Моментално празен: 0ден
Активен одмор
Најава: Јога Активен Одмор во Ќерет, Албанија Јуни 2025
После минатогодишниот успех, со радост ве канам на второто издание на Јога Активен Одмор во Ќерет, (Qerret, Kavaje, Albania). Овој пат, од 1 до 8 Јуни 2025, во прекрасниот хотел Мерар , со нова уште по интересна програма, која ќе го трансформира вашиот одмор во незаборавно искуство на регенерација, опуштање, личен развој и радост.
Избор на време траење на одморот: 7 или 3 ноќевања
Бидејќи првата недела во Јуни 2025 вклучува во себе еден неработен ден, можете да изберете помеѓу:
- Комплетен одмор од 7 ноќевања (до доручек и вечера), или
- Скратена верзија од 3 ноќевања( со доручек и вечера), идеално за оние кои сакаат само продолжен викенд.
Во двата случаи, ќе имате можност да се препуштите на уникатни јога часови на плажа, вечерни работилници за поврзување и лични увиди, како и групни активности и прошетки што инспирираат заедништво и духовна хармонија.
Програмата е збогатена и со туристички посети
Доколку има доволно заинтересирани ќе одиме на две шест часовни екскурзии во:
- Драч – Познат по своето древно пристаниште и раскошните песочни плажи, овој град е срцето на албанската историја и култура.
- Крује – Градот на јунакот Скендербег, со уникатен замок и традиционален пазар, познат по рачните изработки и локалните производи кои го носат духот на Албанија.
Превоз
Лани патувавме со сопствени автомобили, и тоа искуство се покажа како најдобро. Обично се делиме по тројца во секоја кола, што го прави патот поефтин и побрз. Сепак, важно е да имаме доволно пријавени возачи со автомобили кои ќе се приклучат на ова патување.
Доколку немате можност за сопствен превоз, секогаш постои можност да организираме комбе или автобус, во зависност од големината на групата. За да го олесниме процесот, ве молиме да се пријавите дека сте заинтересирани за учество на healthyyogaskopje@gmail.com или 070234740 (Вибер).
Пријавувањето е отворено до 15 Март, а за да го потврдите вашето учество, потребно е да уплатите 100 евра како учество.
Зошто да дојдете со нас?
Јога активните одмори со Хелти Јога се многу повеќе од обичен одмор. Тие се патување кон себе, преку кое:
- Излегувате од секојдневната рутина и го оставате стресот зад себе.
- Учите техники за подобрување на менталната и физичката благосостојба.
- Се инспирирате преку древни и современи методи за личен раст.
Нашите програми се внимателно дизајнирани да одговорат на вашите потреби за баланс и хармонија. Преку јога, медитација и интерактивни работилници, ќе стекнете нови вештини кои ќе ви помогнат да го подобрите својот личен и професионален живот.
Велнес концептот кој го применуваме е многу повеќе од физичко здравје, вежбање и исхрана. Тоа е интеграција на физичката, менталната и духовната благосостојба. На нашите активни одмори, оваа филозофија ја претвораме во практика, преку која секој учесник ќе почувствува целосна трансформација.
Прочитај повеќе
Повеќе информации за програмата и искуствата од минатата година во Ќерет може да најдете овде
А зошто треба да дојдете со нас на јога одмор кликнете ОВДЕ
Healthy Yoga Retreat во Ќерет, Албанија ви нуди
✓ 7 дневен ретрит (7 или 3 ноќевања со вклучено доручек и вечера) по ваш избор
✓ Утрински и вечерни јога вежби за физичко и ментално здравје
✓ EFT (Emotional Freedom Technique) – Техника за емоционално ослободување
✓ Тимски активности
✓ Разбирање на тајните на умот
✓ Инстроспекција
✓ Медитација
✓ Техники за дишење
Место на одржување
Хотел Мерар, се наоѓа во приморското рибарско-туристичко село Ќерет (анг. Qerret, Kavaje). Ќерет се наоѓа на идеална локација на Јадранскиот брег, на 3 до 5 км од градот Каваја, на 25 километри од Драч, и на само 50 километри од Тирана. Туристичкиот дел од Ќерет е една од најпосакуваните и најпосетените туристички дестинации во Албанија.
Хотелот Мерар е лоциран директно на море и има приватна плажа со лежалки, чадори и пешкири за плажа кои што се обезбедени за гостите на хотелот, бесплатно. Сместувањето е во двокреветни и трокреветни соби.
Како се стигнува?
До Ќерет се стигнува со автомобил преку Косово, Фуш Круја и Драч од една страна. Се вози по конфорен автопат 350 км и се стига за 4,5 часа. Од друга страна може да се стигне и преку Струга, Елбасан, Рогожине но иако овој пат е покус за 40 километри, тој е понеповолен за возење, посебно на македонската страна ако се оди од Скопје.
Превозот не е вклучен во цената.
Цена
- 240 евра за 3 ноќевања со доручек и вечера со вклучена јога програма
- 480 евра за 7 ноќевања со доручек и вечера со вклучена јога програма
Постои можност за плаќање на рати
Резервирајте го вашето место до 15 Март со уплата од 100 евра. Останатите средства може да ги платите на две или повеќе рати, но најкасно во целост до 15 Мај
За резервација со уплата од минимум 100 евра до 15 Март цените се со попуст
- 220 евра за 3 ноќевања со доручек и вечера со вклучена јога програма
- 460 евра за 7 ноќевања со доручек и вечера со вклучена јога програма
Сигурно место се смета она за кое е платена резервација од минимум 100 евра.
Откажување и враќање на пари освен во исклучителни ситуации (отказ поради болест или сл.) се прави максимум до 1 Мај 2025
Придружете ни се и создадете спомени кои ќе ги носите во срцето засекогаш.
Ве очекуваме во Ќерет!
Контакт healthyyogaskopje@gmail.com или вибер 070234740
СЛИКИТЕ ОД МИНАТАТА ГОДИНА ОД ИСТИОТ ХОТЕЛ И МЕСТО ГИ ИМАТЕ ОВДЕ
Како и изминатите 20 јога активни одмори , и овој ќе го води Билјана Пешева: Aвтор, тренер, јога инструктор и wellness coach со повеќе од 30 години искуство во областа на менталното и емотивното здравје, личниот развој и холистичките практики. Национално квалификуван обучувач за возрасни, сертифициран тренер за меки вештини и терапевт во семејни констелации, Билјана ја комбинира својата експертиза во современи и древни техники за намалување на стресот, емоционално исцелување и постигнување животна хармонија.
Violeta
Biljana ti se poklonuvam na tvojata profesionalnost od sekoi aspect se raduvam na objavava jas sum za 7 noki komplet odmor smetaj deka veke imas siguren ucesnik pozdrav sekoe dobro