logo

Јога во Ќерет – Патување кое трансформира!

Долго време размислувам каков наслов да ставам на настанот кој го одржувам еднаш до два пати годишно, на море или планина и најчесто по линија на најмал отпор го нарекувам Јога Ретрит или Јога Одмор.

Иако знам дека сето она што се случува таму, е многу повеќе од тоа.

Мудреците од традицијата на јога често потсетуваат дека секој од нас е жител на два света. Секој до нас живее едновремено, велат тие, во еден внатрешен свет – кој е составен од мисли, емоции и осети, и надворешен свет – универзум во кој взаемно делуваме.

Нашиот успех како човечки битија зависи од способноста да живееме вешто во овие два света. За да го постигнеме тоа потребно е да пронајдеме методи или алатки кои ќе ни помогнат да развиеме самосвесност од една страна, и во исто време ќе ни покажат како да создаваме хармонија во нашите односи со надворешниот свет.

Можеме многу да научиме за животот од книги или од зборовите од другите луѓе, но дирекното искуство обезбедува знаење од поинаков и поважен вид. Јога ретритите е место каде што доаѓате до дирекно искуство и сознание за тоа, каков баланс постои помеѓу вашите двата света.

Оваа вистина длабоко ме допира, бидејќи колку и да сакаме да се повлечеме и поврземе со Бог, со космосот или своето спиритуално јас, толку повеќе е значајна нашата способност да се поврземе со други човечки битија, да живееме среќно и хармонично во интеракција со “надворешниот” свет,  да знаеме да комуницираме, простиме, прифатиме и постојано да се подобруваме и менуваме без разлика на тешкотиите со кој се соочуваме.

Моите јога активни одмори (ќе го користам овој збор, бидејќи ми е по сеопфатен)  се како огледало каде може секој еден од нас, да го преиспита надворешниот и внатрешниот живот кој го води и да усвои нови алатки и техники кои може да му помогнат да се хармонизира и зајакне како личност.  .

Комбинација на јога вежби наутро и навечер, медитации, мајндфулнес практики, повлекувањето во себе и добивање на длабок увид за себе и своето место во животот од една страна, и од  друга страна,  комуникацијата,отвореноста, поврзувањето, предизвиците, кои се прават преку богато смислена содржина, овозможува да секој еден од нас излезе од својата секојдневна рутина и стекне дирекно нови искуства.

Знаете, во срцето на јогата лежи пораката дека секое човечко битие по природа е урамнотежено и цело, и дека тоа урамнотежено внатрешно битие не може постојано да се уништува или повредува. Тоа е наша неразделна природа.  Јогата е метод за зголемување на свесноста на ова внатрешно битие. Преку примена на редовни јога практики ние посветуваме внимание на тоа бидејќи кога телото и умот се здрави и кога личните конфликти се решени, умот се ослободува за подлабока концентрација и размислување.

Ако овој метод го следите систематски, тоа станува од голема важност за вашите животи. Надворешно дозволува да постапувате во согласност со вашите потреби, намери, и вредности, а внатрешно учите како да го зајакнете телото, да се релаксирате, да го урамнотежите нервниот систем и да постигнете мир, фокус и баланс.

Јога практиките водат кон највисоката цел на животот а тоа е дирекно остварување на нашата вистинска природа, која во својата суштина е исполнета со радост и блаженство.

Токму тоа го искусија учесниците на 18тиот јога активен одмор кој се одржа од 23 до 26 Мај 2024 во Ќерет, Албанија, вистина, мир, радост и блаженство (SatChitAnanda).

Еве што кажаа учесниците:

“Прекрасно дружење, прекрасна енергија и употреба попрекрасни луге ❤️ Ти благодарам Биби за цела организација, навистина си величенствена😘 Навистина се радувам што запознав толку прекрасни луге ❤️ Поздрав до сите и се надевам дека  ќе се дружиме повторно ❤️“  Панде Поп Антоска

 

“Благодарност до сите ❤️🙏🏻 особено до @Yasemin Arsovska за тоа што сподели за тоа каде ќе оди 🤗 и до @Biljana Peseva за целата прекрасна организација. Јас после Казахстан, каде работев со 70 луѓе мислев ќе поминам потивко😂 но многу ми е мило што поминавме како што поминавме и што запознав многу прекрасни луѓе. 🥰 И со многу од вас остануваме во контакт. И еве официјално да кажам и да и се заблагодарам на @Olivera Gjorgjimajkoska UK ❤️🙏🏻 што иако играта не е во официјална продажба, Оливера ми се јави и ја купи за поклон. Ви праќам на сите убава енергија и до нови средби во овој наш живот ❤️” Анета Коробкина

 

“Големо браво за Биле за прекрасниот организиран ретрит, што ни ја наполни душата со позитивна енергија, очите со убавина, и срцето со среќа ❤️❤️❤️.  Запиши ме за следниот ретрит 😊”  Анета Трајковска

 

“Еве и јас да кажам уште еднаш, дека ова беше преубаво искуство за мене!! Многу ми е мило што запознав толку прекрасни луѓе!!  Ве гушкам сите!!!  И не заборавајте ако реновирате или градите и ви треба ламинатен под и собни врати барајте ме мене I Stilisimo Laminati 😀”  Јулијана Чапоарова Стојанова

 

“ И нај слободно можам да кажам дека ова беше НАЈДОБРИОТ РЕТРИТ ДО СЕГА!!! Таква енергија и такви луѓе на едно место ретко се случува 🙏🍀✨️♥️ Би благодарам на сите за Божествената енергија @Biljana Peseva  тебе посебно ти благодарам за цела организација и посветеност 🍀🙏✨️🤗😇  Ви благодарам на сите и за укажаното внимание и заинтересираноста и отвореноста кон Реики и Реконекција 🙏🍀✨️ “ Јасмина Арсовска

 

“Леле сите сте феноменални, прекрасни.. немам збор за да го објаснам тоа што го доживеав. Таков мир и опуштање и .. уште не сакам да се вратам во реалноста. Ви благодарам неизмерно, особено Биби.. едбај чекам нов ритрит… што побрзо 🤗🤗🤗🤗🤗 Ве гушкам сите”  Фимка Шопова Темова

 

“Благодарност до сите за убавата дружба, ликовите и енергијата ми се во главата, имињата малку потешко 🤣(дека беше краток престојот) што не е и најважно, имајте убави денови   исполнети со здравје и среќа, поздрав до сите 💖”  Љубинка Глигорова

 

“Јас искрено се воодушевив од ова ретрит посебно, бидејки сум била на повеќе и можам да споредам! Секоја цест и благодарност до Билјана, нејзината енергија но и вашата и енергија и присутност во активностите!Овој беше посебен навистина! Уште денес посакувам да одам повторно. И многу важно за мене денес станав многу порано! Полна сум со импресии! Ве сакам сите💖🍀До следната среќа! Биби побрзо да ни организираш нова средба! Ти благодарам од срце💖🙏” Сузана Љушева

 

“Ви благодарам на сите!!! Феноменално поминавме.Биби, ретритот е најдоброто нешто што може да се случи и сите тоа го кажавме и ќе го кажуваме. Ти благодарам најмногу на свет 🙏🙏🙏Ти си Божествена” Билјана Илиевска

 

“Ви благодарам од се срце, за сета позитивна енергија и неизмерна благодарност до @Biljana Peseva за супер организацијата. Од сите вас драги луѓе, има што да научам и тоа ќе ми бидете  мотивација за да работам на себе си. Заклучокот на сите кои бивме прв пат на ретрит, е дека дефинитивно нема да биде последен😀. До следното видување,  останете во мир и во позитивни вибрации “🙏🏻😊❤️ Тамара Витларова Смилевска

 

“Last but not least, Кога е веќе се кажано: прекрасном незаборвано, божествено . Живи и здрави под маестро палката на Биби чекаме нов повик сите ние 😘” Розалија Василевска

 

Еве што кажаа и за Билјана Пешева

“Билјана е прекрасна, топла личност, со огромни организациски способности и посветеност, грижа и внимание кон секој учесник на ретритот. И со толерантност кон оние што ” забушаваат”.”  Соња Манџук

“Биле е светлина која ја грее и допира секоја душа, истото се случува со тие што ги допрела, потоа тие се светлина за други души. Биле ја нашла својата животна мисија!”  Даниела Ристоска

 

Љубов и светлина

Билјана Пешева💖

За авторот: Билјана професионален обучувач за возрасни, јога инструктор и велнес коуч, основач на брендот Healthy Yoga & Healthy Life Skills. Редовно одржува семинари, ретрити, обуки и часови за намалување на стресот и напнатоста кај модерниот човек употребувајќи сеопфатен (холистички) пристап во работата со индивидуалците и организациите.

#biljanapeseva #healthyyoga #healthylifeskills #yogaretreat #yogaactivevacation #teamwork #teambuilding #beach #yogaonthebeach #qerret #stressrelief #stressfree #breath #yogaismylife #onlineyoga #yogainjune #morningrituals #everydayyoga #ipractisehealthyyogatoo #ијасвежбамјога #ијасвежбамхелтијога #HealthyME #Јога #ЈУНИ #Утрински #вежби #ONLINE

Layer 1