впуштивме во длабоко патување преку Семејните Констелации, истражувајќи ги тајните на нашето фамилијарно и колективно несвесно.

Искрено, не можев да замислам поубаво место за овој целодневне настан – оревот и неговата крошна ни го отворија Полето. Потоа зеленилото околу нас, чистиот воздух и чувството на спокојство во природа, совршено го дополнија процесот. Но, како што понекогаш и самите ние се менуваме и трансформираме, така и времето се промени ненадејно – од топло и мирно, до ладно и ветровито. Ветрот кој ненадејно започна да дува, ми се чинеше како симболика за она што го работевме тој ден – ги оддуваше сите наши дилеми, стравови и нерешени прашања, оставајќи место за нова енергија и чистота.

Работејќи со секој од учесниците, видов како Семејните Констелации продираат длабоко во сржта на нивните прашања. Понекогаш, одговорите лежат токму таму каде што не очекуваме – во нашите корени, во нерешените врски со предците или во повторувањето на фамилијарни шаблони кои влијаат во сегашноста. Секој од учесниците доби можност да ги открие скриените динамики во својот живот и да најде одговори на своите прашања и дилеми.

Она што ме воодушеви беше што секој од нив успеа да си го врати балансот, хармонијата и рамнотежата во своето битие. Семејните Констелации не се само техника – тоа е длабока метода која ни помага да ја разбереме суштината на нашите проблеми и да го пронајдеме патот кон лична трансформација.

И како што се смени времето тој ден, така се променија и учесниците – од тешки прашања, несигурност и болка, кон олеснување, мир и внатрешна јасност.

Ветрот го симболизираше ослободувањето од сето она што ни тежи. И јас, како  консталатор- терапевт, со задоволство сведочев на трансформациите кои се случија кај секој од нив – практично верата, љубовта и надежта се засили додека учеснциите се соочуваа со своите вистини и ги прегрнуваа решенијата.

Ова беше еден ден кој засекогаш ќе го паметам – ден на длабока трансформација, споделена со прекрасни души кои беа подготвени да се променат.

Со нетрпение ги очекувам нашите следните настани и средби кои ќе донесат нови можности за личен раст!

Ви благодарам на сите што го споделувате ова патување со мене. ❤️

Љубов и светлина ,
Билјана Пешева

Тагови:
#biljanapeseva#cuttingthetiesthatbind#emotional#healingyourmind#healingyoursoul#healthylifeskills#healthyyoga#mentalhealth#womenbiljanapeshevaconstellationfamilyfamily constellationPhyllis Kristalберт хелингерконстелациисемејнисемејниконстелацииФилис Кристал
Споделете на:
Успешнно одржана работилница „Градиме здрави навики“ во Охрид
„HEALthyME - Ментално Благосостојба на Младите во Училиштата во Македонија“

Последни постови

Thumb
Клуб „Патот на Душата“: Простор каде се
22 Мај, 2025
Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (167)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се