Прескокнете до содржината
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
0

Моментално празен: 0ден

Продолжете со шопинг

Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
  • Настани
  • Услуги
    • Јога и здравје
    • Активен одмор
    • Личен раст и развој
    • Проекти
  • За нас
  • Блог
  • Продавница
  • en_US
  • mk_MK
Блог

Фрижидер

  • 17 Авг, 2023
  • Com 0

Одамна сакам да почнам да пишувам асоцијации. Секако пензионирањето ми даде простор за тоа. Денес решив конечно да започнам со пишувањето и првата асоцијација да ја споделам со вас.
Случки од секојдневното живеење, некако со возраста ме асоцираат на духовното живеење и ме тераат да ги поврзувам едни со други.
Оваа асоцијација ја нареков фрижидер.

Честопати сопругот ми замера дека ги префаќам и преместувам работите во фрижидерот од едно место на друго. Еве и денес откако се вративме од пазар, самата се фатив во таа моја активност и нормално си ја оправдав својата постапка.
Е, како сега да ја оставам големата здела за сирење кога го изедовме повеќе од половина и остана сосем малку сирење, а зделата ми одзема простор во фрижидерот. Го преместив во помала здела и си отворив простор за нешто друго. И дињата речиси сме ја изеле ,уште едно парче останало, а се уште стои во голема здела. Ајде и последното парче диња во помала здела. Оп, и тука ми се отвори простор. Еееее, кесата со краставици од минатиот пат уште си стои подиспразнета во фјоката, а краставиците сега веќе повеќе од половина изедени , си се подрашириле, си се раскомотиле во фјоката, им го зафатиле местото и на праските, па само навидум за нив нема место. И краставиците ги спастрив и им ги донесов праските во комшилук.

И така безброј други преместувања и прередувања во фрижидерот, во истиот простор ми овозможуваат да си направам место за нови нешта.

Е така дојдов до мојата асоцијација на фрижидерот со моето тело, мојот ум, моите емоции.

Од секогаш сум сакала промени и во просторот во кој живеам и во моите сознавања на нештата и во учењата на нови нешта. Постојат луѓе кои едноставно не сакаат промени, убаво им е едаш ставено и оставено. Но моето тело, мојот ум, моите емоции и фрижидерот едноставно не можат да функционираат така и затоа си имаат голема поврзаност меѓу себе.

Денес сум научила нешто, го користам тоа одреден период во животот, па согледувам дека излегле други работи кои уште подобро функционираат од досега наученото. Го тргам досега наученото и му отстапувам место на новото, подобро сознание. И во мојот ум се случува истото. Постоеле наметнати мисли, наметнати навики, наметнати сфаќања, но кога ќе ја освестам вистината за нив, почнувам да ги прередувам, исто како што правам со фрижидерот, некои дури сосема ги исфрлам од мене. Почнувам да се запрашувам, оваа наметната мисла или навика, дали ми користи или пак само слепо си ја следам?? Моите емоции , од каде ми се?? морам ли да ги држам постојано истите во мене ?? ми користат ли или ме трошат ??? Кога ќе си освестам дека сум заглавена во непотребни навики, мисли, емиции, почнувам со чистка. Ги тргам старите и им отстапувам место на нови, кои во моментот мислам дека се подобри за моето постоење.

И така постојано, како што го прередувам фрижидерот на секое пазарење, си буричкам и во моите мисли, во моите емоции, во моите постапки и постојано реди – пререди во истото тело, во истиот но пререден ум. Си го средувам хаосот во себе. Тоа не значи дека еднаш средено така и ќе остане, но научив до следното средување , да уживам во средениот фрижидер, во средените емоции, се додека не дојде време за нови прередувања, во мислите, во навиките, во емоциите, во фрижидерот.

Научив да не се нервирам кога ќе дојде новиот хаос, туку да ги засукам ракавите и да почнам со прередување и создавање на простор за прием на новата ситуација, од која секако ќе извлечам нови сознанија, па во следниот период ќе уживам во нив.

И да не се правам важна, дека секогаш беше така. Со тоа мое реди – пререди , постепено станав свесна дека треба да уживам во тој процес, а не како некогаш да се нервирам заради тоа.

Ееее – живот – фрижидер.
Автор на текстот: Сузана Петреска
***
Сузана Петреска е учесник на 21 дневниот јога предизвик кој започна на 14 Август и трае до 3 Септември, каде што го објави овој свој пост.
И благодариме бескрајно, што го сподели овој нејзина увид со нас, нејзината инспирација е и наша инспирација! Се надеваме дека нејзините постови, текстови и белешки со кои не опсипува. ќе завршат еден ден во нејзина книга.

 

Тагови:
#awarness#biljanapeseva#emotional#emotionalfreedom#freechallenge#hathayoga#healingconversations#healingyoursoul#healthylifeskills#healthyyoga#meditaion#meditation#mentalhealtawarness#personaldevelopment#wellnestraining21daychallengebiljanapesheva
Споделете на:
Иновативен рецепт за успех кај младите - Развој на меки вештини
Дојранска јога среќа

Оставете Одговор Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Последни постови

Thumb
Од осаменост до поврзаност: Зошто љубовта бара
12 Мај, 2025
Thumb
Жените и мажите во потрага по себе:
05 Мај, 2025
Thumb
Кога Мајката простува: Моќта на безусловната љубов
02 Мај, 2025

Категории

  • Активен одмор (30)
  • Блог (166)
  • Галерија (1)
  • Јога и здравје (61)
  • Курсеви (8)
  • Личен развој (83)
  • Настани (49)
  • Проекти (21)
shape-06
shape-07

Адреса

СУНА Хелти Лајф Скопје

Ул. Христо Татарчев 47/3

1000 Скопје , Кисела Вода

 

Email: healthylifeskills.online@gmail.com

Платформа

  • За нас
  • Политика за приватност
  • Водич за плаќање

Линкови

  • Профил
shape-09
shape-08

Контакти

Внесете ја вашата e-mail адреса за да добивате известување


Icon-facebook Icon-linkedin2 Icon-instagram Icon-youtube
Авторски права 2025 Healthy life skills | Сите права се задржани
Healthy Life SkillsHealthy Life Skills
Пријавете сеПријавете се

Пријавете се

Немате сметка? Пријавете се
Ја изгубивте лозинката?

Пријавете се

Веќе имате сметка? Пријавете се