logo

Дознај како можеш да ја зајакнеш својата среќа

Дали сте размислувале што значи поимот среќа за вас и дали навистина разбирате што е тоа што ве прави навистина достапни за среќата?

Наједноставно кажано: Среќата е вашиот потенцијал. Па, што е тоа што не спречува да ја осетиме, видиме или имаме?

Има една приказна за Шерлок Холмс и неговиот пријател Др.Вотсон која се случила кога биле на кампување.  Вечерта го поставиле својот шатор, заспале и неколку часа подоцна, Шерлок го буди својот верен пријател и му вели: “Вотсон погледни на небото и кажи ми што гледаш”? Вотсон одговoрил: “Гледам милиони ѕвезди” a Шерлок Холмс го прашал: “И што ти кажува тоа?” Вотсон малку размислувал и кажал: ”Aстрономски, ми кажува дека има милиони галаксии и потенцијално милијарди планети; Временски, ми се чини дека сега е приближно три и петнаесет наутро; Теолошки гледано очигледно Господ е семоќен, а ние сме мали и безначајни; Метеоролошки  гледано се чини дека ќе имаме чист убав ден утре! А, што тебе ти кажува пријателе? Холмс, молчел малку и потоа му кажал: “Вотсон, ти идиоту, некој ни го украл шаторот!”

Навиките за тоа како и каде го насочуваме вниманиетo целосно го обликува расположението а со тоа и погледот кон среќата. Секој си има свои карактеристични модели на обрнување внимание, односно насока каде што вниманието му оди. Исто како Др.Вотсон и Шерлок Холмс.  Ограничувања кои ги имаме во умот е она кое нè спречува да ја доживееме среќата. Толку многу сме се навикнувале да не сме среќни, што имаме заборавено дека таа е дел од нас и дека сме родени да ја доживееме или допреме во овој наш живот. Навиката за тоа како и за што размислуваме го обликува нашиот живот. Се претпоставува дека 86.000 мисли минуваат низ нашата глава секој ден. Од нив ни 10 %  не се свесни мисли. Односно и денес и вчера ги вртиме истите несвесни мисли, или ги повторуваме истите обрасци на мислење. А она што го практикуваме редовно, станува посилно,па во овој контекс значи дека го засилуваме само она што го чувствуваме, мислиме и правиме на несвесно ниво и тука нема промена.

Во еден разговор со една жена која доаѓа на моите програми за раст и развој и медитации, ми кажа дека не верува дека може да се смени; Вели Јас сум таква цел живот, депресивна и несигурна, тоа ми е навика. Таа толку е навикната на тоа што цело време е наочена да бара докази околу себе дека се е несигурно и страшно. Често  пати налетувам на вакво размислување, многумина го имаат и манифестираат со прашањата: Што ако не можам да го променам начинот кој сакам да го променам? Што ако никогаш не можам да се почувствувам блиска со другите? Што ако  никогаш не можам навистина да стекнам чувство на мир или да најдам љубов? Што ако не можам да се допаднам ? Што ако…. ?

Причината поради која ви го пишувам сето ова е што сите имаме потенцијал за да се поврземе, да се промениме, да доживееме среќа, љубов, мир или спокој. Дури и Буда верувал во тој потенцијал кога кажал дека никогаш нема да ги споделувал своите практики и учења, ако не било вистински можно да се допре до благосостојбата, среќата и слободата на човекот.

Ние поради нашата природна тенденција на умот и присрасност кон негативноста, приородно тежнееме да го гледаме небото но да сме загрижени за тоа кој го украл шаторот. Па за да го избалансираме ова треба да стекнеме нови навики да уживаме, да ја гледаме убавината околу нас и да се отвориме кон добрината. Тоа е оној вид на среќа кој многумина од нас го пропуштаат во ова модерно западно општество.

Католичкиот мистик Андре Нуан вели дека радоста не се случува лесно, ние треба да ја избереме и да продолжиме да избираме секој ден.

Така препрограмирањето започнува со отворање на личниот капацитет кон среќа. Постојат многу начини да внесеме среќа и радост во умот, но овде ќе набројам три од нив. Значи ако сакате да внесете нова навика,  да ја инсталирате новата особина во вашиот живот, треба да се повикате на некое позитивно искуство и да го одржите во свесноста отприлика 15 до 30 секунди.  Свесно да го задржите убавото чувството или искуството и го одржите во вашата свесност. Она што најчесто се случува во реалноста е кога гледаме на пример во небо или во полна месечина, велиме “Уф колку е убаво”,  добиваjќи чувство дека сме дел од универзумот, и веднаш потоа нашиот ум автоматски се врти кон нешто друго или едноставно погледнувате во својот телефон и заборавате.

Така, за да го зголемите личниот капацитет за среќа вежбајте ги овие три нешта:  

Благодарност

За да внесете радост во својот ум и да ја вградите таа позитивна состојба потребно е да практикувате благодарност со намера. Секој еден од нас има дел во себе кој е навикнат да се жали или кука и далеку е од благодарноста. Ова е вежба за тој дел од вас.  Има една приказна за благодарност за човекот кој се викал Кабир (за чевларот, не поетот) кој секогаш кога работел ја повторувал мантрата Рам, Рам, Рам. Тоа било негов начин да изрази чувство на благодарност кон Бог и божественоста. Тоа го правел секој ден во текот на 20 години и  еден ден се појавил Рама пред него, а Кабир го прашал: Кој си ти? Рама одговорил: Јас сум Рама. Кабир го прашал: Зошто си тука?  Рама рекол: Со години и години ме повикуваш и сега дојдов! Што сакаш? Го прашал Кабир “Не сакам ништо”. Рама на тоа рекол: Па зошто го повторуваш моето име, а тој одговорил “Jас само сакам да го повторувам твоето име, едноставно го сакам звукот на твоето име, Рама.  Од тогаш каде и да одел Кабир, бил следен од Рама кој повторувал позади него: Кабир, Кабир, Кабир….

Она што сакам да ви предложам е да во било кој период на денот тивко во себе си ги шепнете зборовите: Јас сум благодарeн/a за ….  и  пополнете го празното место,и продолжете  да си шепотите за други работи за кои сте благодарни и кои ќе ви паднат на ум. Тоа може да биде за било што: за она што го правите во тој момент, за пријателите, за тоа што сте здрави и живи, за било што. Вежбајте!       

Помагање   

Втор начин да го зголемете својот капацитет за среќа е да сте им од корист на другите. За да сватите колку е тоа толку многу важно, погледнете некој ваш пријател кој страда од депресија. Тие луѓе се нај затворени. Но, секогаш кога прават нешто за некој друг, или имаат чувство на давање, тоа им помага да ја подигнат својата енергијата. Депресијата е тешка сама по себе но е фокусирана само на себе. Целото општество е фокусирано само на себе, затоа ако започнете несебично да делите или давате (време, енергија, помош) на други луѓе, си помагате на себе и излегувате од навиката на умот кој се фокусира само на она што не е во ред или што недостасува. Несебична помош значи дека не треба да се очекува ништо за возврат, дури ни едно обично “фала” од личноста на која и помагате. Едноставно им помагате и тоа е тоа.

Сетете се на некоја личност од вашиот живот кој поминува низ тежок период и размислете што може да направите за него/неа. Мора да постои нешто дури ако треба и тајно истото да го направите. Тоа може да биде обичен разговор, споделување, поклон, помош. Да ви кажам дека уште посилно се зголемува капацитетот за среќа кога тоа го правите на човек кој не го познавате. Обидете се! Искуството е уникатно и чувството на среќа и значај на својот живот се мултиплицира, ви кажувам од искуство!

Уживање

Ајнштајн напишал: Има два начина да го живееш животот, едниот е да живееш како ништо да не е значајно во твојот живот, а другиот е да живееш како да твојот животот  е вистинско чудо.

Познавам еден брачен пар кој е пред своите 70ти години од животот, сакаат да патуваат и да живеат со полна пареа. Така и живеат. Неодамна отидоа во пензија, работејќи до последно. Се воодушевувам како низ сите овие десетина години од кога ги знам, вложуваат свесен напор за да си го направат животот по убав, по интересен и по здрав, независно од годините и окружувањето. Стално им велам кога ќе пораснам сакам да сум како вас.

Уживањето не мора да биде нешто гламурозно, прекрасно, возбудливо, диво или возбудливо. Тоа се состои во малите нешта. И ако се потсеќаме и ги применуваме тие нешта, тоа станува може да стане навика и животот станува навистина полесен и повесел. Малите работи може да бидат: уживање во нечија смеа; разговор со пријателка од детство, прошетка покрај некоја река или море, некој кога заразно се смее (како сестра ми со која незвисно која тема ја збориме се смее), уживање во убава музика, природа, односно нешто што навистина ве тера да се чувствувате убаво,  среќно и дека сте дел од нешто поголемо, од универзумот. И овде не зборувам за уживање кое се добива кога ги конзумираме зависностите на денешнината како што се цигари, марихуана, алкохол, кафанче,  ракија… и се што влегува во оваа категорија.  Уживањето за кое овде зборувам е здрав и радосен поглед кон себе и околината, без примена на надворешни стимуланси.

Така благодарноста, служењето и уживањето се трите задачи со кои може да го подигнете својот личен капацитет за среќа. Практикувајте ги секој ден за да вашата среќа стане достапна и присутна во вашиот живот.    

Happy & Healthy 2024 

Билјана Пешева  🩷

п.с Ако ти се допадна приклучи се на нашите следни активности во месец Јануари 2024

 

за авторот: Билјана  е основач на брендот Healthy Life Skills  & Healthy Yoga  каде држи семинари, ретрити, активни одмори, обуки и часови за намалување на стресот и напнатоста кај модерниот човек употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и групите. Тексот е авторски и не е одзволено копирање на делови од истиот без предходна дозвола.

 

Layer 1