Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Активен одмор

Патување Кон Внатрешна Слобода: Јога Ретрит во Крушево

  • 13 Окт, 2024
  • Com 0

Оваа есен, ја имавме привилегијата да одиме на јога активен одмор  и ја доживееме магијата на Крушево – ретрит кој траеше четири дена, исполнети со мир, поврзување и нови искуства. Крушево, со својата есенска убавина, стана наша инспирација за внатрешна трансформација, опуштање и заеднички моменти што ќе ги паметиме долго.

Секој ден започнуваше и завршуваше со јога – утрински и вечерни сесии кои нè потсетуваа на важноста на присутноста и грижата за себе. Но, времето за поврзување продолжуваше и после вечерата, кога се впуштавме во разговори, игри и саморефлексија. Тие моменти на длабоки разговори беа можност за нас да се запознаеме себеси и едни со други на сосема нов начин.

Имавме и социјални игри и тим билдинг активности низ улиците на Крушево. За два часа ги истражувавме улиците, решавајќи задачи кои нè вклучија сите. Иако уморот го почувствуваа сите, задоволството на крајот беше огромно – на некој начин, сите бевме победници. Крушево со своите полни улици и есенска убавина ни понуди нешто уникатно: паднатите лисја, сончевите зраци и шаренилото на природата станаа наша метафора за промени, баш како што ние се менувавме низ тие четири дена.

Воздухот, планините и магијата на есента нè потсетија на тоа колку е важно да  запреме и да уживаме во секој момент. Заокружувајќи го ретритот, ја посетивме спомен куќата на Никола Мартиновски и се потсетивме на наследството што нашите предци ни го оставиле.

Да се биде во Крушево на 11 Октомври значи да се биде дел од нешто поголемо –  да се биде дел од македонскиот непокор и гордост. Ова патување остави траен белег на сите и  си заминавме со обновена енергија, љубов и благодарност.

До следната авантура и новите моменти на поврзување! 🙏💖 Биби Пешева

 

 

 

Споделете на:
„HEALthyME - Ментално Благосостојба на Младите во Училиштата во Македонија“
Поддршка за Менталното Здравје на Децата: Вредноста на Почитта во ОУ Круме Кепески - Кисела Вода

Последни постови

Thumb
Wellness Afterwork & Релациските потреби: Науката и
03 Мар, 2026
Thumb
Како наследството од нашите предци влијае на
02 Мар, 2026
Thumb
Скулптурирање на односите – кога внатрешниот свет
16 Фев, 2026

Категории

  • Активен одмор (33)
  • Блог (186)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (64)
  • Курсеви (11)
  • Личен развој (91)
  • Настани (51)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2026 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се